Ве читам и се чудам Моево е 15 месеци и јаде 150 до 200 гр. Не е јадач воошто, нерви искинав веќе. Речиси секое јадење ни е со вриштење.
@Chantal и јас мислам дека е многу млеко. Ние откако воведовме и трет оброк, млеко пие само сабајле и навечер, по 210 мл. И давав и едно измеѓу доручекот и ручекот, ама педијатарот ме искара и и го укинав Вика млекото треба да се намалува како што храната ќе се зголемува. Побарај си совет од педијатар, ќе ти каже точно колку треба да пие, најубаво така Мојата и не е по млекото ко што пишав претходно, повеќе сака да јаде отколку млеко да пие, ама иако јаде многу количински според општото мислење, не качува тежина надвор од границите, дури и послабичка е од други врсници, ама па е многу долга, шпагетка Секое дете си е приказна за себе, не може да генерализираме што е во и вон нормала
Моево уште не зинува уста на зеленчук. Ги мириса ми се чини и одма штрајк. Појадок јас и спремам, си ги лапнува 150-200 без проблем. Ама зеленчук се откажав веќе. Нема нешто што јаде. На бејбилав има чудни мешавини, овошје со зеленчук, тие ги јаде. Денес цело тегле со јаболко, круша и спанаќ лапна. Се некои такви чудни, ама важно апнува дете. А сите се лимитед едишн. Денеска ја барав оваа со спанаќов, веќе повлечена. Уште тоа ми фали, да не ги произведуваат веќе.
Мојот сабајле 180,пред спиење 210.Би испил и многу повеќе ама доста му е. @emkaemka што знам од пусти страв ... Ем имам спомнато, во фамилија немаме проблеми со алергии. Ќе проба утре за појадок.. Ако биде како мене и мм се ќе си јаде Пиши како ќе поминеш со бадемите и колку стави прв пат
Мене до 18 мес ми рече треба да внесува 500-600 мл млеко. Бидејќи едно АД давам со лажичка , гледам да има доволно јогурт, к.млеко, урда.... среќа што сака тоа ..
@eli25 , да, и кисело млеко, јогурт, урда, се тоа се вбројува во дневен внес. Покрај двете млека давам и млечни производи, др вика дека е таман. И јас имам прочитано околу 400-600 дека треба да е
Уствари он пие малце млеко преку ден два пати по 150 вода плус 5 дози млеко, ама што се буди ноќе и неможам да го презаспијам поинаку. До скоро само еднаш се будеше ноќе за млеко и вториот пат со вода проаѓаше ама како почнаа забиве пак не се смирува со вода.
Citam i se cudam kako jadat tolkava kolicina. Blaze si vi Moeto e 8,5 meseci i jade okolu 80-100-120 gr, samo vcera za rucek napravi isklucok i izede okolu 150 gr. Bese sita 3 saati, ne pobara da cica. A ne deka e slabicka, buce e Na 8 meseci po kolku gr.vo prosek e normalno?
Слично сме и ние.. уште една недела 5м.овој месец качи само 280 гр. др вика ок, цицаме. . сакам да почнам со јаболка ама ми е страв мали да не сме од кога и колку количински воведовте оброк, и во кој дел на денот
@BoaVista 100г месо ставаш? Мене матичната на 9+ ми рече да зголемам од 50 на 70г па по година 100г да нудам @Lolipop23 таман работа да јаде три оброци по 400г, мислам нека јаде, ама не сака Обично доручекот му е толку или 350г, ручекот и вечерата наизменично, до кај 300г, некогаш ретко 350, па ако едното е толку, другото е +/-200г. Ужинки уште немаме, на цице сме само и ич не го држи сит, ама ич, како цица така бара и да јаде И не, не е дебело бебе или буцко, буцко, тој цел е ,,голем,, мене ми е баш нормално бебе
Блазе вас што имате лапачи. Синко е 14 месеци и големо тегле е успех. Додуша најчесто се домашни, ама отприлика толку му се оброците. Последнава недела протестира. Се е со молење и со триста игри за да касне. Цело време викам нема да се нервирам, колку јаде толку. Ама кога ќе седнам да го ранам ме фаќа нервоза зошто не е лапач. Додуша од ситните е, може му е доволно, ама јас сум со пусти страв. Инаку пие млеко еднаш 180 пред спиење и евентуално уште еднаш во текот на денот исто 180. Другото е цврста храна, ама има обавезно млечна вечера. Пусти маки. Таман стигна до 8100. Денес вагата покажа 8000. Додуша други денови после јадење сме го мереле, а сега не беше јаден.
Па да, кога купувам за нас, одвојувам по две три парченца отприлика од 100 грама за бебе и замрзнувам за тековната недела. Мене педијатарот ми рече 70-80 грама, ама неможам до толку да тенчам. Некое е 80, некое 100. Кога ќе се свари секако се намалува, нема 100 грама, ама пак повеќе е од 50. Плус компирче, морковче, брокула, кромид, кога све ќе изблендирам увек ми излегува над 300 грама. Бебе го сметам најадено ако изело над 160 грама, максимум што сум му дала е 250 грама. Другото фрлам или давам на кучето
Колку месеци е? И мене педијатарот ме советуваше некаде на 9 да давам по 100 гр. На дете не му кратам јадење Внимавам само навечер да не претера а и вечерата не ја јаде цела освен ако е палента и к.млеко. Лапач е, ама манекенче ми е Оди во должина и единствено има меше Доручекот е полна чинија, ужинк овошје/кифличка втора ужинка дали 2,3 пати неделно има, така се погодува и ручекот си го јаде полна чинија. Педијатарот рече да се радувам штом јадел и не прибирал зошто за кратко време ќе следело пребирање на храна
Општо зборев Емче (сфатив од 1виот пост дека не е секојпат така затоа и не те цитирав) повеќе за оние мајки кои се загрижија што бебе не им јаде по толку. Точно греота е на бебе да му се брани, ама некогаш навистина постои проблем и мајката треба да го препознае. Детенце од 1ва братучетка јадеше претерано многу уште како бебе и на сите тоа им беше многу смешно, дури и скришно му даваа од што со мерак си јадеше, за да на 3 години стана толку гојазно што едвај се движеше. Глупаво е и на дете да се бројат калории, ама ете чисто за претстава: На дете од 1 година му се потребни околу 1000 калории дневно, 100г каша овошна со житарки има отприлика 100 калории, ако е побогата со масти пр со месо, јајца, путер, јаткасти и сл. тогаш има 150-200 калории, така да сосема доволно му е од 500-700 г каша вкупно на ден и останатото од млекото (100мл мајчино има околу 70 калории, ако пие 2 пати по 200 мл еве ти ги околу 280 калории). Пак ќе кажам, ова само за споредба, не сум фрик мајка која му брои калории на детето. Многу зависи и активноста на детето, моето е цел ден по надвор, во движење, трча, се пентери, вози точаче, така што и многу троши. Ништо не се зафаќа за него (си има и брз метаболизам), а јаде нон стоп, не сум му бранела затоа што сум проценила дека нема потреба, по 3-4 ужинки има, овошје ќе изеде колку ќе му дадеш, мандарини по 3-4 јаде дневно, киви исто така, плус со баби и дедовци му подметнуваат грицки и благо и пак си ги јаде оброците, не му мерам одамна, ама сепак не е повеќе од 250г по оброк.
Најверојатно се работи за некој скок во раст. И ние сме исто за една недела 5 месеци, последнава недела навечер вришти плаче дур цица, како нервозен да е, заспива само во рака(а досега во креветче сам заспиваше) и се буди почесто. Ке помине вајда за брзо, период е. Јас мислам да почнам со вкусови од средина на 5ти некаде
И мојов пие 150 мл АД и машала во раце не се држи супер си напредува 14+ е. За повеќе нема шанси да испие а некогаш и од 150 остава. На ноќе не се буди. 2 пати јаде овошни оброци и 3 пати АД. Долго време мака мачевме со не јадење и пројаде овошни оброци а за зеленчук и месо не сака да помириса. Јајце поминува само со палента и банана. Само исто па исто јаде. Јаболки, банани, круши диња, палента, гриз, житарки, ориз, како додаток мед, урми, 70% црно чоколадо, лешници тоа е се па комбинирам некако. Ако понудам трет оброк уста не отвара. Со нас седи на маса кога јадеме и каснува само леб друго фрла не сака. Му давам смоки на хип си ги грицка, ужива да гмечи храна и да ја фрла на земја, вода почна да пија од како направи годинка пред тоа никако. Риба немаме воведено се уште, месо свинско пробав да му дадам еднаш и уста не отвори и многу каши фрлам тоа е, се помирив. А инаку буцко си е. Меше, бутчиња, гушка, образи се си има.