Според Готвач за бебе, на 5месеци бебето треба да има 5 подои/шишиња и 2 цврсти оброци. Дали се водевте според ова? Колку мл треба да се тие 2 оброка? Овде пишува неколку лажички, а се спомнува и супа од месо..
Јас во почетокот заменив едено месо со рипче. Сега веќе скоро секој ден има месо или риба. Нешто со јајцето стагнирав во оброци, ама па давам тестенини со јајце, кифлички и сл.
Дали може да давам кисело млеко и жолчка? Сака да јаде кисело млеко и лепче, па сакам и жолчка внатре да ставам. Или не оди млечен производ со јајце?
Педијатарот ми рече 1 неделно риба, 2 јајце , останатите денови телешко а може еднаш и пилешко/мисиркино/зајче било кое од овие @Ano ама ако даваш цело јајце не даваш месо тој ден така? Мене така ми рече
Потполно ист совет добив и од Драгана @Minnie-e 1ден риба 2дена жолчка, тука може и супа од зајче, петле. 3дена телешко 1ден зајче, пиле, мисирка. Кога даваш жолчка практикувај да ја даваш со намирници од растително потекло бидејќи подобро се апсорбираат хранливите материи, лактозата го намалува/спречува тој процес. Тоа е целата ,,финта,,
Па искрено со оглед на тоа што се бориме со тестенините и многу малку јаде, дека уште сме на блендирано, се погодува и да има месо тој ден. Ако давам јајце цело и да знам дека ќе го изеде ќе скокнам месо тој ден.
Јас секаде споделувам позитивни искуства од Виталиа маџунот, го имаат години традиционално и еве и второто дете го пораснав со него. Топло го препорачувам
Сите мислења на форумов ти се за одбрана на Виталиа еве ти веруваме, не се мачи. Од денес се на виталиа ќе сме (нот)