Го ставам во вода во фрижидер неколку денови да постои. За козјо не знам, немам дадено ама мислам смее. Сум читала дека даваат мајки. И урда козја.
Јас го имам готвачот на пареа на Чико. Ептен ми е практичен. Спремам, ставам се во него (по потреба во меѓувреме додавам нешто што се вари побрзо) и играм со бебе. Иначе ставам во тенџере па бебе плаче, идам по него а јадењето претекува, па чистам, намалувам, не врие... и така од почеток. Иако претпоставувам на @kukla21 е попрактичен заради тајмерот. Тогаш би можела да спремам намирници додека спие, па кога ќе дојде време за ручек да е готово . Така @kukla21? А и веќе ми е мал овој. Па веќе кога ве читам за темава се замислив дека е време за поголем. Туку да ве прашам, дали има некоја причина поради која месото во готвач на пареа се вари посебно од зеленчукот? Јас го варам прво само месото (зашто нели му треба подолго време) и го додавам зеленчукот па продолжуваат да се варат заедно.
И јас тој го купив место на хип, ми рекоа да прочитам декларација, па пошто е само ориз го давав. Ама сега се мислам да му варам обичен ориз и во блендер со другите работи да го ставам, прави некој така? И можам било кој ориз или треба некој органски да барам?
Јас и дадов на Хип што е оризот го прифати си лапкаше...може и обичен ама да го дотрошам овај на Хип и ке и дадам со обичен
Можеш и обичен, јас обичен кочански давам од старт, но мислам сварен и блендиран ке стане како гума, лепливо... исто како и компирот, поради скробот. Јас не сум блендирала чисто само ориз до сега, ама измешано со други работи да, и така поминува некако. Пробај...
Јас сите каши ги спремам во Нутри булетот во малата чаша, пробав предходно со рачен блендер не беа доволно мазни за синко мој, а имав само голема чаша од Нутри булет, после тоа си купив мала чаша и од тогаш за мерак, све во неа правам и таман ми е.Јас ги правам баш густи кашите, не ставам вода, само овошје и ако е пак течно додавам од инстант кашите да добијам на густина.
од кога и какво просо давате, земав едно од зегин, италијанско, но дури дома видов фека пишува содржи траги од јаткасти и сусам. Јас не готвам на пареа, варам обучно вода тенџере
@Minnie-e јас го имам готвачот на Авент Филипс, ти го препорачувам најтопло. Со тајмер, си знам кога спие/станува бебе, па ставам се внатре и не го мислам. Цело лето уклучував па одевме на шетање со бебка. Кога ќе се вратев, само вртев чашката да изблендирам и готов ручек. Сега веќе само по еднаш стискам на копчето за блендирање, сака бебе со парченца да се кашите, па излегува како пасирано. Небитно тоа , за месото да ти одговорам. Јас не го варам посебно, го ставам заедно со зеленчукот и уклучувам на 25 мин (тоа е максимум на мојот готвач). Претходно најситно што можам го сецкам и така исецкано се вари убаво. И телешко и пилешко вака варам. Пробај дали вака ќе се свари, ќе заштедиш на време. Туку да ве прашам, еве @kukla21 ќе ја означам зошто мислам дека истиот готвач го имаме. Дали вариш макарони/леќа/ориз со зеленчукот? Дека на пареа, мене ми е страв да ставам, а другарка што го има си вари во него и ориз и леќа и све. Ама дали е правилно, или сепак да си варам одделно?
Јас се правам во него. Освен грав Кај мене тајмерот оди до 60 мин. За ориз има посебен сад. Таму ставам ориз, вода и зарзават и пуштам тајмерот на 45 мин. Исто за леќа, грашок, боранија, само нив им треба помалку време. Макаронки најчесто и правам со доматче, па него го блендам, и макароните ги покиснувам во него и на 45 мин ставам тајмер. Ем салца, ем макаронки готови
Се докупува мала чашка, само една или мора комплет? И колку пари е? @kukla21 може слика или линк од готвачот на пареа, мислам имаш ставено низ темиве но незнам каде да барам...
Јас ја купив од комшивка која го нарача сивиот нутри булет со повеќе чаши, ми продаде една мала за 500 ден, иначе предходно го добив на подарок црвениот нутри булет со една чаша од 700 мл.Прашај во топ шоп дали има само мала чаша да купиш или види на алиекспрес или ибеј.
Работи според нивото на вода. Има мерилица и 3 нивоа. 13,23 и 30 мин. Најчесто полнам вода до трето ниво, 30 мин и ставам внатре пример компир, морков и пуштам. После 10,15 мин го гасам, додавам брокула, тиквица...(тоа што се вари побрзо) и пак го пуштам да продолжи. Штом ја потроши водата се гаси автоматски и свири за да го свртиш копчето (изгасиш). Иначе месото најчесто го варам прво малку во тенџере околу 15 мин. Некако страв ми е да не е недоварено. Кај тебе е со одложен старт или веднаш почнува процесот? И дали добро разбрав дека во него вариш макарони потопени во сос? Нели водата само поминува низ состојките? @Sexybaby86 Стандарден е тоа или оној бебешкиот го имаш? Кукле мислам има таков голем Јас нож докупив во комплет со две мали чашки 1490ден. Мислам дека нема посебно. И ви се дешава и на вас да ви се топи гумата од ножот или до мене е?
Не е со одложен старт. Само со тајмер. Има такви решетки за парење и садче што се става на нив. Во него ставам сос и макарони.
За кој готвач правите муабет? Планирам деновиве да купувам па не знам кој да го купам... Некој посебен предлог?