Ти рекоа мора да почнеш ради одредени причини? Ако самата чувствуваш дека сте мали почекај, ке осетиш по детето кога е спремно. Инаку се плашам да пишам да не се подречам ама од јадачите е мојот. Дали два - три пати одбил храна. Еве 4 заби излегуваат он си крка све.
Не напредува доволно или која е причината за од 4+? Инаку да така. Јас почнав со купечки. Таман една мала тегличка ја јадеше на три пати. Т.е прво неколку лажички, втор ден малку повеќе и трет колку сака.
Јас до скоро вака ја ранев. Му читам на мм сега и се смее. Вика ние ја "летавме" плус за да отвори уста смеејќи се и јас да и пикнам
@Chantal @duffi напредува по 20- 25гр дневно . Последниов месец 650качила. Ко бананче се издолжува Што знам што да правам, ич не сум паметна. Ќе пробам ко што рековте ако не иде ќе почекам да потпркне. Фала ви
Кај и да е и ова ќе го пробаме. Само уста лапачка да се отвори. Викаш има шанси да почне како човек да јаде а? Стално си викам не се нервирам колку јаде, не е битно, арен си е. И стално на крај се изнервирувам. А пред секое јадење се тешам самата со себе. @Independiente по мене убаво напредува. 650гр месечно си е таман. Јас би почекала 5+. На 4 е апла бебуле. Ни како да го седнеш нема. Ќе треба свиткано како кифличе да јаде. Сепак на крај твоја е одлуката.
И моја беба јади ама затоа мама се стопи од нерва. Саат време е еден оброк, многу ретки пола+да сме сами додека јади. Сменуваме цртани,песни,играчки,се притресувам на сите начини. Пишти и јади. Па на сред јадење пауза можи и круг низ двор за да дојади. На гости ако сме или на шетање со сила малку ќе касни,се преправа. Исто пишти не цица на друго место ако не е дома во спална. Маки мачам по 3-4 часа во ден на јадење г трошиме. Сега најново каснува едно лажиче и си го става цуцлето во уста.Со сила вадам па е лажам дека пак вуцле во уста ќе и ставам да пикнам лажиче...абе нерви. Да дадам а?? Многу сум тешка за нова намирница. Гледам кукле нема дадено@kukla21
И моево е 4 и пол месеци, јас пак сама ја прашував докторкава за мислење дали да почнам со цврста храна, ми рече дека супер си напредува до сега и да не се брзам да почекам барем до 5 и пол месеци. И така решив од 5 и пол да почнам,таман ќе е и по стабилна и со седењето.
Јака си ми со воведувањево @mal.ecka Аман до толку ли е лошо Јас го дојам каде стигнам, ако му се јаде није ништо проблем, на цицка никат не ни врескал. Оддамна мојов се ,,пресрами,, и да јаде каши во ,,јавност,, било каде пушти цртан и рани го. Јас го ранам упорно, може да пододмори ама да го вадам, ставам, да шетаме па пак нема. Го седнувам, пуштам цртан и ранам, е сега мењам цртани и се молиме ама не се откажувам од хранењето, што изеде тоа е, каша одма иде у канта или ако е блашко одма мама си ја сркнува Јас утре ќе воведувам бадеми, ај да не бегаме многу од темата
Јас па ве читам сите по волку, онолку ви јадат децата и се мислев само мојава не јаде асално. Костени не ми се приоритет. Би ги дала ко ужинка. Не ми иде во каша некако иако @manako1 имаше интересни комбинации
Јас кога гледам чинии полни на @emkaemka , си викам малаша, браво! Инаку дадов костени да проба. Свекрва ми имаше варено пред некој ден. Како ужинка.
И ние сме во истата ситуација. Бебе родено 1870 супер напредуваше до сега, сега сме 4 месец и 500 грама само качи, на мајчино млеко е. По сите консултации одлучив уште еден месец да терам така па при крај на 5ти ке почнам со вкусови, мислам дека тоа е најдобро. Чим беба е среќна, не е нервозна и не плаче, вајда нема потреба од вештачко млеко.
Јас немам проблем со јадење. Бебе јаде се што ќе му сервирам, уште кога ќе го види тањирот и лажичката почнува да се смее и отвара уста. Се радува и капки кога му давам од лажичка, мисли пак јадење е Досега само палента ми одбил. Пробав двапати не сака, па веќе не нудам. Инаку домашни кашички, купечки, овошје, зеленчук, јогурт, месо, ма све крка и никад не е под 160 грама. Се дешава да изеде и да плаче за уште, обично кога има кашичка со месо или оние кутиите на Hipp и Holle со житарки и јаболко или банана.
Блазе си ти Ние па периодов ептен маки со плачење јадеме и тоа само кашите од babylove ги јаде. Ептен ми смени периодов, слабо спие слабо јаде.. Дали се заби незнам но навистина пукнав веќе све со сила му бутам
^^ @BoaVista ај не зезај 160г Не за џабе ги полнам, толку јаде претежно (+/- 350г) ама има денови кога јаде и пола од тоа, ама ОК, околу 400г правам, па 200г чим изеде е топ и е сит, кога не можам да го намолам за повеќе обавезно нудам смоки, бомбица, лепче, мафинки инаку виси на цице до нареден оброк Веќе доручкуваше, не негледај колку е саат и не знам оти мора да остави 2-3лажички од доручекот, среќата бе ја остава 400г ги лапна за едвај 30мин
Не гледам да му е многу, мака нема, доручекот обично е толку, што би рекла матичната ,,види го колкав е, таа снага бара лапачка,,
@BoaVista истооо, палентата само не ја сака... мислам заради зрнестата структура ми ја одбива ама кој знае. Ја понудив со овошје, со зеленчук, со кисело млеко...не, не и не. Решив да не ја нудам цел месец па ќе видиме дали ќе ја прифати после еден месец. Ако ја нејќе нема да ја измачувам, големо чудо оти нејќе палента! А да, нејќе и вкусот на авокадо да доминира во кашите (а толку е неутрален, ама ај де), па ставам по едвај 1/8 во кашите за да не го осети. За количина мојата јаде цела купечка каша 190гр. некогаш имам впечаток дека уште сака... ама се плашам дека меше ќе ја боли од повеќе. После еден изминат час и нудам нов оброк колку да видам дали и е доволно и јадеше, значи ли тоа дека не и е доволен оброкот од 190гр??? Инаку веќе давам и ужинка една (која патем се сетив дека ја заборавам во темата ,,денешното мени,,) . Или компир варен (ама во парченца го давам , згмечен со вилушка и едвај пола изедува), сирење (исто во парчиња), кисело млеко, банана... а некогаш и овошна каша давам од малите. Кога како, нека лапкат, нека растат!