Еве овој готвач на пареа не изгледа лошо а не е многу скап http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10124_10125_10143&product_id=67979 Како готвите во овие говачи, по колку количински ставате, јас имам сет од тенџере со решетка за готвење на пареа кои се ставаат едно врз друго ама досадни ми се за миење па ретко ги користам.
Јас имам на овој принцип готвач, само на филипс. За детево готвам само со еден сад (другите ги тргам) и доволно е за цел оброк што и да ставам. Ама миење пак ќе имаш, само дека пластика полесно е
https://neptun.mk/categories/GOTVACI_NA_PAREA/PHILIPS-HD-9140--91 Овој е моментално на попуст во Нептун. Некое искуство со готвачов? Од наредна недела почнуваме со цврста храна па да си олеснам пред време
Спанаќ на крај на 6ти. Ми рекоа може во 6ти, ама да го оставам за крај. Палента слободно давај од 6ти. Цвекло ќе почекате до 8+.
Дечки дали имате некаков водич или список со намирници што кога се воведува? Мене докторката ми го даде списокот од Бебе готвач ама ве читам дека баш и не им верувате, па сакам да ве прашам дали имате од некој посигурен избор? Фала
исчитај наназад во постовиве има мн корисни работи...јас све овде научив плус гугл... На пр. јас почнав со јаболче 3 дена,па морков, па морков и јаболко...па круша...слива..банана.комприр...тиква...па си прајш комбинација една Нова намирница со 1 веќе дадена. Исто и ориз воведов после и комбинирам
После година. Портокал може и порано мислам(не ме држи за збор), ама јас после година дадов зашто сега нели му е сезона, а лимонот е јак алерген.
Исчитав многу и многу ми помогна Исчитав доста, а и цело време ве читам. Мислев некој има онака се убаво наведено на едно место, ама нема врска и вака една по една намирница ве следам кога кажувате. Инаку сакав да те прашам каков ориз даде? Гледам сите купуваат де ваков де онаков, зошто не обичен наш ориз?
@НМарија јас купив оризови снегулки, бидејќи читав дека за почеток тие биле подобри, оти обичниот ориз е леплив, се лепи по непцата и тешко голта, па и децата не го затоа многу сакале. Исто се препорачува и просови снегулки, место просо.
Јас давам обичен ориз. Не го давам чист за да биде леплив, ќе додадам плус овошје или зеленчук и водичка и блендирам. Знам дека на доста бебиња не им се свиѓа тој вкус на инстант ориз па решив да не експериментирам, решив обичен и за второво дете да давам.
Дадов и јас обичен со морков и малце од водичката во која се вареше. Си го јадеше, не ми направи проблем
Дадов од Хип ориз...а денес со обичен и сварив и додадов јаболко, се изналапа П.С јас земав тетратка и си пишам само што ќе прочитам за јадење како се дават ...полесно ми е
Моето бебе денес полни 11 месеци, вчера за ручек имавме боранија со суво месо свинско, бебе се тегне да проба,обично не давам и мајка ми ми свика дај му една трошка од стрв, му мацнав една трошка во чорбата, кога проба се влече , писка бара уште, ако ви се верува цела срединка од дебела кришка леб изеде со чорбата, и ништо не му бидна.Цитруси давам уште од 10 месеци и ананас.
И јас и давам на бебка да проба од нашето. Не да јаде, ама да проба, дека и она си седи во хранилка ние додека ручаме на маса. Па за да не и биде досадно откако ќе лизне од нашето, и давам да грицка јаболко, бисквита, крушка, банана, или смоки некогаш... И да, @Sandrin4 убаво пишала, запишувајте си што давате, многу е полесно. Јас имам цела тетратка испишано што сум давала, колку дена, колку количински изела дента, што јадела за доручек/ручек/вечера и план што да јаде утредента. Секое утро само ќе ја отворев (во кујна ми стоеше), ќе прочитав што сум пишала дента да јаде и лесна работа после. Ем не заборавав што сум дала веќе и кога. Ова траеше додека бев на породилно. Сега дека свеки ја чува, кај неа е тетратката, може ќе и се најде. А и имам направено и напишано цело мени, за да знае што да дава секој ден, да не се мисли. И мене ми е мирна главата дека знам што јаде, а и на свеки, дека нема да мисли. Го апдејтувам еднаш месечно, во зависност од тоа дали треба да се воведе нова намирница и сл. Нормално, свеки го модифицира по потреба, ама генерално си има водич. Може е многу за некого, но за да имам ред, јас не можев поинаку.