ние за едед недела сме 5м,и сеа пробуваме само, ама малку качукачна килажа, си викам да почне со оброк
Белата риба е 10+, сината 12+. Јас бела дадов на 9 месеци мислам, а сина пред годинката, за наредно дете и порано ќе дадам. Давајте риба, не гледам причина зошто толку да се чека, знаејќи дека тоа месо е најздраво, можеби само тоа што е алерген, ама па и многу појаки алергени се даваат пред годинка така да и тоа ми нема смисла.
Што давате како ужина или за грицкање 9+ сме се до сега блендирано ... треба да се научи и да џвака... И бисквити кога дадовте на нив пишува 6+ сакам да дадам да ги грицка
Симонида за риба вика строго после година, а и матичната истото ми го кажа. Не знам што толку е спорно со рибата, ама јас секако планирам да дадам наскоро. Не гледам причина зошто со риба да се чека, тоа и на двете докторки им го кажав. Пре би чекала со грав на пример, пошто е тежок за стомакот, а бебе веќе и онака прима омега, па зошто не би јадела риба не гледам @ludoto19 и јас истата кашичка ја имам дома, купена уште пред да ми кажат дека не смее пред една година Ќе почекам уште малку, бебе за три дена ќе има полни 9, па ќе дадам Него една кашичка од 190 нема да ја најаде, ќе треба уште една да земам Да не е многу за првпат да давам толку? Не зборувам количински, тоа ќе и е таман пошто ручек и е околу 350-400 гр, туку заради рибата, дека првпат ќе јаде
Ќерка ми има 7 и пол месеци..веќе месец и пол и давам варени кашички. Дали овошјето можам сважо да го давам? Блендирано? Денес крв испитавме хемоглобинот бил малце низок, па си мислам дека со свежи каши ќе го подобриме (ако смее свежо овошје да јади) .. Некое искуство ве молам
@Jana2770 можеш свежо да даваш слободно. Варено се препорачува на почеток, додека се навикне бебе на вкус, после слободно може свежо овошје Прашај педијатар дали може да даваш семе од коприва, тоа е убаво за хемоглобинот. А нешто што сигурно помага и можеш да го даваш (ако веќе не си дала) е просо, за железо и хемоглобин е одлично
Јас прв пат му дадов со морков, малку путер. Ако даваш путер стави. Мојот чисти не сакаше па комбинирав со веќе воведено. Можеш веќе семе од коприва слободно. Консултирај и педијатар. Веќе е голема давај го свежо овошјето, повкусно е. Почни со жолчка, месo, цвекло. Од нив ќе се среди хмг.
Кукле, Бубче ти одговорила, тие риби ги викаат сини, мислам дека класификацијата им е по бојата на кожата, овие демек имаат некој син отсјај. Белата риба е поскапа и побарана, додека сините риби ги сметаат за поздрави поради поголемото количество на здрави масти кои ги содржат. Инаку месото на секој лосос е црвено, додека на таа кралската сорта што збори Бубче и кожата и е црвена, ама од тој никогаш не сум сретнала кај нас да се продава.
Дали некој му има наптавено карамелино на бебето со мајчиното млеко? Дали е изводливо? На упатството пиши Млеко што детето вообичаено го јаде ( мајчино, адаптирано, кравјо) Е сега малце чудно ми емлеково мое да го варам
Нема да го вариш, инстант каша е тоа. Подобро обичен гриз свари со вода, и после додај мајчино млеко. Нема ништо хранливо во карамелиното.