Не знам каде да го поставам прашањето, имам мака со бебе. Со вкусови почнав од 5 и пол месеци и еве 9м има Бебе ама уште не ми јаде. По две до шест лажички знае да проба и толку. Два "оброка" давам. Пробав трет ама само си фрлам храна. Менувам до време да не е....ама не....пробува и толку, а не сакам во никој случај да го присилувам. Едно време доручекот знаеше по 60-90 грама да изеде и многу се радував, ама последнава недела пак не сака. Дали некоја мајка има слично искуство. Во ред ли е толку малку што јаде? Инаку цица колку сака кога сака.
Мојава со маки пројаде по 2 месеци.. а внуками никогаш не пројаде каши..тек после кога почна да јаде залчина каснуваше малку.
Мајки малава по 3,4,5 пати ми кака во ден, е сега почна чудно да ми кака, како ситно ситно суво нешто исполепено, неможам да ја домијам дури, а газето жар и се прави... можно е да е ова од семето од коприва?? Дали поради ваква реакција треба да го тргнам? Не и давам секој ден... :/
15 месеци сме и уште кака така. Еднаш ќе се искака убаво, а другите 4 пати баш ти како што опиша. Не можам да откријам од што е така
Ке го тргнам баш семето да видам дали пак ке кака така... многу чудни гомца, суви како мислиш и стоеле во газето два дена ама и плус такви разронети, испозалепени.. Може и случајно со семето е, ама ке видиме.. дека баш како семето да е во каките ми личеше
4 месеци и уште борба водиме Ручек си м'цка без проблем. Се друго е предизвик а кг става ко новороденче
Почнавте со цртани или друга занимација или си остана на ставот од почеток? Мене ми прави збунки. Најчесто мора цртани и си јаде. Па почнува да се тегне, да кенка и мењаме цртан па се внесува пак и продолжува да јаде. Некогаш нема потреба а некогаш по сто пати така. Мене ми е стварно збунка дали не му се јаде а јас со сила му буткам или можеби уште би јадел ако му сменев пак цртан. Порано и ми ја тегнеше лажицата, сакаше он да ја става во уста... сега само да е анимиран. Воопшто не е заинтересиран за сам. Му дадов еднаш брокула во раце, само ја изгмечи убаво. Еве два дена му давам смока, а он се мршти кога ќе му ја доближам до уста Пробав да му покажам, јас јадев па му подавав на него, па каснав од неговата што ја држеше... и се што научи беше да му дава на кучето да јаде.
Добро е, јас некако сум опкружена со бебе јадачи и се нервирав. И мојов е буцко. Млекце си пие кога ќе посака.
Сака да е "ангажирана" дур јаде. Обавезно нешто да мота низ раце. Кога ќе и дадам нешто, ако ја заинтересира и го фати, ќе јаде дур има интерес во тоа што го држи. Битно да го фати понуденото. Инаку џабе. Со цртани сум пробала, ништо поразлично не е. Ручекот си го јаде без никаков ангажман. Значи не е до активноста, до вкусот.
Најверојатно кога прави така не е гладен или не му е погоден вкусот. Моево ако е гладно и во количка во возење се врти да јаде пример. Значи без цртани. А ако не е сто цртани менувам, ќе лапне 2,3 лаж па на друг цртан уште 2,3 и на крај ќе затвори уста па го оставам. Штом нејќе нејќе. Посѓам од себе. Не секогаш имаш апетит нели
Не е од семето. И мојава така кака можи месец а семе 3 дена како давам. И јас неможам да откријам од што.
Ако ставам во кашичка прв ден 1 ливче, 2 ден 2 ливчиња спањаќ, 3 ден 3 ливчиња или на пр. 1 кругче пашканат/кромид, 2 ден 2, 3 ден три ..се смета за воведено или треба поголема количина?
Да дада, пие вода многу, млеко така така, ама вода обожава.. но кака едно 3,4 па некогаш и 5 пати, и 1,2 каки се такви, не сите..
Нека пие и повеќе ако сака. Мене таква улепена столица ми личи кога даваш за јадење нешто што влече повеќе вода. Може и грешка сум, ама од семето не би требало да е така. Кај моиве таква столица имало кога почесто какале, а помалку внесувале течности.
Мами ние сме 8+ и треба да воведуваме јогурт и кисело млеко и житарки со глутен. Ме интересира кој јогурт и кисело млеко го давате? И која количина,како го комбинирате со зеленчукот? И како го воведовте глутенот по колку дена давате една житарка,дали се прави пауза измеѓу колку патуможе да се дава неделно? Фала ви
Глутенот го воведов без некое посебно внимавање, што не значи дека така треба, ама ете искрено си кажувам дека не пазев а имавме среќа да си немаме проблем со тоа. Млечните ги воведов комбинирајќи со житарици, поточно со ориз и со овес. Кисело млеко на 7 месеци, а јогурт и сирење на 8 месеци. Киселото млеко го јаде често за вечера со овесни снегулки, го обожава и со спанаќ и ориз. Најпрвин давав насабјле по неколку лажички, откако увидов дека не ни прави проблем и го сметав за веќе воведена намирница почнав да и го давам за вечера. Давам Алпско кисело млеко! Сирењето го одсолувам во вода цела ноќ (ова од овде ми е совет, мислам Емка така ми кажа) па другит ден и давам. Сум пробала со палента и го нејќе многу, поточно ич го нејќе оти нејќе палента, а вака во мали згмечени парченца го лапка. Јогурт давам Баланс, некогаш пие по некоја голтка од чаша а некогаш си го користиме за вечера со житарици. Сепак од млечни прозиводи омилено ни е киселото млекце!