Бебка е 4+ и ни беше кажано да почнеме со вкусови али ако си јаде да и дадам и цела кашичка. Првите 15 дена да воведам зеленчук по пладне а после 15 дена да воведам плус овошје од сабајле. Ги јаде цели но првите 4 дена и давав по пола кашички после почна да се буни за уште, и цела се бутка во лажичето мислиш и него ќе го изеде
Мислам дека е мало за толку оброк..мора полека, цревцата уште и се кревки...лека по лека...Пробувајте вкусови
И јас така реков но Др. Сајковски ми кажа слободно, да не требало нема да ме советува така. И матичната ми го кажа истото. Бебка супер прифати и нема тегоби, па планирам така да продолжам по советот на докторот. Но незнам дали да продолжам со кашички или да купам па спремам, немам некои сигурни луѓе од каде би земала освен од пазар
I moeto bese taka i seuste e dodeka si bara da rucka dobiva. Ima denovi i koga poslabo jade no mlekoto pak ostanuva na 3 saati kasa ne ni menja obrok definitivno. Nautro se zitnite kasi so mleko i ovosje a potoa zelencukovi.
Последно цица околу 7ч, во сон и кога ќе стане јаде, некаде околу 30мин по будење, станува околу 9ч. Ако ти станува порано нуди првин цице, но ако е како бебе мое не ќе можеш инаку да се огранизираш, бидејќи каде и да е ќе воведуваш ручек..
колку вода им давате на бебушите ? Има ли врска возраста со количината? Дали овошките мора да бидат малку варени? од кога може свежи да се даваат?
Вода му давам колку сака. А овошјето ми кажа педијатарот термички да биде обработено исто и за зеленчукот.
Дечки, палента кога во денот давате? Уште немаме вечера воведено, само доручек-овошје и ручек-зеленчук, па не знам во кој оброк да ја сместам
Може и за доручек. Понатаму, ќе даваш и за вечера. Некои ја прават и со овошје. Мене ми е така чудна, а и бебе не ја сакаше.
Палента давам најчесто за вечера, ама кога немав воведено вечера давав за доручек со јаболко (свежо или печено). Мојава многу сака палента.
Епа вака... Ми треба совет. Крвна слика слаба. Хемоглобинот низок. Вакцина одложивме. За 1 месец качила 500 грама. На истата вага се мериме од кога е родена, точна е вагата. 4 полни месеци имаме. Вкупно тежи 7290. Родена 3460гр. Одлично тера вака според мене. Совет од докторкава од 4 ипол месеци да почнам да воведувам вкусови. Да почнам првата недела со зеленчук, а втората со овошки и на 5 месеци да има веќе оброк. Полека и постепено да воведувам намирници. Не мора одма каши и мешавини. Ме збуни исто што ми рече зеленчукот да го воведувам околу пладне како за ручек, а овошјето наутро. Некоја со слично искуство? Или совет? Секако мислев од 5тиот месец да воведувам намирници. Само некако две недели порано ми дојде советот од докторкава.
Таман си е килажата. Јас би почнала од полни 5 со вкусови, па после две недели цел оброк. Овој совет со зеленчуков прв пат го слушам. Јас све воведувам отсабајле, заради можни реакции. Понекогаш доручекот ни е зеленчук, а ручек ќе воведам со полни 7 месеци. Таков ми е планот, но да ти напоменам дека сама си одлучувам после долго читање а и искуството со првово. Со педијатарот околу исхрана не се консултирам баш.
Па и јас имав други замисли. Исто сама што си читав. Ама ова со хемоглобинот ме замисли дали да почнам порано. А инаку планирав само за доручек да давам и покрај советов, само сакав да слушнам мислење и од тука.
Јас би послушала совет од педијатарот, мојата сега на 5 месеци беше толку во килажа, така да за брзо време нема да и е доволно само млеко. За зеленчукот ти рекла ваљда ради железото, а и многу педијатри препорачуваат прво зеленчук демек полесно ќе го прифатат ако се понуди прв. На пладне се нуди зеленчук за да детето од мало се научи дека солено се јаде за ручек- ова го слушав Сајковски во една емисија. Дохрана се започнува од 4-6 месеци во зависност од детето и по совет од педијатар.
Еден совет... Вчера наполнивме 5 месеци, има 8кг. Докторот во детско, ко бевме за вакцина рече да почекаме за дохрана до 6 месеци, а вчера педијатарот по тел. Ми рече да почниме да пробуваме... Шо да прам? Не е гладна, ме плачи...
Еве и мое искуство, јас почнав со полни 5 месеци, бидејќи беба зинвеше на секое кога јадевме со мм. Жал ми беше кога ќе напраеше фацуле демек и јас сакам Педијатарот ми даде зелено светло чим има интерес за храна само без форсирање...на полни 6 имаме доручек
Совет: 6+ сме, пробувавме вкусови и сега воведуваме ручек. Ама малку сум збунка од педијатаров: - рече прво ручек да воведеме околу 2ч, зеленчук. Ама веќе 2 дена им давам (вчера 120г, денес 100г) и они се пак гладни. Им додадов 60мл млеко се смирија. Вака треба или нешто грешам? - за доручек ми рече да не воведувам уште, измеѓу оброк млеко само пола каша овошна. Смеам ли ако сакаат повеќе (пошто јас ги прекинувам) да им дадам и да отфрлам следниот оброк млеко? Него неш не го разбрав баш... И кашава јаболко+ориз оди за доручек или ручек?
@TeddyGrey На старт кога воведуваш можеш од сабајле. После оброк кога ќе има можеш од сабајле нов вкус, а ручек веќе воведено, претежно зеленчук, јас така правев. Ама мое мислење ако е доста низок хемоглобинот нема да се качи баш така брзо само со воведување дохрана. Кај малиов беше 11 последен пат, а со 2 оброка. Треба време да се качи, и да не мешаш млечно со зеленчукот ~2ч. пред и по кашата. @Bibi30 Ако им се јаде на батковците давај им повеќе, пробај со 150. Пупу алал да им е нека си ручкаат убаво. Оброкот менува едно млеко, така што млекото што било тој период скокни го давај ручече. Моево ѕверче овие 3 дена протестира за каши дури ги повраќа на сила. Завчера доручек само јадеше, ручекот го исповрати (откако го изеде), вчера обратно само ручек едвај 100гр. Денес само на кисело млеко уста отвори сабајлево, и една купечка од Бебевита едвај 120гр. изеде за ручек (фрлив во ѓубре домашна правена ). И кенкав и плачлив плус.. А млеко пие нема гајле.