Абц јас дадов на 11 + ,може и порано ,има малце сол ама па нема цело да го давате . Јуниор имало повеќе калциум .
Ај викав за почеток да правам брзи комбинации, мали количини, по еден оброк на ден, 100тина грама јаде. Може на изладена каша да се додава? Нека се потроши, па обичен ќе варам.
Мајки што правите кога малите го одбиваат скроз ад млекото? Веќе некој период ич не го сака, еве сабајле од 150мл направени, испи дури 30,40мл. А последно млеко пие вечер во 10, и тогаш едвај 50,60мл и ми го бутка шишето и плука, па заспива со толку испиено и навечер се буди, плаче. Дали гладна, дали заби незнам веќе.. Млечна каша јаде за вечера, има млечно некогаш и во доручекот, но пак си викам да не не е доволно... и плус што да правам кога одбива млеко за оброк, да и дадам нешто друго? така мн јадење да не и дојде Три оброци, доручек, ручек, вечера се си крка без проблем... а млеко и давам само сабајле и навечер.. Инаку е скоро 11 месеци.
@mariz а јогурт сака? Претпоставувам јаде и други млечни производи, па давај од нив. Кисело млекце , јогурт за вечера или чаша јогурт пред легнување. Ако не сака не сака ништо страшно. Голема е веќе. Не сите деца сакаат млеко. Мислев АБЦ порано може.
Не сака ни к.млеко ни јогурт, ако ги измаскирам со друго ке ги изеде, а да пие јогурт шанса нема, голтка и се трга и после не помислува да повлече пак исто и к.млеко, чисто никако. Двопек и јогурт за вечера и давам некогаш, тоа со мрштење но поминува, ке изеде полека се. Во вечерата можам да и убацам уствари било што млечно, но мене ми е за после вечерата... доста ли и е 50,60мл млеко пред спиење (а спие до кај 8 )
Пишав, се буди и тоа по 3,4 пати станува, прета и плаче, а тек сега да и давам млеко навечер да ја учам, ич не ми иде.. и нз што да правам. Да и дадам обратно, млеко, па вечера... 50,60 колку испие накај 18ч, па вечерата во 21, и после на спиење? Бива така?
Мариз, пробај со лажичка јогурт И мојот не пие а со лажица крка. И кисело млеко со лажица крка чисто, му се заарни На почеток чудно му беше се мрштеше, ја упорно давав и после 3 пати му се заарни ептен АбЦ крем сир вчера воведов, и свеж од лажица и у манџа , слатко ептен му дојде, млекарче е. Жочка кога се уведува? И како се почнува? Колку време 1/8 па 1/4 по колку како што? Планирам од понеделник, таман да пројде една недела од вакцина А исто и урда сакам , каде да најдам несолена убава?
Ахх.. нз. Заспива некогаш и накај 10, па еден саат ке се свари малку што знам. Бар да поминеме овој период така, мислам ја мачат доле кецови и затоа не сака да пие млеко.. да избијат може ке почне да пие пак @ludoto19 ај вечер прво така ке пробам...
Здравје Радово викат најмалку сол дека има. Јас таква планирам да дадам. @mariz пробај секако, нуди почесто помалку. Јас давам и навечер додека спие едно шише. Би давала уште кога знам дека дента нема пиено. А и во сон одбива?
Одбива и во сон, пробав и така... Така ја љутам, со затворени очи пишти. А ноќеска па голема е да и давам, да не и текне тек сега да се научи и да станува на секое за млеко... Ке видиме ке тераме некако, битно крвта океј беше, малку ми изгледа како истенчена да е, потопче беше, ама ке се извишува тек сега
Мислам не на ладна ,нема да се размеша убаво . Кога ја правиш прво стај од оризот па додавај постепено млекото и водата додека не добиеш таман густина . За почеток да ,попрактично е . За блага варијанта ориз препорачувам нестле синлак . Ориз со рогач ,тоа ни беше хит
Абе јас тој никогаш не го правам по мерка. Ко чоколино треба да ти излезе. Ама па ако е водлесто овошјето погуст прај го.
Проблемот е што прво е густ и после некое време се разводенува. Ние немаме проблем сега оти Неда го обожава и го јаде за 2 мин ама кога почнувавме мака мачев со тоа. @DuchessAnn што да ти кажам, прави го со банана така не се разводенува. Ние воведовме дуња и леќа. Од дуњата жар се направи на дундето, леќата ок помина. Јас како чорба ја направив со морков, брокула и карфиол. Неда не сака к.млеко, јогурт, павлака, ако измешам каша со нив осеќа и не отвара уста. Не знам што да правам.
Педијатарот ми кажа дека не е добро месо и жолчка во ист ден поради преоптовареност на црниот џигер и поради холестерол,а доколку има анемија може во ист ден повеќе работи што содржат железо за побрза апсорпција.