Еве го рецептот, низ темиве од неа го зачував, вкусен е, бебе мое го пројаде Домашен пудинг за бебе 250 мл млеко за една жолчка, и лажица нишесте. 200 мл млеко на оган да зоврие, а остатокот го матам со жолчката, со вилушка, и после го додавам нишестето да се измеша убаво да нема грутки (млекото да биде ладно). А во млекото на оган што е, може да ставите урми, или кафеав шеќер или било што друго за засладување, освен мед, медот се додава кога ќе биде готов пудингот и оладен барем на телесна температура. Кога ќе зоврие млекото, малку додаваме во смесата со жолчка со постојано матење, да се „навикне“ жолчката на топлото, па после се истура целата смеса во тенџерчето каде што се вари пудингот, со постојано мешање, додека да се згусне, па се трга од оган и се остава да се олади. И толку. Може и со вода, ама не е исто на вкус.
Ако ти јаде кога треба да јаде кашичка пр над 100г, скрати му го млекото. Ако не јаде, слободно дај му млекце. Мене едново јаде се, млеко тој час нема, а другово на почеток мака мачев, и ќе му додадев млекце пошо не ја јадеше кашата. Сега гледам јадат и двајцата каша, се впдам по теглине од 125г + до горе ја полнам колку можам и тек за 3ч им давам млекце (не плачат па по тоа се водам дека им е доволно)
*Малата кај мене неќеше никако во ништо Ад да прифати , дали го осеќаше или едноставно не го прифати ,и од 14м веќе во се користам и ставам Алпско без лактоза што е , не и праве пр ни на меше ни ништо еве 19м е , а обично тетрапак не можи , одма има течна столица , а и имав дадено и такво во бискоти некогаш 0,9масленост ок беше на старт , ама не ни пробувам со такво веќе , само без лактоза и давам ..
Поискусни мами како да почнеме да јадеме каши? Полни 5 месеца сме и сакам да почнам да му давам да пробува ама до сеа никако да ни успее бар една лажичка да проба ајде си велам можеби јас не му ги погодувам па пробав и со купечка каши ама јок бре плака модрее се задавува несака, ќе му дадам цице и одма се смирува..е сега не дека ми е тешко или мачно да цица ама си мислам дека веќе не му е доволно само млекото, а и несака ни чај од шише само цице да е да не го форсирам многу? Ама ми оди на нерви од коментарите "нема да знае да јаде" докторката ми вели не го мачи убаво си придава нека си цица има време ќе јаде..ама коментарите МОРА да јаде ме нервираат
Можеби уште не е спремно за цврста храна....има време, од 6 м почни. Моево кога и да седневме в уста ме гледаше кј шо јадам и од 5 месеци затоа почнав ама лека по лека без форсирање. Можеби Ве фатил и скокот затоа нејќе да проба и сака да цицат. Ак па толку сакаш пробај на сабајле кога ќе огладни и дај му 1 лажице. Нема потреба од чајче. Не го форсирај.
Почекај до полни 6м, најверојатно бебе не е спремно, за тој период ете давај лажичка за да си игра, да ја проучува, можеби водичка да нудиш со неа. А за коментарите китката на десно
гледам на кашиве на лино, 4+се,јаболка и банана ,пишува концентрат од лимон, дали смееме да даваме на деца, нелк лимон над година
Грчки јогурт од Веро со која масленост земате? 2или 10 мислам имаше само ... И тие winter noodles од ДМ ако ги сретнете негде да ми пријавите Свртев неколку ДМ нема никаде, а малово ги обожаваше
Мајки, од кога воведовте вечера? Наредна недела бебушка полни 7 месеци уште е на доручек и ручек од цврсти оброци