Нормално, немаше никакви проблеми. Пробај прво со помала количина. Уште грав немам дадено. Мојот немаше грчеви и како бебе. Ако нешто значи. Па се осмелив да дадам.
И мојата немаше грчеви воопшто @duffi па се надевам дека ќе нема ни од боранијава. Др вика давај слободно, ама све одложувам А леќа даде и каква? Црвена?
Јас денес прв пат грашок дадов, од купена каша на Хип, мн ми е страв од гасови, како бебе многу имаше, сега ќе видиме. Ако помине добро ќе пробам утре боранија.
Дај и. Штом од друго сте немале проблем нема ни од неа, претпоставувам. Црвена од Биокосмос дадов. Викат поздрава варијанта и полесна била црвената. А и брзо се вари. Да знаеш се разводнува ама после се згуснува кога се лади. Ја дадов со морков, кромид и црвен домат. Како манџичка. Само густо нели. Дај и на куклата, нека проба.
Мојава страшни грчеви имаше од боранија, се утепа од плачење и испуштање гасови, се препотуваше од мака на мешето А имам домашна, ми стои замрзната и страв ми е пак да и дадам а и она без грчеви помина...
@mariz знам дека нема правила, затоа и одложувам Ама ќе мора да проба порано или подоцна. Сеуште собирам храброст
Јас многу заостанувам со намирници, како бебе многу имаше грчеви, а и од храна еднаш приметив па намалив. И сега некој ноќи немирно спие си викам да не е од храна некоја, ама ете неможам да проценам од што. Утре жолчка ке дадам прв пат осмина, после колку дена да дадам леќа црвена? ке почнам со неколку зрна. И црвен домат мислам додека сум во мк да дадам домашен во Германија све безвкусни се.
И мојава е иста, овошни каши насабајле ептен на гурање. Единствено знае убаво без проблем да ги изеде на хип овошните со житарки, особено онаа со кајсија што е, ама и тие се 2/3 и не бива само нив да ги вртам. Домашно што и да и направам се со сила јаде ама не цело, обавезно останува. И јас пробав вишни со кисело млеко пред некое време, не сакаше никако. А вчера имав хип праска со круша, додадов 2/3 лажички хип житарки и околу третина чашка јогуртче на бучен козјак. Излезе околу 230гр.и за чудо ептен слатко си ја лапна целата, без да се буни. Пробај ја комбинацијава може ќе запали и кај дунде твое. П.с. за омлет ѕирни на бебе готвач, мислам имаше рецепт за омлет само со жолчка.
Јас дадов ноќна хип прво со какао, а скоро и ставив и во кашички, мојава за некој ден прави 11 месеци. Инаку мојава низок хемоглобин имаше од раѓање, ми препорача матичната пред месец ипол да давам Малтофер, почнав тогаш неколку дена и сама ги прекинав Малтофер капките, појачав исхрана со аронија, семе од коприва, жолчка, мевце, маџун, просо, цвекло и вчера крвната слика супер и беше, ептен се израдував А пред да ја боцнат и кажав на матичната дека не и давам капки и ме искара...
Сакав да прашам, голем грев ли е да дадам и месо и жолчка во ист ден? На пр.жолчка во палентата за доручек, а мевце за ручек. И зошто, всушност, не треба да се дава во ист ден?
Помош женски. Каде грешам со оризот Холе? На почеток е супер, а по 15 минути водлеста ми станува кашата. Правам пола оброк со адаптирано (као екстра калории, ако цел е по упатство 170мл со 18гр, јас 80мл со 9гр), па додавам зеленчук/овошје. Да не треба плус ориз да ставам заради што додавам? Или да не правам со адаптирано? SciFi ми е ова хахаха, а демек магистер сум, образован човек хахаха.
@DuchessAnn проста математика ако е водно додај уште ориз, никогаш не гледав нивните мерки што пишува. А и искрено овој ориз мн малку го користевме. Земи си од зегин обичен ,ќе се свариш па ќе си блендираш после
И јас тоа дојдов да прашам. Дали можам да дадам кога веќе воведов млечни производи или покасно. Составот му го немам ѕирнато. А колко АБЦ имам изедено, срамота.