Јас ги купив во тинекс зебра. Незнам дали ги има во другите. Јас не сум ги видела, барем не во оној во аеродром. @Marmarin мирисаа ли малку на ферментирано твоите?
Какао од кога и какво? Исто и за маџун ме интересира од кога? @emkaemka Осум месеци сме па ќе почнеме со јајце (жолчка) а и со млечни производи оти само кисело млеко имам дадено. Значи на ред е сирне и урда! Каква урда и со што комбинирате! Сирне несолено има или треба да го одсолувам јас?!?! Во вода се става или како? Е да и ова сакав да прашам. Палентата со вода направена не ми ја сака. Можам ли веќе со кравјо млеко да и ја спремам? Или да не се прам паметна.
За какао се сеќавам дека е над годинка, маџун од 9 месеци. Сирење и урда обавезно несолени, сирењето одсоли го во вода. Јас не би палента со кравјо, ако не ѝ се свиѓа па не мора сѐ по секоја цена. Ќе пробаш пак палента после неколку месеци да дадеш, може ќе ѝ се смени вкусот до тогаш
Какао 9+ Маџун 8+ Сирењето стави во ладна вода и во фрижидер, нека седи цела ноќ, па давај. Урда тука кажаа таа на Здравје Радово е со многу малку сол, па таа ја даваат. Си вовела кравјо?? Ако да слободно давај палента со кисело млеко, урда, сирење, моцарела.
Здравје Радово е полна со палмина маст. Во моментов најдобра е една во Кам на Хомоље, во тиркизно плаво кутивче како од кисело млеко. Башка е од сирутка, не е од млеко.
@emkaemka Значи за какаото да почекам до 9 месеци. А се токмев кашата со какао ноќната на Хип да ја пробаме. Ама ок, ќе почека. Сега со млечни производи ќе се занимаваме. За сирењето разбрав ( уште да кажете кое е најдобро) , за урдата се сложувам со @AngelOfArh дека од Здравје Радово ( воопшто сите нивни производи) не се баш со добар квалитет. Маџун домашен имам... па ќе го пробаме деновиве. Инаку кравјо млеко немам воведено, ама мислев во палентата дали би било проблем ако ставам. Ама арно вели @Kitten не мора да сака палента. Ќе пробам понатака пак. @kukla21 слабо струмичкиот ! По грешка сум пишала на струмички, ќе се потрудам да не ве бунам др.пат @duffi фала за преводот! Еднаш и за чурек ме имаш преведувано, памнам јас!
Само јас ли не давам какао, маџун, цимет? додуша какао од време на време од ноќните на хип. Од риба имаме пробано пастрмка ама со страв ја чистев од ситни коски и лосос, каква давате? 11+ сме
Јас маџун само сум дала, добар е за имунитет и ставам чат пат во овошни каши. Какаото го заборавив... но и него ке го дадам, добро е за железото. Циметот нз за што е добар, ама јас органски неможам да го поднесам. За риба и мене повеќе ме интересира, сакам да воведам и јас, 10ипол е малава.
Какао е јак алерген, јас сум била алергична до 4то одделение, од малку чоколатце што ми дале на 8 месеци. не брзајте, докторите не се нутриционисти.