може да спржниш само жолчка , отстоено во фрижидер поубаво се деле , можиш и со урда да а сматиш некогаш за повкусно , макар и само жолчката да си е , или па некој зеленчук да сецниш/изрендаш ..
Така го замислив, кајгана со зеленчук Па сега кога пишав и пржено (читај печено) лепче со жолчка ми текна Пс. Го кршам јајцето и го "цедам" во фрижидер?
Само гриз со банана и мед и гриз со вишна јаде за појадок, друго не сака или само ќе проба неколку лажички и толку. Најчесто и давам некој намаз, павлака или кашкавал со домат и леб, јајце со сирење и домат или маслинки, пржено лепче со јајце. Во главно млечните работи преовладуваат и за доручек. Среќа во градинка оде па јаде таму инаку немам веќе акл што да и давам насабајле, се едно исто вртам.
За доручек можете и тестенини со сиренце. @kukla21 јајцето извадено од фрижидер и веднаш да го скршиш и одвоиш белка од жолчка за да пржиш. На јајцето можеш да му додадеш патлиџанче, лукче, магдонос... Твојата веќе јаде неблендирано?
Време е да воведам повеќе млечни продукти, немаме веќе опции за појадок. До сега житарици со овошје јадеше ама одбива понекогаш па малку да му сменам. Урда, сирење, намаз евентуално (абц џуниор од колку може?) какви јадете?
Не заборавај на јогурт и кисело млеко. Кремсирење може од 9-10 месеци, Абц е супер по состав, нема сол. Кашкавал малце подоцна.
Кисело млекце јаде, јогурт уште не сум дала... јас не сакам јогурт и си мислам и него ќе му е гаден, себична мајка . Годинка сме скоро а леб не сум давала, како да дадам намаз
Ако давате млечна каша (со јогурт, к.млеко, ад и слично) за доручек, што давате за вечера? Нели вечерата треба да е млечна каша? Јас наутро давам житарка со овошје, а навечер млечна каша, а гледам некои мами даваат млечни за појадок
Моево пошто нејќе ад, гледам преку ден да е застапено млечното. Ама веќе има и две ужинки овошни претежно, инаку до "вчера" и јас правев ко тебе.
Јаде блендирано, ама ако и давам парченца си јаде. Па ваљда вака би се убрзал процесот.. оф леле Е тоа ме мачи и мене. Бебе не сака овошје каша и?
@kukla21 можеш кисело млеко со некое овошје ако ти јаде како овошен јогурт(повеќе на к. Млеко да е) , палента и кисело млеко, лепче со павлака, ориз со цимет или какао како сутлијаш, млеко со бисквити. Обично ова за вечера давам ама може и како појадок
како си сака така , нека си јаде не му се секирај , не е крај на свет ,уште поубаво за тебе , да ги уче така вкусови Чисти да свикнува да јаде се ,после да не се мршти , оти се му маскираме мешаме , па коа ќе почни сама да си грицка уште поубаво ќе и даваш овошје нон стоп , за појадок има еден куп идеи макар и др оброк , битно они да си ручкаат ..
Мајки како и од кога приготвувате овесни снегулки за вашите бебиња? Јас мислев како за мене само потопени во јогурт. Но гледам по нет ги блендират и ги варат во вода. Инаку сме 10+
Потопени во млака вода околу 10-15 мин за да омекнат убаво потоа додаваш и друго овошје и блендираш или пасираш зависи како јаде бебуш. Јас ги дадов на 8+ ама мислам може и порано.
@duffi видов боранија си дала. Како реагираше бебе, прифати нормално? Јас уште немам дадено, на мисла сум деновиве, ама некако страв ми е. Не дека сите бебиња се исти, ама ме интересираше дали примети гасови повеќе и сл.
Варени многу убаво омекнуваат. Можеш и прво да ги сомелеш па да ги потопиш во течност (вода, сок, ад млеко) побрзо ќе омекнат. Или прво потопи па после блендирај со овошјето заедно. Изборот е твој
Јас блендирам така поголема количина во тегличе го чувам...ставам во тањирче потопувам со јогурт и бебе јаде.Полесно ми е за подготвување вака... Пријателка ми кажа ги варела за нејзе не стануваше збор за бебе вика подобро се варат не правеле гасови подуеност..но бебе нема проблем па затоа не ги варам ги давам вака... Од 8+ дадов