Ние почнавме денес со господ напред, неам појма, збунка сум малку. Матичната ми рече да почнам со зеленчук (морков, тиква, тиквица) и купив кашички тиква и морков за првиве денови. Прва кашичка во живот тиква на Хип смаза 4 мали лажички, да му дадев повеќе и тие ќе ги изедеше. Е сега знам дека првиов период е само еден вкус, по 3 дена. Прв ден 3-4лаж, втор 5-6, трет колку изеде така? После давам нов вкус 3-4 лажички...и така? Не ми е јасно на пример претходниот ден му бил трет ден и изел 50гр. тиква, а следниот ден му давам само 3-4 лажички морков за вкус, по морковот да му дадам пак тиква да си јаде? Или да имам 2 термина, еден за вкус, еден за веќе пробана кашичка? После колку време би требало цела кашичка да ја јаде? И после колку да се мешаат вкусеви?
Со лесно Јас само првите 10 намирници ги давав 3дена, сите останати два, некои од старт даваат по 2дена, твоја одлука. Првиот ден давав по 4-5лажички, вториот колку сака, а кога давав по 3дена вториот по 10тина лажички, многу, многу не го ограничував. Можеш да мешаш кога ќе воведеш повеќе намирници, барем +/- 10 нека се или кога ќе почнеш со доручек. За 2недели наутро за време на доручек даваш колку сака од тоа што е воведено, кога ќе јаде +100г се смета дека има доручек и кратиш млеко, а за време на ручек даваш нови намирници.
Тиква дадов прва зошто меѓу овошје и зеленчук ми е хаха. Ми рекоа подобро прво зеленчук, да сум можела малку побргу месо да воведам заради железото (на суплементи за железо сме иако сме добри сега) па рекоа тиква, морков, пашканат, тиквица, компир, брокула, па кога ќе почнел оброк да јаде (тоа се чудев кога и колку би требало фала @emkaemka ) да сум мешала со ориз/компир зеленчукот, а да воведувам мевце и овошје. Читам по темиве првин овошје, ние првин зеленчук. Не знам колку е нашево правилно. Затоа сум и у збунка малку.
Совет од педијатарот беше наизменично да воведувам, 2дена овошје, 2дена зеленчук. Одат со таа логика да не не сакаат зеленчук, бидејќи овошјето е повкусно и благо. Ама искуството покажало дека тоа ,,правило,, има големи отстапки. Ќе комбинираш оброци како и ти би јадела, секако со мали отатапки, ама воглавно ако на тебе ти е вкусно и ти чини и на нему. Јас без да пробам каша не ја нудам, особено зеленчуковата. Со водичка од телешко почни за 3недели од воведување, па потоа за 1недела дади месо. Просо, леќа, цвекло, кајсии, спанаќ.. се добри за хемоглобин. Освен кајсии кои ги дадов на 6+, другово дадов на 7+.
5+ дадов и двете. Правило нема. Мојот овошје на бутање оди. Не го љуби баш. Си сака мевце и зеленлук детето. И мене педијатарот ме соверуваше најизменично и демек подобро со компир да почнам(солено) за да сака благо. Јас почнав со јаболче мислам. Мрштење до немајкаде.
Малово ќе сркне неколку лажичиња и почнува да кака Сменив термин, порано, покасно... не и не. А отвори уста полни пелена.
Мајки по колку пати месо давате во една недела на 8 месечно бебе ? Ние за некој ден полниме 8м па ме интересира и до кога треба да ги блендирам оброците, бидејќи бебе има само 2 забчиња сеуште се плашам да дадам само испасирано
@danichap ако прочиташ наназад, ќе видиш дека истово го имам пишано. Кратко време траеше тоа, две-три недели.
Јас сепак ќе си почекам, така ме советуваа, логика бебе е многу бело а тие бебиња биле склони кон алергии.
Jas imam dadeno kompir, morkov, tikvica. Pa sega sakav tikva.. zeluncokot poveke mi go jade od ovosjeto