Сите овие јас ги имам домашни, веќе им е помината сезона па ете во продавница за здрава храна ако ги начекаш или ако порачаш кај што те упати Кукла. Како сте сега? Тоа не ми личи дека е алергија од храна, туку случајност.. Вчера дадов грав за прв пат, па да речам ОК минавме, си прткаше така повеќе и по гравот 3пати искочи во вц, ама може и случајно ќе дадам пак па ќе видам. Инаку го бендиса ептен, го варев со нашиот со морков, кромид, сува пиперка, ловоров лист, маслиново, па малку и го потпржив кромидот и морковот, додадов и домат, лук, магданос. Во кашата плус ставив риба и двопек, маф ја стори
Мојот традиционална веќе два петока јаде. Шољја за чај грав, плус другите зарзевати. Магданос смеам ли да ставам веќе? Имам домашен. 8ипол месеци.
Појма немам, од око ставив, црпнав со кутлача и наполнив блендерот до каде што мислев @duffi смееш давај Речиси во сите манџички за ручек ставам морковче, но по малку, нема портокалово носе
Мандарина како давате? Ко сок или со се тие жилите блендирате? Се едно та исто овошје има сега и досадно монотоно е... Боровинки од кога можеше? И кај да најдам?
Јас знам дека боровинки се 10+ иако некои викаат дека се 12+. Смрзнати боровинки има во Веро. На нив пишува планински боровинки. Јас уште имам купени од пазар ама веќе ќе се потрошат па следно од таму ќе купам. Мандарина јас ккао бебе не давав, давав портокал како сок во кашите. Мандарината немав идеја како би ја дала.
Мандарината јас ја блендирав. И беше убаво. Не беше жилава и вкусно беше. Боровинки дадов веќе. Има смрзнати Био.
@emkaemka Се исплашив и стопирав, ама уште има така ситни точки, може и од топло му се. Секако во четврток сме на кожен па ако му стојат уште ќе прашам. Иначе си направив нарачка за други овошки и зеленчуци, утре ќе си ги подигнеме производите. Фала @kukla21, јас сум ја лајкнала страната некогаш ама сум ја заборавила За грав, зелка... Марина ми рече може од 10+ ама обавезно суво нане или мелен ким да се додаде.
Почнав со дохрана, 3 дена давав јаболче каша, утре планирам морков, да го мешам со јаболко или само морков да дадам?
Дечки, нови проблеми почнавме со пробување вкусови. До сега јадеше јаболко, слива, круша. Можам да кажам дека јадеше, не многу ама изеде колку толку. Од вчера почнав да и давам варен компир со малку измолзено млеко, ама нешто изведува, нејќе да го голта и како да се дави цело време. Како поминавте вие со зеленчукот? Од старт ви го јадеа?
Па не е вкусен компирот, бљантав е и леплив, затоа така изгледа како да се дави. И не се блендира, само пасиран, повкусен е, ем млеко, ем малку путер, затоа е 6+. Инаку, зависи од детето, некое сака повеќе овошје, некое зеленчук, а често и менуваат. Дај морков или тиква, обично го сакаат. Пред компир можеш морков, тиквичка, тиква да дадеш.
Ние со зеленчук почнавме, и сеуште поубаво и повеќе го јаде. Може бебе не сака така компирче, моево исто така фаци на гадење и давење од чист компир и чист батат има. Само мешано со друго.
На што да внимавам со морковот? Нели се јавуваше реакција од него, пожолтување или така нешто. Утре ќе дадам морков па ќе видам. Купив и благ компир (оние црвените), смеам дадам и таков да проба? 5 и пол месеци е
Компир со 6 полни, небитно каков. Морковот дава реакција како осип и црвенило околу устата (минливо е), а кожата може да се обои портокалово ако даваш подолг период големи количини. Без гајле, давај морков слободно.
Мајки од кога смеам да давам цвекло,малата е 5 ипол месеци.И како се приготвува ? Онака свеж прво се вари па блендира ?
5+1 месеци е малата и почнавме со вкусови, е од зеленчук се згадува и повраќа, а банана и јаболко многу сака. Денес и изгмечив пола банана и за 1 минута ја лапна дури бараше уште но не и дадов страв ми е да не е многу цела банана уште сега да јаде. Е прашањето ми е од кога може на пример да јаде цела банана,јаболко,праска и колку количински е доволно да јаде на 5 месеци? Знам дека ако и дадам овошна кашичка од 113гр. цела ќе ја изеде без проблем, дали е многу?