Таа ја купив, моментално немам домашни непрскани јаболка чекам да ми донесат, па ако не ми донесат во скоро време ќе и дадам да проба од оваа.
Со моево уште сме на пробвење вкусови, ама кога неам време дента му давам нешто што има пробано на пр. круша и јаболко и околу пола каша и давам ако сакат. За некој ден 6 м ќе имат. Не се оптеретвам уште со количина.
Ние сега на 6 месеци ќе почнеме со дохрана и др. ми кажа од кога ќе почнам со воведување на вкусови после две недели да почнам со оброк. Оброкот мин. да му биде 120 гр.
Мајки, кашкавал од кога може и каков? До сега само урда и моцарела јадеме, а вчера наполни 13 месеци.
Јас ананас дадов летово на одмор, свеж. Бебе беше 6 месеци и дадов да шмука парче. Го обожава Не беше планирано, ама ете, тропско овошје, сезона се погоди и оттогаш давам. Риба имам дадено лосос, со готова кашичка Хип, на 9 месеци, два пати до сега. Исто ја сака и ја јаде По правило се почнува со слатководна риба (пастрмка) и тоа после година, ама јас веќе не се водам толку строго како на почетокот. Бебе си јаде веќе горе-долу се'
Здраво мајки ако може некој да ми каже како ја подготвувате, направив по упатството водено ми биде, така треба или како каша треба да биде
@Meci¹² јас ставам од кашичката во тањирче (отприлика 4 лажици), топлам вода и само истурам во тањирчето и мешам. Количински не мерам, ниту верувам на мерките, туку од око. Некогаш ја правам погуста односно со помалку вода, некогаш потечна со повеќе, во зависност од тоа што друго планирам да додадам внатре (некогаш погуста на пример ја правам, па ќе додадам сок од овошје, или поретка кога ставам банана, зошто од бананата ќе се згусне, и така)
тек сега на 2 год дадов. претходно само млечен кашкавал од овца имав давано. пармезанот е појак на вкус би ти рекла пробај со обичен кашкавал прво. инаку од 13+ ми рече педијатар. 13+ млечен. фирма на здравје радово зедов. Има едни во форма на парче пица. Тие се така поквалитетни. риба пастрмка 9+ дадов. зимав од буњаковец. лосос 12+ ананас 12+
@Meci¹² да, големи. Ти мали да не ставаше штом ти испадна водесто? Јас ја направив таа грешка на почетокот, затоа те прашувам Инаку количински ќе ставиш колку мислиш според бебето. Мојата е лакома, јаде многу, па и 4 лажици и се малку
И јас се на вага, еве кај свеки сме сега, немам вага и како изгубена сум @Sexybaby86 Лимон како комбинираш? Јас мандарина до сега само му дадов.
Со дохрана почнавме од полни 5, сега за 10 дена ќе правиме 6м. Досега секоја намирница и ја давав по 2 дена, имам дадено компир, батат, морков, тиква, тиквица, круша, банана, јаболко, авокадо. Што друго можам да дадам? Купив мелен ориз, но во дилема сум, бидејќи на упатството пишува дека се спрема со млеко, а ние сме на ексклузивно доење, немам шанса толку со пумпица да измолзам, дали да купам АД или сепак со вода да го направам? Како го спремате Вие? И дали можам од полни 6м да почнам со месо, во план сум телешко?