Каков кокос давате? Од утре почнувам да спремам тефтерот за дохрана Ние почнавме Уште ги чувам запишани комбинациите на големата ќерка, па тие каши ептен што ги бендисала сум им пишувала знакче плус
Емка погоре еден пост стави органски кокос. А цвеклото обварено го давам јас. Не ептен да е меко, ама сепак да омекне. Ама објаснување.
Цвекло по правило треба да врие 20мин, јас на пареа го оставам 30мин, како што вика Дафи само да подомекне, не и да е меко. Кокос не се вари и ако го даваш овошјено ќе го дадеш свежо, инаку види погоре за каков кокос зборуваме, па дај таков
@duffi Од продавничката за здрава храна на Зелен пазар ги купил, свежи. @emkaemka Фала за објаснувањето, поима немав. Јас и така му давам вит Ц капки па ќе му ги давам уз доручек. Јас па го оставам без цвекло зашто “многу време треба да се вари”, а сега ве читам дека не треба . А ве прашував пред некое време баш, којзнае што сум разбрала.
Зошто да нема млечно Емке, ако мислиш ради железо, немаат тие многу железо. Јас пак секогаш со јогурт/кисело млеко му ги давам, плус комбинација со други овошја, превкусни смутија излегуваат. За витамин Ц накнадно не е на одмет, ама тие и самите по себе си се богати со витамин Ц, дури некои од нив малина, јагода имаат повеќе и од мандарината. Инаку не ве прочитав за киви дали давате, сега им е сезона, а се многу здрави (пребогати се со витамин Ц), убави комбинации излегуваат со банана и јапонско јаболко. Малиот мој и така многу ги јадеше.
Така секаде пишува Лолипопке, таков совет и добивам со години наназад и за мене, еве и за бебе. Ради апсорбирање на сите хранливи состојки од аронија, рибизла не треба да се мешаат со млеко, па веќе кога давам јас бирам не само да давам. Вит Ц знам да има повеќе во малина, давам јас и малина сам да јаде, мандарина ја дадов само како пример и да по ,,ваков,, оброк добро е да се внесе плус вит Ц па макар и преку мандаринче. Киви давам, домашни Домашна ми е, ако не се лажам во јули се береше, сега нема, мина сезоната, ја замрзнав и ја давам. Ти ако најдеш некоја органска замрзната или во тегли како компот нешто..
Намаз од авокадо Цело варено јајце, пола авокадо, сок од пола цеден лимон, лук, малку бибер, малку сол и маслиново масло од око. И блендираш. Рецептов не е мој, на некоја членка е од форумов, но сум го пишала, запомнила
Освен тој на Емка, можеш со кромид, пиперка, урда, мелени семки од сончоглед, лажичка сок од лимун и лажичка маслиново. И за нас ги правам намазиве, многу ми се вкусни. Уствари можеш и сама да измислуваш комбинации. Јас имам правено и еурокрем со авокадо
Боровинките се зрели во август крајот почеток на септември...тогаш ги беревме за синко на планина...а аронијата мисла дека и почеток на август може да се најде зрела.