@DuchessAnn заби се во прашање гарант. И мојата одбиваше храна пред да и пробијат првите две запчиња, а инаку е јадач голем. Три четири дена забушаваше, и откако и пробија, се врати на старо. Давај му тоа што проверено знаеш дека сака, барем ќе касне колку толку, и не се секирај, ништо не му е. Јас се плашев и плачев дека ќе ослабне од што не јаде, а си качи килажа месецот и повеќе од потребното
Додека бевме на ексклузивно доење немавме никаков проб. Со столица. Редовна беше Сега 4 дена не е сам искакан, со топломер 2 пати се искака. Му давам доручек овошје и како ручек зеленчук. Уште малку ќе имаме еден месец од давање на цврста храна. Нормално ли е или..?
Многу рано со ручек сте почнале, во еден месец доручек и ручек воведе? Топломер никако често, мрзливи црева се прават така. Слива, чај од анасон, крушка ке го протера...давај тоа кога не е какан повеќе време.
Не дека е целосен ручек, повеќе како пробување на нов зеленчук или мешање на веќе воведениот. по 50гр макс. ако јадел. А доручек денес прв пат изеде без проблем 90гр. Круша со слива кашичка
Незнам зошто не ми стигнало известување. Сега прочитав. Во врска со анемијата имам читано дека голем број доени деца се анемични и дека тоа не било страшно, крвта ќе се нормализира постепено со дохраната. Мене не ми се допаѓаат старите совети на педијатриве за дохрана од 3 или 4 месеци. И сами сме свесни дека постара генерација доктори сеуште си стојат на старите совети од пред 20-30 години иако медицина оди напред. Светска здравствена организација вели 6+ но ако има причина за порано, тогаш 5+
Мене па педијатарот ми рече дека е по старо од 6 месеци. По старо мислам од пред 10 години, а по ново не порано од 4, а не покасно од 6 месеци, дека најдобро некде измеѓу од 5+ да се почне со вкусови.
@Kitten @mimiiiii фала за одговорите. Уште сум на два ума. Имам уште некој ден да размислам. Може полека да и давам да пробува некој вкус. По 3 дена. Па ќе се одложи повеќе дур дојде до каша ќе напраи и полни 5. Здравје од Божиќ ќе ви досаѓам повеќе, а и бебе ќе има полни 5 месеци.
Јас не се советував многу со матичната околу исхраната. Знам само кога на 7 м бевме на контрола, имаше низок хгб, и тогаш ни рече еее требало од 6 м да и дадеш телешко. Јас од 6 со вкусови почнав. На другарка малата, исто ко мојава, одма и даде капки за железо, го качија. Ние уште кубуриме. Сега и јас ќе почнам, па ќе видиме.
Исти случај и кај мојата. И јас сакав да прашам. Шест и пол месеци е со доручек-овошје и ручек-зеленчук и забушава со какање. Само ако јаде слива кака, круша не и делува. Многу се нервирам порано си беше редовна. А не можам цело време слива да и давам
И ние почнавме со капки. За две недели ќе проверам крвна слика, па ќе видам тогаш. Дур трепнам секако ќе направи 5 месеци.
Давај вода. Ако не пие доволно вода може да се јави запек. Тиква, презреана банана, палента, слива помагаат за столицата. Ќе се среди.
На контрола пред 2 дена докторкава ми вели да почнам да и давам се да јаде,вклучувајќи месо,цело јајце, риба путер од кикирики буквално се, и да зголемам на 2 оброка, бебево е 6 месеци и 1 недела. Малце ми падна чудно оти мислам уште е рано за месо,јајца риба, а она ми вика дека е во ред и да не се плашам. Што мислите вие?
Ова сериозно??? Ние сме 6 и пол месеци уште зеленчук немаме све пробано..а не па месо и јајца па и кикирики. Тежок алерген се кикирките и јајцата. На мојава тиква и помагат за нужда. Ама мн ретко два дена максиум ако не ми се искака.
Да да сериозно,еве и јас и немам од се дадено, вели процедурата е иста на секој 3 ден нов продукт. Ми објаснуваше колку по мало бебето почни да јаде по мали и шансите за алергии. Разбарав и на интернет го пишува истото www.today.com/today/amp/tdna86486
Во странство ли го доби овој совет? Многу често се воведува дохрана според овие правила и јас сум добила исти совет. Второ мислење обавезно да добиеш!
Ориз земав од Хип, baby first rice, а сега обичен кочански правам. Палента од продавница земав најобична. А просо земав од Холле.
Да во УСА сум. Нели порано беше за воведување цврста храна од 6+ а сега е ок од 4 месеци да се почне. Исто што вели докторот и на бејби центар го читав и на други интернет страници. Ќе почекам нема да брзам.