Јас го ранам во релаксатор, подесено е на 45, ама јас со раката уште малку го поткревам дур јаде, кога паузира пак на 45. Баш денес ми кажаа на ортопед ако ми бил релаксаторот како со дупка за газето да не му бидат веќе во таа положба ноџињата, зошто веќе е поактивен и ќе му сметало така поткренати, и ме советува да ја пополнам дупката со тетра или сл, или во количка да го ранам. Баш ме праша дали имам хранилка со нивоа, реков не, ми ја имаат купено на поклон но е фиксна, па ова ми понуди како опции дур не почне со подолги обиди да седи сам за месец, два, да не сум купувала. А рано било да седи на 90 долго време, не за друго би можела да го ставам да седи, но ќе се уморел брзо, па нема како да си се навали да пододмори.
Ете секој различно гледиште има. Докторката вели дека ако не знае да седи само ќе лизга надоле. Во принцип, едно од правилата за почнување со дохрана е детето да знае да седи само. Јас во ниту еден момент не ја седнав на 45°. Едноставно не можам да замислам да "лежи" и да јаде. Твојата ситуација е малку "поразлична". Следи што ти кажал доктор.
Да, така е дека еден од принципите за почнување со дохрана е бебето да седи само. Ама подобро би било да речеме да се исправа да седи само, во спротивно ќе требаше да се почнува со дохрана од 7-8 месец, оти најголем број бебиња тогаш почнуваат сами да седат.
Поразлична е да, со тоа што сите по корегирана возраст го гледаат развојот (скоро 5м, реално сме 7+), но ортопедот е единствената докторка која ми кажа јас не го гледам тоа, го гледам детето како е и што може да прави, и давам совети, насоки, вежби и сл. Имало бебиња навреме родени па помалку активни, помрзи, цело време држени во раце или сл. А мојов врискаше и се смееше ко блесав кај неа на преглед, и на страна се вртеше да граба играчки да ги џвака..па ме советува на земја да си го ставам, на коцки и подлога...за сигурно.. кај и да е ќе почнел да се превртува, ама и да не се превртувал скоро.. од хеликоптер маневрите што ги прави може да си лупне на земја... хахаха...
Значи откако внука ми се роди до сега 100 пати сменија докториве . Мојот 2 год има па гледам разлика во советите...
Се согласувам. Имам чувство дека се "полиберални". Не само за ова, туку и внес на намирници. Тоа што читав последно вели да се даваат порано работите кај децата. Полесно примало телото и се спречувале алергии. Може и затоа гледам послободно даваат намирници за внес кои "до вчера" ги даваа по годината.
Леле не. Јас сум против тоа. Мене како бебе ми имаат мн рано давано намирници и секоја алергија ја препишувам на тоа. Си слушнала 100% портокал тетрапак на бебе од 3 месеци? Е тоа ми давале. За храна нема да спомнам. 12 кг на 6 месеци сум имала. страшно. путер несолен на президент 6+. маслиново од Мк зимав едно на М се викаше. Ама не го памтам и немам да ти сликам. Знам имаше специфично шише со темно зелена боја и жолта налепница.
1. Овчо (к.млеко,јогурт,сирење) кога почнавте да давате? 2.Имам бааги домашни непрскани јаболки. Компот да правам или др.идеја
Јас почнав со 6 корегирана возраст а бебе е родено скоро во 9 месец. Сепак, секој си го слуша докторот за дохрана и сл. Претходно мислам и бебе не беше уште спремно. Јагнешко месо кога може да се даде?
И јас се чудев што ми кажаа толку рано да почнам, и матична и неонатолог, демек по нови истражувања, имаат поинакви нутритивни потреби прематурчињата, особено со анемијата, бил скоро 6кг, глава добро држел и време било да пробува, ако го нема рефлексот за плукање/враќање да продолжам. Да не знае човек што да прави, но решив да ги послушам, пополека воведување намирници. Е сеа што сака дечкото морков или тиква да ставам во се за да јаде без проблем, инаку се гњавиме по 40мин.
Ако, слушај си матичен. Јас отеков тука, бебево до пред месец многу работи немаше пробано од пусти страв. Сега се јаде и мака нема, ми е криво дури порано што не му дадов некои работи. Уствари и бебињата сами си кажуваат, сега сака парчиња да јаде јас од страв блендирам а шубаво си грицка. Колку брзо растат, уживај дури и кога те нервира
Мајки денес и дадов мн малку мед на малава, немаше реакција. Можам да воведам нели? Јас почнав веќе, ама пусти страв, да прашам За некој ден полни годинка