Најди на фб Нутри бебе. Или оваа Здрава храна здрави деца. ( таму се претерува малку) Колку насока да добиеш.
Неколку дена со ред читам на Нутри бебе рецепти со калинка и вика чистиш 1/2 и ставаш во блендер. А семките Јас ги голтам кога јадам, ама тврди се, не се некои меки да се сомелаат, шу знам Да пикнам во блендер да пробам, ама ако го расипам @kukla21 @duffi Читате и вие?
Јас во нутри булет за мене имам правено смути со калинка. Ќе блендираш подолго, мислам убаво ќе се сомелат, барем така ми останало во глава, од лани не сум ставила калинка во смути. Јас имам нутри булет RX доста појак е од стандардниот, можеби и тоа игра улога, ама како и да е, и да остане некоја семка ептен ситно сомелена би била и неверувам дека ќе има проблем за бебе...или само така си мислам
Ги читам рецептите и на @duffi прво ми текна ко ги видов Мислам не се до толку тврди да го расипе блендерот, нели и јатки може да се мелат, а семкиве не ми личат на потврди од нив. Јас не знам што вкус би имало таква калинка и не пробувам.
Се блендира калинката без проблем . Ама многу горчи ,многу . Јас на внучка и цедам сок од калинки и лимон . Го варам и стерилизирам во тегли,шишенца . И компотот не е лош , од зрнцата на калинка . Ама исто и компотот горчи кога го пиеш зимно време . Со медче брка работа
Јас во соковник имам цедено, за ладно цедење на Тефал, не горчело... тој одма ги трга семките и ги фрла надвор.
@emkaemka јас ја цедам калинката како лимон и портокал на таков "соковник". Во сокот потопувам овесни снегулки и после заедно блендирам со друго овошје . Само пола од сокот си го пијам јас , мислам дека е мн јако за нив толку многу
Така и бидна веќе ручкаше бебе. Пола калинка исцедив, пикнав во каша од просо, дуња, банана, бебе ја бендиса, се изнаручка
Мајки купив кус кус од Зегин. Е сега до сега сум прочитала тука и на друг кус кус дека само со врела вода се потура и да стои 15мин, а на овој има вакво упатство. Само 2мин и после да се вари 1мин Вака да го приготвувам или сепак 15мин со врела?
Моево само таа душогупчани ја сака Откако ми ја кажавте редовно на мени е. И репете има @kukla21 почекај за цело јајце па ќе кркате од оваа
На здравје нека му е. Дефинитивно друга не сум начекала која е како домашна. Другите се како да јадам шпагети само во форма на ориз. Оваа на душогупчани и на вкус е поинаква.