Пасатор е рачен блендер, ама не миксира како појаките блендери со мазна структура, туку има и парчиња. Не големи, ама сепак смесата не е хомогена. Јас таков имав како подарок за свадба, ама ми рикна, па си купив рачен блендер на Тефал.
Твоето е пасатор. Блендер е Нутри булетот и тие како него со чашки. Блендерот има 4 ножиња и структурата е баш мазна.
Моето бебе ако му пуштам телефон или цртани на тв не јаде, се загледува и не реагира, нема шанси да му дадеш нешто, јаде без такви занимации, нормално му зборувам, пеам, му правам смешки,и го хранам исклучиво во хранилка.
Јас палента купувам во ДМ на Био што е...таа ми ја прифати од прва и таа си ја ручкаме.Исто и просото од таму го купувам... Телешко и мискиркино купувам од Деликатес Поповски
Палента на Био-космос. Телешко имаш тазе секој четврток во Тинекс, барај го како младо Телешко, 600 и нешто денари мислам беше за кило
Така најдобро, ама ако прифатат, бебе добиваше огромни нагони за повраќање, може и не бев доволно упорна, не знам, може и дека почнав со купечки, а тие мазни.. Ти пробај, па фали се или жали се
Браво на здравје нека им е. Моево од најмазно се дави не би се осудила да пробам да дадам само пасирано со вилушка. Браво стварно
Смеат ли бебињата да конзумираат оризово или бадемово млеко во припрема на млечни каши?Бебето мое има 11+, за две недели ке направи годинка.Сега за сега му давам инстант млечни каши од хипп и нестле и лино.