Пу пу мојава да не ја заречам со лајчено ко ќе ме видит, зинвит. Ако нешо не и се свиѓа и пуштам реклами, то и е најинтересно и зинвит
Ја мислев дека мојата е нејадачка дури не проба тиква, уста пештера. Банана не сака бе. @Mimmi39 и Јадранка истиот совет ми го даде, во Ремедика таа шема си ја вртат.
Така де, за тоа и спомнав Бебе мое за чудо почна да подотвара уста, обично за ручекот, бидејќи е изгладнет сврзува дремка по 3-4ри часа и штом стане буквално гриза све пред себе, ама пак мора песната да ја погодиш, ајде полесно иде бидејќи веќе знам што го занима @Mimmi39 таман нудиш каша, па до навика е да ја засака лажицата и храната, период или и треба занимација, ти битно без нервози, биди упорна, смирено, смени лажичка, текстура на каша.. @mal.ecka нека ти даде совет со нејзината јадачка - нејадачка
Моментално јаде полно тањирче за 10мин.со зинување на Лола и Милаконечно нешто да упали...инаку како Кукла ја ранев сите играчки и играње на кловн.
Мајки педијатарот ми рече да почнеме со зеленчук компир морков тиквичка и брокула и четврти ден кашичка од нив . После што да давам, дајте идеи.
Тиква, јаболко, круша, слива, банана, праска, ориз, просо, палента, карфиол, пашкарнат, спанаќ П.С можиш со ориз или просо да комбинираш зеленчук
Имaм еднo прaшaње дo пoискусните мaми. Ние сегa ќе требa дa пoчнеме сo дoхрaнa, пa ме интересирa нaчинoт нa кoј јa пригoтвувaре хрaнaтa. Oднoснo штo кoристите, дaли пaсaтoр,блендер....или нештo другo. Требa дa купaм пa не знaм штo би ми билo нaјпрaктичнo, јaс се мислaм зa пaсaтoр или пa пaсaтoр сo сецкo и мaтaлкa. Или мoже ќе дaдете предлoг зa нештo другo. Фaлa ви, дoкoлку не е сooдветнo прaшaњевo мoже дa гo избришете
Јас кога почнав давав прво готови каши, пошо по 3 дена е еден вкус,толку трае теглето. Сеа варам и блендирам...
Незнам дали тука треба да го поставам прашањево.. Ама дали после 8 и пол месеци бебето може да одбие секаков вид кашичка..овошна зеленчукова. Буквално ништо не сака. Кога ќе види лајче ја врти главата. А гладна е. И сака само да цица. Претходно се јадење зинуваше. Прво мислев дека заби се во прашање. Ама уште нема заб нов еве веќе 2 недели трае мачењево. Што да правам? Многу ми е тешко вака дали е нормално ова?
Скоро секое дете има такви периоди. Сигурно е запче во прашање, бавно излегуваат па затоа и толкав период одбива јадење. Ништо посебно не можеш да сториш, нуди секојдневно, еден ден ќе пројаде. Едино можеш да пробаш со занимација нешто, да и пуштиш песнички на моб па ако се занесе во нив да и бутнеш некоја лажичка.
Јас бидејќи никако не научив што е разлика меѓу пасатор и блендер ќе ти прикачам сликичка. Еве вакво имам, многу е практичен и убаво уработува и мали и големи количини.
Имам мака...Јас и проблем, чудно зар не? Кога и да давам за јадење она се задавува, од вода се задавува мили боже стресно ми е и јадењево веќе аман. Снемува воздух. ќе се закашла, зацрвени не знам веќе како да ја свртам што да направам во тој момент секој ден исто па исто.немам памет веќе. Станува во 07 цица, бо 09ч цица, во 10цица и може да дремне еден саат во раце ако ја остаам уште не спуштена очите 5 банки, во 12кашичка, после кашичка10 мин цице обабезно, во 14цица и се така додека не заспие, на саат ипол максимум бара да цица, ни ред имам нит ништо.