Па ако не се меки значи се зелени, треба да се меки, но не премногу ќе неможеш да ги лупиш и ќе се гвачкаат. Јас давам по цело ,,мало,, јаболко, некогаш кашата му е само со јаболко, житарка и малку плус второ овошје. Мене од нив јазик не ми се собира. 8+ или 9+ дадов, не знам како успеав да воведам, со таа кашичка од Холе воведов
Јас маџун ставам од 9м во секоја овошна каша за доручек по една супена лажица, и бебе не се буни. Вчера дадов пола цитрон прв пат и супер прифати.Бебе е 10м.
За боровинка на 10+ ми даде зелено светло педијатар. Тогаш и ја дадов. Имало некои чоколадни јапонци кои не збирале уста. Баш на be org имав видено објава пред некој ден.
И јас знам така. Ем многу вкусни биле. Се препознавале имале како крст на темето. Ова што ми кажуваа, јас не јадам јапонски, лигави ми се
Мисиркино какво давате? Сакам да пробам, со телешково некако ме зеза, може јако му е, дали дека е домашно, само ја држи кашата во уста и прави фацки на гадење, а не ставам многу 30гр. жива мера, околу 10-15г. е сварено. А пилешко за почеток за проба да земам Холе кашичка? Понатаму ќе да барам домашно по роднини.
Јас пилешко само од кашичките на Холе давам. Ќе сварам компирче, морковче и др и мешам со кашичка Холе. Досега не сум дала купено пилешко, некако ми е страв со овие пилиња што ги носат по маркетите.
Пилешко Холе или кога имам петле домашно. Купечко полно е со хормони. Мисиркино носат во Тинекс свежо. Убаво е.
@DuchessAnn мисиркино купувам од Рептил или Тинекс свежо, кога ќе начекам. Убаво е, бебе го сака. Пилешко имам домашни петлиња земено, а додека немав, од Холе пилешкото (една тегличка ја делев на два пати, за два оброка).
Јас домашно петле прво го сварив убаво, па потоа го исеков на перчиња околу 40 г , и ја процедив водата од варење, па ги замрзнав во мали пластични чашки, ги иситнив парченцата и ги засипав со процеден бујон. Денес ке варам телешко, и исто така планирам после варење да го сечам на парчиња, 40 г да не е многу сварено месо?10 м е бебе.
Не е многу, дури и малку ти е. Треба да е 50 гр минимум, а бебе ти е веќе 10 месеци, па можеш слободно и по 70-80 гр да даваш
50 г ми рекоа да биде неварено, со варењето се намалува, затоа ставив по 40 сварени.Бебето мое цел оброк јаде мах 200 г
@DuchessAnn да се допишам, се распретка бебето па го пратив постот . Мислам од бело месо веќе можеш и зајаче ако има проверено од каде да дадеш. Инаку држи во уста само кога јаде телешко? Сега ли почна да со мевцето? И мојот имаше период кога држеше во уста, ти пишував. Се сеќавам како сестра ми се правеше кловн за он да голта. Нормално најдобро е телешко да јаде, од белото месо еднаш неделно до два пати му е доволно. Ставај помала количина па со тек на време наголемувај. @macalavica јас се смрзнувам сурово од месо, го варам кога си готвам. Како правам за нас така и за бебето. И за нас месото пред смрзнување не го третирам. Па не гледам зошто би го правале тоа на бебето.
@macalavica ок, штом така ти кажале, така прави. 200 гр и не е многу, така што веројатно е ок да е околу 40 гр месото Јас сепак би дала повеќе зошто бебето не е мало, но секој најдобро знае за своето дете, нели
мојот јадеше 100 гр месо 30 гр ориз и 70 гр зеленчук за ручек. по совет на педијатар. Кога имаше годинка 300 гр беше ручекот од кои 100 гр месо.
@duffi Фала. Со сите каши ме зеза, особено овошни, смрт му се, ама со лажење, цртани и изигравање кловн ќе изеде ~120гр. овошна, ~150гр. зеленчукова. Само со месово како сом е со отворена уста и испружен јазик кашата во уста ја држи, еве веќе 2 недели на 2 дена ставам мевце. А малку ставам, што е 15гр. сварено, ништо. Ќе пробам пилешко, мисиркино и купечко телешко од Веро девер ми во месара е таму па ќе одбере, и ќе зголемам мевце постепено. @Sexybaby86 Фала и на тебе на совет.