Јас таа брокула не ја ни понудив, да повратиш сместа има вкус, па и мирис џитнав теглето и свежа подготвив, ако не се лажам во старт му ја смешав со компир
Ја пробав јас не ми е лоша, ама изрод сум јас, секакви мешавини јадам. Ќе пратам мм на пазар по свежа сабајле, ќе видиме.
Денес, прв пат дадов малку патлиџан во ручекот (бебе, 10,5 месеци) и два часа потоа завршивме на ургентен со непрестано повраќање во млазови. Други симптоми никакви. Ми рекоа не е од храна наводно, ама јас се мислам дека е од тоа, па сакам да прашам да не требаше да го сварам претходно? Јас само го излупив и го додадов, не знам зошто не го обарив и него. Во секој случај не планирам да дадам пак во блиска иднина
Имам дадено и обарен и не обарен, бебе (на иста возраст колку твоето) си ручка без проблем. И јас мислам дека не повраќало од храната. После тоа повраќаше пак?
Не. Цел саат повраќаше без престан и толку. Црп мирно, крвна слика со малку покачени леукоцити и лимфоцити.
Јас сум дала и обарен и не домат. Мислам @Annath викаше алергиска реакција да се провери со тоа што со доматче ќе пројдеш околу устето. Бидејќи бил алерген, ако има реакција ќе јави црвенило. Ана, поправи ме ако грешно сум разбрала.
Јас добив совет од педијатарот кога ќе давам првпат домат, да го дадам обарен, па така и направив. Исто ми кажа др дека доколку има реакција, тоа би било црвенило околу устата, најчесто така се манифестирало. Не верувам дека од доматот е @Ambra20, можеби некој вирус. Нека поминува само
Таман си разбрала. А за ова погоре, може да е од доматот. Едноставно, некои деца така реагираат. Кај мене големиот како бебе со повраќање реагираше на спанаќот. Ќе го изеде ручекот и се ќе поврати. Само еднаш. Трипати пробав, трипати се случи истото, и не давав спанаќ до полни три години. Нема веќе проблем со него, ама не го сака воопшто.
Сепак изгледа не е патлиџанот. Стомачен вирус. Во секој случај фала на советите ќе ги имам предвид кога ќе воведувам други алергени продукти.
Макаронкиве ги бива или Миско од малите да земам? Штом е воведен глутен може да ручка макарони, така? И овие кашички ги давате ли? Пишува за над 1 година ама не ми е јасно зошто .
Трет ден брокула едвај 40 грама среќа и толку, со малку АД измешано јадеше, малце фацки правење, плукање, ама има разлика првиот ден од чиста му се гадеше живот. Утре морков или јаболко..ќе видам на еци пеци..
Јас од овие макарони и давам на дунде моја. Колку-толку био пишува на нив Кај го најде ова со лубенче? Дунде мое го прифати изгледа аптамил. Е сега со лажиче како баткото на @eli25 ама боље така, него никако. Значи не го сака Хип Чим мајка ми не се буни така да и го дава, така нека го јаде.
@kukla21 ДМ во кисела вода. Не најдов ништо спорно во составот па ги купив. Можеби како ужинка ги сметаат па затоа за над година, што знам. Ориз каков давате? Некако за ручек не ми иде тој од кутија на Хип. Давав обичен ама читав демек не бил добар за бебе. Во ДМ овој го видов.
Мајки, црвената леќа како ја приготвувате? Јас решив утре првпат да му дадам на бебе. И риба која се дава за почеток (ние сме 10 месеци)? И како приготвена, варена, печена? и која црвена леќа ја купувате. Јас земав на сончева долина, ама сега гледам дека произведно во Канада, а смао пакува сончева долина .
Био давам црвена леќа, купена е од маркет. Направи манџичка со леќата, кромид, морков, магданос, тиквица, маслиново, на крај додади двопек и ете ручек. Ако не ја сака само неа додавај во супа, манџичките, јас така правам, чиста не сака да ја смисли. Со пастрмка планирам да почнам, другата недела ќе давам, ќе ја печам со малку лукче, магданос и маслиново
За вкус на црвената леќа можеш и домат да додадеш. Повкусно е. @Minnie-e јас давам обичен ориз , ми нарачува свекрва ми од Кочани . Вреќа од 4кг со декларација е. Не сум барала био ориз. Хипп не го сака.