Mi pisala sega deka pedijatarot i rekol pecena jabolka na 4 mes da dade. I give up! Odgovoriv samo super, ke ti dade i tabela valjda pa po nejze vodi se. Nema prostor za diskusija tuka. Da ne ve zamaram i vas, fala vi mnogu!
Барем уште пола месец нека почека, да биде 4.5 реална, 3 месеца корегирана, не е убаво за цревцата. Да пиеше мојов млеко како треба ќе почекав уште 1 месец со воведување. Сега се надевам дека ќе пројаде оброче. Денес ќе пробаме да видам колку ќе изеде. Ама на очно бевме пореметен е.
Хахахха е се пресмеив Направиле профили само за да ја фалат Виталиа и тоа во бебешки теми. Давајте си ако си давате но не убедувајте и други дека се супер нивните (вашите) производи. Не давам ни јас ништо на виталиа
А возможно ли е од маџун да се створи запек кај бебката? Деновиве тешко кака, единствено ново ни е маџунот. Инаку домашен давам!
Мајки, ве читам давате меџун. Зошто? Препорачуваат педијатрите? Од кога се препорачува? Почнувам и јас со вкусови, па ќе треба и ова да го знам. Инаку, маџунот мене ми е многу вкусен и го користам повремено со палачинки. Но, од моето познавање, во него нема скоро ништо корисно. Шеќерите од грозјето (глукоза и фруктоза) се карамелизирани (некогаш и повеќе од што треба, да не речам јагленисани, и затоа некој маџун мириса на загорено). Антиоксидантите се распаѓаат на висока температура на која се вари маџунот (обично се стабилни до 40-тина C). Зошто би се давал маџун? Можеби има некои други состојки кои се корисни?
Па да се направи како да е потурено шеќер во медот и ќе се стегне, со лажица едвај или и нема да можеш да извадиш Добар е за имунитет и како засладувач на кашите. Волку знам и ми кажа матичната, тие шеќери биле корисни за организмот и да давам ради имунитет. Јас претходно никогаш не сум пробала/јадела маџун, мед ми е број еден за таа намена, ама бебе ќе си почека за мед
Сум слушнала и јас дека е демек за имунитет, само не ми е јасно кои компоненти издржуваат вриење на гроздовиот сок толку долго време и да бидат потоа активни во организмот? Кои се тие што појачуваат имунитет? Ќе ја прашам и јас докторката.
Ова не е за на бебешки форум, ама еднаш купив чиа од виталија што шета. Да, да, црни мали топчиња мрдаа внатре. Не приметив од почетокот, дури и почнав да јадам. Кога видов ми се згади ептен. Сега веќе на се што ќе купам, од било каде, проверувам да не има шетачки чии.
@Leo_29 Хахаха шетачки чии. И јас имам еднаш така налетано. Таман екстра протеини. Да се пофалам денес за прв пат изеде џивџи цела кашичка тиква со компири и додадено лажичка маслиново. Ама тикве благичко, ќе видиме утре оривче со брокулче што ќе праи. Има во Џамбо од тие гумените лигавчиња? Љом праиме наоколу. Хахаха...
Имаш Џамбо лигавки. Лажичка маслиново да не е многу на 100г каша?? Јас лажичка ставам на 300-400г каша.
@Mimmi39 еве прочитај за маџунот . За гроздовиот слад се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали (калиум, натриум, калциум, фосфор, железо), витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д), енергетски супстанци, танини, флавоноиди, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини. Токму поради тоа, маџунот претставува вистинска ризница на хранливи состојки, кој ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје. Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај деца, рековалесценти, постари лица и спортисти. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, запек, анемија, болести на кардиоваскуларниот систем, а посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб заради прележана жолтица, алкохолизам, цироза и прекумерна употреба на лекови. Заради антиоксидаивните својства делува и антиканцерогено.
Немам појма колку е на око 3г зејтин Стави малку, некоја капка, јас на почеток буквално капнував по 3-4ри капки.