@Ambra20 исти проблем не сака ни да проба , ја вади од уста . Колкаво е твоето ? Ние еве 16 + не јаде риба , давам масло од репка во ручекот. Не би требало да е проблем , има многу што не јадат риба . А јас како голем обожавател криво ми е што нејќе . Планирам пак да пробам , може ќе се предомисли
И јас сум збунка. Имам нутри булет и неколку блендери дома неотворени. Се чудам дали да земам на горење мултипрактик ем готвач на пареа ем блендер. @Coco31 го има. Има и на авент ама е 10000 денари, не знам дали да лупнам толку пари. Или пак само готвач на пареа. Ние за 1 недела ќе почнеме, а ептен сум збунка. Бебе готвач не би купила. Кога бев трудна ја земав Готвење за бебе. Има мн совети за доење и исхрана како и рецепти за поголеми деца. @duffi јас не ни се зачленувам во таа група како секта мамички ми се.
Охоо па ти веќе имаш еден куп опрема за спремање храна, немаш потреба да лупаш пари на нешто што веќе го имаш. Незнам зашто си збунка, доволно е да имаш само еден блендер и тоа е тоа. Јас на пример немам ни готвач на пареа, имам решетка во вид на цвет која се затвара, на која се става зеленчукот, се става над тенџерето со вода и воала... добивам зеленчук зготвен на пареа
@Ambra20 небулоза е дека рибата не оди со млечни производи, најголем дел од сосовите за риба се на млечна база. Не форсирај, ако не ти јаде, не прави. Почекај некое време, не е до рибата дојдено. Ако не јаде, не јаде, тоа е. Паузата нека ти биде подолга, не неколку дена, туку неколку месеци, после пак пробај, понуди. Децата менуваат.
Јас сакам готвач на пареа ги гледав во сетек и нептун. Околу 100 евра беа. Ваљда ќе ми донесит Дедо Мраз.
Обична решетка ќе ти заврши работа. Поевтина е каде каде, а не ти треба плус ништо посебно освен тенџере, на скоро сите пасуваат тие решетки.
Зошто не си купиш решетка за готвење од топ шоп од делимано сега е на попуст, и можеш да ис ја користиш за готвење на пареа во обично тенчере во кое врие вода решетката ја ставаш горе http://www.topshop.com.mk/delimano-brava-food-cooking-basket, за 100 еур дедо мраз можеда ти донесе нешто попрактично.
Драги мајки, ми треба ваш совет. Веќе треба да воведам доручек, по совет од педијатар овошна каша ама одма проблеми. Бебушка станува околу 8 и после еден саат пак заспива. Во тој период пие едно млеко од 100-120 мл. Сабајле пиеше малку млеко и и дадов кашичка од праска од Хипп ама изеде многу малку и заспа. Нит испиено млеко, нит изедена кашичка. За да биде оброк треба барем една мала кашичка да изеде цела, а тоа малку потешко. Вашите одма почнаа количински да си јадат цел оброк? Што мислите ќе почне да јаде повеќе само и треба време? Веќе треба и да намалувам едно млеко како оброк
Моево сега е 6 месеци, од 5 и давам лека по лека кашички. последниве деној скоро цела каша ми јајт околу 10.30 ч или 11 ч. Полека прати бебе неможе наеднаш да и дајш оброк за доручек. Јас спрема бебе се водам т.е нејзините потреби. Станува за цицање кј 6 па заспиват и околу 8 ја будам... Играме, пееме, ја слеквам, занимации па доручек околу 10.30 ни доаѓа. И јадит и после заспиват.
Мене готвачот на пареа ми е ептен погоден. Ставаш, местиш тајмер и низ врата. Кога се враќам готов ручек на бебе, само во блендер. За ориз е посебно добар @cimparka нутри бебе е многу подобро од здрава храна, здрави деца
Дај директно од кашата, не давај млеко. Ако веќе си вовела доволно намирници, се разбира. Кога ќе воведеш цел оброк, го заменуваш млекото, не даваш ни пред ни после кашата, туку тогаш кога е следниот оброк.
Има пробано доста работи, сега е 6 месеци, а цел 5-ти месец си пробуваше и овошје и зеленчук. Значи така да направам наместо млеко од сабајле дирекно кашичка да дадам. Фала на советот
Да прашам нешто..незнам како да најдам информација за ова.. Бебе има 8 и пол месеци До сега и давам околу 11 сатот овошна каша (свежо овошје) некогаш мешано со гриз или просо. А кај 17 часот зеленчукова варена каша. Дали теба нешто плус да и давам на пример три каши денот? И од кога и КАКО се дава да грицка овошје на пример? Има само 2 запчиња. И дали да и давам сирење и јогуртче?
Јас имам Нутрибулет ама мислев дека не можам во него да спремам каши.. И онака си стои за украс во кујна, па ете би го искористила. Мислев од оние рачните блендери дека треба, пошо Нутрибулетот некако за смутиња само ко да ми одговара Сакам и готвач на пареа, мислам @kukla21 ја читав за него, Кукле каков е од каде е твојот?Не знам со тенџериња јас, сакам поедноставно нешто edit:Си пишала еве погоре ти за готвачот. Само фирмата уште да ми ја кажеш
Мојот е 9. Веќе има три оброци. Касно ти е според мене 11 за доручек. Пробав и јас вака една недела оти не го пие млекото ама не одеше. Распоредот вака му оди Станува околу 8. Околу 9 е доручекот. На АД е , па околу 12 нудам млеко. Некогаш пие некогаш не. Околу 14 давам ручек. Вечера околу 18. Легнува 20:30 тогаш давам млекце и во 6-7 утрото млеко. Се млечно од 7 полни му давам. А да грицка ќе и дадеш во раче. Мојот нема заби ама каде грицка каде шмука. Му сечам резанка од овошјето и му давам во раче.
Доручекот до 9 најкасно, ручекот до 14 најкасно. После околу 19 вечера ќе воведеш. Давај сирење и јогурт слободно, а за грицкање овошје, ако досега не си дала на парчиња, давај за почеток помеко, и под надзор да биде обавезно.