Се замрзнува јапонско јаболко, тоа е една од намирниците за кои се вели дека можат и по 12м да седат замрзнати, но секако со текот на стоење се губат хранливите вредности, но најчесто среќавам дека овошје може да седи до 9м, зеленчук 12м во замрзнувач. Јас планирам и да мрзнам и џемче некое за бебе да сварам ^ мислам дека се јас ти реплицирам Ако најдеш начин кажи ми и на мене Не знам дали е до козјото кое е појако, па нешто му смета, но не и не сака, едвај сирење, урда протнувам во некоја супа. Повеќето нудат овошен јогурт, бебе од тоа добива нагони за повраќање, палента и млечно нејќе да смисли.. Јас се откажав веќе, за скоро ќе понудам кравјо па баш да видам со него како ќе е
@Kitten ма со ништо не ми проаѓа, штом го осети затвара уста и толку е. И овошен јогурт кога давам, мора да е со кило овошје и две капки јогурт, иначе и тоа нејќе А па со палента па најлошо е мислам. Уште не пробала, знае што е и се врти на страна, бега од лажичето и кенка Не сака млечни, што вика @emkaemka едвај по некоја трошка урда/сирење вметнувам. Среќа што пие млеко (Хип) и го сака. А друго све јаде ко да не видела. Од млечни бега ко од ѓавол
А сирење да грицка сака? Мојот многу сака да му ставам во уста парченца, јер господинот не држи храна. Пие млеко претпоставувам девојката па засега покриена е со млечно.
Две години е, не најдов начин да јаде/пие кисело млеко или јогурт. На почетокот ги сакаше, ама после почна да плука. Од млечно јаде само сирење, кравјо или овчо домашно, и кашкавал почнав сега да му давам, мешан. Друго ништо не сака. Ни млеко не пие. Ама не му се замарам. Се друго јаде, месо обожава, јајца и супи со зеленчук. Така што не е крај на светот. Знам дека ќе ти беше полесно да јадеше, ама тоа е, со сила не бива.
Па не сум и дала така чисто да грицка @duffi . Ќе пробам баш па ќе ти кажам. Инаку обожава да јаде сама, особено парче јаболко, како ги глода И смоки сака се додека не почнат да и се лепат, после тоа ги тресе од раце, ама не и паѓаат и се нервира. Исто и со бисквитите Млеко пие сабајле и навечер по 210 мл. Имаше и едно измеѓу доручекот и ручекот, ама педијатарот ме искара што сум го товела детето, многу и било, и и го укинав. А и стварно и беше многу, го бљуцкаше стално. Среќа надокнадува со млекото. А колку се радував и едвај чекав да воведам кисело млеко и јогурт Убедена бев дека ќе сака @Annath се друго си јаде без проблем, месо, јајца (жолчка), зеленчук, овошје... И млеко пие, така да не му се секирам многу, ама криво ми е, имам впечаток дека сите деца сакаат к.млеко и јогурт освен мојава
Навистина не сум знаела. Значи цело јаболко да го смрзнам? Бебка моја ќе има полни 8 месеци дури крај на јануари, па мора да мислам однапред, на сѐ што му поминува сезона да замрзнам да има за зимово. Има нешто...потсвесно те влече имењачкава @Sexybaby86 да направиш пауза? Во моментов не ги сака, па за два-три месеци може ќе ѝ се смени вкусот. Децата нон стоп менуваат.
Може ќе пројаде, кој да знае. Ти велам моево, на почетокот јадеше, сега уста не отвора ако намириса што е. Ни овошен јогурт не сака. Јас таква бев ко мала, со тоа што ништо млечно не јадев и не пиев, моево барем сирење јаде, јас ни тоа. Штом пие млеко, немај гајле.
@Annath иста сум била и јас, млеко не сум сакала ни пиела, еве и ден денес не пијам. Тоа е, битно ми е да си напредува убаво. Ќе ги ставам на пауза млечните малку (барем киселото млеко, зошто тоа и е најомразено), па полека полека за некое време ќе пробам пак. Ако бива добро, ако не, пак добро Фала ви на сите
@Kitten миеш, лупиш, чистиш, ставаш во кесички, истиснуваш воздух, подврзуваш и мрзнеш. Се што складирам за бебе правам да може одма да се прави каша, спремно само да се одмрзне и количина темпирам. Јапонско е многу здраво овошје, давај обавезно
Маџун од кој да земам? Бебе е на граница со хемоглобинот, па кажете што друго да давам. @emkaemka семе од коприва мислам ти даваше. Од кога, по колку и кое?
Побарај некој домашен маџун, ако не успееш да најдеш купи од Зегин, но немој на Виталија само Коприва на Био-космос давам, 8+ воведов, давам по едно мало лажиче од неговите, во утринската каша секогаш му е на мени
Јас си земав домашен од Неготино, течен е но убав е Ако сакаш бројче ке ти дадам од девојката, во Скопје живее она, јас си се најдов со неа и си земав две тегли.
Јас од 8 давам поради крвта. Некои викаат 12+, а некои дека и 8+ е во ред. Немаше реакција и и ставам од тогаш во секоја каша сабајле по лажичка.
Фала @emkaemka @mariz Дај бројчето @Skorpija25 Јас се токмев од порано сма сега и педијатар ми препорача. Бебе е 9+
@emkaemka Ми донесоа јапонски јаболки па дел ги замрзнав вчера (по твојот “рецепт” ) само да прашам дали е нормално што се меки, во кесичките како патлиџан да сум ставила . И по колку давате? Прочитав негде дека било јако и се давало по малку
Да, штом се меки значи се убаво зреани. Ако се потврди треба да ги оставиш да постојат, да омекнат. Јас по четвртина за сега. Повеќе не сум дала. Нели го собираат јазикот и они. Боровинки сте дале? Кога? Имам тегличка на Холе и само ја меркам. Или да почекам?