Под воведено кравјо се мисли баш на млеко? Јас дадов кисело млеко, вечер планирам јогурт па останатото. Млеко нема да давам иако малку ме бунат млечните каши, заради млекото. Смеам ли да давам од ноќните дека нели со млеко се. А и ти инстант што се (од тие имам давано). Иначе прееска се измачив со Нестле 8 житарки, никако не можев убаво да ја растворам како другите. Проблем беше што ја правев со вода или таква е?
Јас давам кисело млеко Суташ, Алпско или некогаш Битолско. И Алпско за во гриз. Толку од млечни производи. Ни урда, павлаки, намази и слично Јас посебно воведував, благо воведував може една недела од страв. Ставав Алпско во овошни каши, му давав на лажичка да сркне. Кисело три дена по неколку лажички претпладне (до сила колку да проба иначе се гадеше). Ноќните на хипп ги давав за проба претпладне пред да воведам вечера
Да, на кисело, јогурт, урда мислам.. Од ноќните смееш, тие се со адаптирано, е сега на база на кравјо се ама смееш. 8житарки не сум мешала, но 5 да и фино искочи, прочитај го добро соодносот, можеби фали и повеќе вода и тивок оган. Со вода мешам се јас. @snegulkata а оти не дадеш прво млечни па жолчка? Млечните одма се воведуваат, нема некоја шема, па ќе имаш и плус избор за оброци, жолчка 1м ќе воведуваш..
Какао давам и јас од 9+. Може и крај на 8ми беше. Ми кажа педијатар дека може и си дадов бебе не го сака многу И маџун сум дала. Т.е. дадов грозјњ и логички ми беше да може и маџун. Бебе го сака @snegulkata помислив на сирење, ама 2 пати исто беше пишано и викам нешто друго е ова. А мое бебе не пробало
Никогаш не успеав Нестле убаво да ги направам, те потопла вода, те поладна, те прво житарки па вода, те вода па житарки, те со виљушка мешав гмечев, нз што се толку комплицирани. Холи инстант кашите најубаво ми се раствораат.
Мислам дека поради "некои табели" и правила првен бела риба се дава и воведува после годинка црвена и останати ..
И јас така знам, слатководна до годината, после година и морска каква сакате. Најубаво од рибарница свежа да се зима за бебе, да не е замрзната.
Тебе мора да те преобразиме Изумив прееска да ти пишам Ние "по ниво" се даваме веќе порано. Какви 12+ за какао Мое дунде освен црвени овошки се јаде веќе
и моето беше малку такво, и го сечев само белиот дел. среќа малце беше. Првиот ден пола дадов авокадо, утре дента другава половина па цела ваква станала и у канта Јас воведов месо Со оваа почнав, ептен бендисана тоа беа радости Јас не планирав да дадам ама мојава докторка да му дадеш па да му дадеш веќе месо телешко.Ми потенцира Бејби биф да не зимам, полни се хормони, Шо месо давате? Детево преку 9кг Ми кажа докторкава да сум му заменела едно АД со јогурт, оти Ад највеќе гоел и тоа домашен да сум си правела Е многу знам ја кисело млеко и јогурт да правам ... МУ дадов идеал шипка вечерта (ад само вечер јаде) не му се пие баш чудно му е земав со лажичка и така јаде нема гајле, од шише јок. Така да отпаѓа јогуртот, се расонува. Не можам со лажица у 2 да хранам, буден да седи. Ќе заменам со Хип сок. Шо знам... Тоа пие ептен.
Имам фора за читање и собирање информации до декември Јас пак ќе се водам горе-доле по тоа што го знам, но дефинитивно ќе бидам поопуштена да воведам нешто порано.
Море ама се тресев за синко, се по табела.. Здрава храна, здрави деца Па 200 проблеми со него. За малава не се притресувам толку...
Леле ќе излезам од таа глупава група и паметни мајки да ми тријат сол на глава. Докторите не знаат ама тие знаат. Торта му направила од лубеница на дете за третиот роденден (значи само пресечена лубеница и свеќичка). Па останатите мајки с*ршуваат на тоа "ремек дело" Абе ајде, претеризам ... Извинете на речников мајки ама стварно се изнервирав