Денес по препорака на педијатар треба да почнеме со вкусови. 4 ипол месеци е бебе. Јаболко, круша, морков, слива..едно од овие три дена па после 12 дена комбинации. Да варам, печам или свежо јаболче со тоа сакам да почнам. Ме фаќа некој страв не знам да опишам.
Јас го варев, малку да омекни а покасно може и свежо. И јас така бев ама по првите неколку дена ќе ти стане интересно како ќе лапка малецкото
Ако јаде како мојот со затворена уста баш ќе и биде интересно. Деновиве посебен е. Се си викам трпение, трпение ќе почне да отвара уста. Два дена ќе јаде како треба, после две недели на молење.
Аииии и твое бебе ли јаде со затворена уста Не знам што јадење ќе му беше уста да не се отворело, потечно ако е шмрка, погусто буквално чека да му пикам, едно лајче една вечност Мене никогаш не ми стана и не ми е интересно да го хранам, напор ми е @mal.ecka не знам од кога се костени ама јас во прва прилика ќе понудам, што да не Видов @manako1 баш направила фина каша, па ќе понудам и јас некоја слична
@emkaemka чекам со лажичето пред уста како пред врата построена. Напорно е да, ептен и тоа. Кога доаѓа време за јадење мене ми се плаче. Знам што ме чека. Низ парк гледам мајки бебињата во колица они си ги хранат. Јас дома со драматургии го хранам. За ништо досега не покажал интерес, не знам што му е слатко што не. Буквално никакви знаци. Вчера во очај прв пат и какао ставив, за повкусно нели. Ни тоа не делуваше.
Можам да го нахранам било каде само цртко да е пред него и во тие случаеви нудам само тоа што знам да сака, нешто блашко Хип каша Покажува знаци на гадење, се стресува и се мршти кога нешто не му се свиѓа, ако упорно му ја нудам долната усна ја прчи нагоре
Денес исто направив со костени,ама плус сливи од компот и јаболко,вчера само со банана беше многу густо и лепливо. И мојот така јаде,отвора уста принесувам лажичка пола ќе шмукне и со заби ја стиснува лажичката. Среќа е ако се најаде за пола час,а не пребира се јаде.
И моево исто, ама се тешам дека можеби ќе смени. Можеби...надежта последна умира хахахах... Уста не отвара, или шмука, или пикање лажичка. Со играчки и цртани го лажам за да изеде до крај хахаха. Знае да се загледа без да трепне, тогаш му шмугнувам набрзина 5-10 лажички. Хранење 20-30мин ако му се свиѓа, 45мин ако не му е по кејф. После сум изморена како на тренинг да сум била. Ама кога не сака, не сака, и крај, муцето затворено, напрчено устето, глава на страна, џабе е се после. Батат денес пробав чист да дадам како пире, како отров да сум му дала, 2-3 лажички и се затвори пештерата.
Иста ситуација многу ми е страв некако, веќе требаше да почнам со сокчиња, ама во вторник ја вакцинираа па рекоа да не воведуваме ништо ново. Така си добив неколку дена исто и јас со јаболко планирам, како ли ќе ја прифати лажичката, ќе знае ли да голтне...
Дури се замислив да не пребрзо ја хранам беба... две песнички - Мама воли бебу и Иде змија и дете најадено... Зева со устата кога иде лажичето кон неа. Лошо почнавме првиот месец со дохрана ама сега ептен убаво си јаде и домашни и купечки каши. Ете се пофалив од беба... @Independiente свари го јаболкото и блендирај. Не се разочарувај ако се мршти за почеток оти често се случува ама после навикнуваат. Добро е да почнете со поблаго јаболко. Ова го кажувам оти некои се киселкасти па и сварени... не би ги сакало бебо.
Среќна жена си ти! Да не кажувам како одаше денес денот. Заникаде! Направив доручек. Напред- назад по 20мин, 100 песнички сменети, 300 играчки околу стасавме до 100г. Во очај имав во фрижидер Нестле пудинг 6+ као, набрзина видов составот колку да знам што ќе му дадам. Викам ова мора да мине чоколадно е. Ма како да не. Продолживме со повуци потегни. И тоа до пола. Го изнервирав и јас со него нормално и го извадив од столот. Втор дел - дојде време за ручек. Надежно направен , по мене и вкусен. Ама не и за бебе. Пак стасавме до пола. И оставив. Дадов млеко колку да знам дека е дојдаден. Вечерата понадежно мина, се врткавме може 20мин. Се изеде тегличката. Фала Богу еден цел оброк! Сега е награден со цртани . И викав на свекрва ми оти не нормална се правела за маж ми да јадел. Се правела магаре под маса. Како што тргнало и јас на таму одам. Карма ис а бич. Ова цел ферман испадна. Не читајте мајки ако не сте започнале со цврста храна.
Значи вака го варам јаболчето го блендирам малку во лажичка и пробувам ..како ли ќе го голтне бе мало е 4+ Го ставам во релаксатор или транспортер значи никако легнато ниту во хранилка мали сме така?? 300 прашања како ли ќе ме истрпите јака ви душа