Најверојатно како синко мој... висок, тежок, голем беше и исто многу кркаше, еве го на 3г личи на 4,5 и нормално ке си јаде како за 4,5год, а не како за 3г. На малава сите каши и се 200-250гр, некогаш и 300гр, освен периодов што јаде како врапче дека ми вади заби... плус си знаете сум пишувала, не е ни по млекото, па нека крка каша повеќе си викам. Нека крка баткото голем, да пораснат кошаркари да бидат Инаку да си кажам... мојава два пати пие ад по 120мл, колку толку, бар толку си пие Знам некогаш и поручек едно шише да и вметнам, ама тогаш ни 70мл не пие.
Мајки ќе ве молам за совет! Малата ми е 6+. Започнавме со дохрана од 4+. На почетокот овошје ми јадеше - сега ништо живо не го сака! Гледам се што е благо макар и малку не го сака! Како да прикривам овошје, како најм комбинирате? Инаку зеленчукот да не ја подречам си го јаде: компир, морков, тиквица, брокула, спанаќ...
Нема чаре мое дунде така Докторката ме советуваше да пробам бисквитче да ставам и така пројаде колку-толку
Ако си дала глутен хип земи. Има шеќер да знаеш. Ама од една, две ваљда ништо не му е. Јас давав по малку една недела со ред и сега чат пат само.
Ставам Хип бисквитки оти така ки проаѓа некако јадењето. Вчера земав Лино, ама ич не ми личат на бисквити за бебе. Ептен различни од Хип. Ќе ги јаде мама.
Има едни многу убави кекси, на Bahlsen, со спелта и овес се. Немаат палмино масло, благи се, ама не многу. Само не знам дали може пред годинка, не сум сигурна, но мислам дека мед содржеа.
Во Веро сигурно. Овие се Ама сега читам во составот, јајце имаат, значи не се за помали од година. Штета. Иначе истава фирма има и други видови од овие кекси, обични, чоколадни и со мед. Ама овие со овес и спелта се со најдобар состав.
Малово откако му воведов 2 оброка, скроз го смали млекото, од 650мл+ 1 кашичка, сега пие по 450-500мл. вкупно (3 пати околу 100-120, еднаш 140-150), и јаде 2 кашички околу 120-140гр., доручек и ручек. Ме нервираат одредени фаци у околина малку било, јас мислам ок дека е. Нормално е да смали нели? И почна по 5 пати на ден да си серка, трошам пелени како новороденче да е. Ваљда и ова нормално? Ама некои се суви доста, брбушки. Вода не сака ич, едвај 20мл во ден, дали можам малку сокче Хип да му умешам со вода за да испие малку течност со оброците? До сега не сум давала.
@DuchessAnn нормално е да намалува со млеко. Колку повеќе јаде цврста храна, толку повеќе ќе намалува. Игнорирај околина и свиркај си, бебуш си знае колку му е доволно Сега додека се нормализира со храната и додека се навикне, ќе кака малку без ред и повеќе суво, ама со тек на време ќе се среди. Мојава сега кака два пати дневно обично, некогаш кашесто, некогаш суво, а некогаш па потечно, зависи што јадела Вода нуди му, да не речам форсирај, ќе пропие кога-тогаш. Можеш сокче да ставаш во водата по малку, ептен малку, колку да има вкус, па така ќе пропие. Пробувај измеѓу и чиста вода, и трпение само. Мојава ја плукаше, сега веќе пие по 100 мл дневно отприлика
Свиркам јас, ама у нерв знаат да ме чепнат. Му нудам вода со шишенце со клунче, ќе се излаже ќе повлече еднаш. А за ручек во чашка за ракија нудам водичка, вчера турив некоја капка од водичката од компот сливи што има за него правено свеки, и така испи 20мл. затоа и прашувам да не се навикне после така, па да се зезнеме.