Јас сум во Австралија. Тука моментално има премногу деца со алергии (скоро секое трето) на јајца и кикирики и затоа форсират да се дават порано. Секоја држава се прилагодува за потребите на нивните жители.
Девојки, млеко пиеме во 08 сабајле, дали после во 11 може да дадам овошна каша место млеко, па во 14ч зеленчук? После 17ч,20,23 млеко. Збунка сум дека еден по друг оброк давам. И кога сокче давате? 6 мес се.
Ако сте 6 месеци тогаш почнуваш само со еден оброк-доручек, после еден месец ќе воведеш ручек, пауште еден да помине за вечера. Не се воведуваат три цврсти оброка наеднаш.
Мене ми кажа педијатарот пробуванње овошни вкусови две недели па да воведам доручек, па пробување две недели зеленчук па да воведам ручек и за две недели од ручекот и вечера
1 мес пробувавме, докторот рече ручек да воведам а овошна да јадат по малку, ама они сакаат овошна и млекото не ми го пијат после, мн малку пијат ( тек доаѓа време за ручек а не за млеко). И зт мислев да сменам...
Од ова се можеш да даваш на 6 месеци. За ручек јас ќе давам ориз/компир плус зеленчук, а палента, просо или ориз за доручек со овошје
Некоја членка имаше прикачено табела, која намирница од кој месец се воведува. Може пак да ја прикачи... Или некој др ако има.
Јас пишам во тетратка, излистсј наназад и пишува искуства кога што се воведува...Јас имам за 6ти и 7 ми пишаноо сеа за сеа и мн лесно ми е
Ова ти е препорака од д-р. Марина од Ремедика? И јас добив таков совет од неа, но ми е тешко применлив. Моево бебе не сака да јаде. Еве веќе 1 месец се мачаме и двете и едвај 1-2-3 лажички ќе изеде, некогаш третина тегленце (многу ретко), а некогаш уста не отвара. Основните намирници се воведени, правам и комбинации, но се фрлам. Со песнички и цртани не ни успева. Мајки, некој совет да ми дадете? Како да почне бебево да јаде?
Смешно или не ама и на мојот песничката ако не е погодена и ако не се занесе нема шанси да пикнеш лажиче. Он и онака не отвара уста, ама кога е внесен во нешто јас само ставам, ставам,ставам....
Церемонијално. Лаптопот на маса. Пушта песничките ги гледа и менувам додека не му ја погодам да е занесен. Во рака обавезно и му давам нешто, играчки или нешто кое го занимава. Е има денови кога не е расположен за јадење и толку. Инаку јаде веќе 4 месеци и уста нема отворено. Ја држи затворена, само ја олабавува. Не знам јас што значи дете да отвара уста, немам видено.
Мојава беше нејадачка. Сфатив дека за да јаде треба нешто да се занимава. Ставав на масата некое играче. Чекаш во заседа ти Чим фати и се заинтересира буташ Чим губи интерес друго и така. Кога ќе ги свртиш сите играчки, преминубаш на капаче, тегле, шишенце со капки, што се најде, тоа
Да ти ја пуштам Ева. Па и уште на мешето се гали демек мх мх мх колку убава кашичка Колку е смешна божеее