@Annath негде прочитав крушката грчеви дека прави имаше пишано. Зашто се дава меѓу први намирници тогаш? Јас мислев од 5 месеци да ја воведувам. Мислев од круша баш полесно ќе какаат.
Зависи од детето. Дунде моја на ништо не реагираше со грчеви. Немаше ни грчеви додуше и ко новороденче. Јас за се имам став, давам и следам реакција.
Теди јас втора ја дадов и никаков проблем немаше, а имавме до 2 ипол месеци грчеви, е бананата да потешка е ради запек.
Не, силен алерген е. После година се дава. Ако сакаш пробај, ако немате алергии во фамилија, ама биди внимателна. Тешка е крушата за бебињата. Може да ја дадеш, следи ситуација, ако прави грчеви, ќе почекаш со неа. Иначе бананата не прави запек како што е пишано, туку регулира столица. Ако дадеш зелена, ќе стегне, ако дадеш презреана ќе протера. И бананата е 6+. На пет месеци јас давам јаболче, морков, тиквица и слива. Доволно е за почеток, две овошки, два зеленчуци.
Фала Богу и ние мака немаме од ништо сеа за сеа...си јади шо ќе и сервирам @TeddyGrey јас дадов вака прво јаболко, морков, слива, тиква, круша...
Јас чекав @kukla21 да даде киви Значи можи да давам. Мене многу ми е страв од воведување нови намирници.
Баш за кивите дојдов да прашам. Значи да почекам. Јас сум со ист став како Кукла, давам две три лажички и чекам. Грчеви немал ни како бебе ни од намирница.
Од бананата моето не можеше да се искака цел ден и утредента столицата и беше тврда и ја оставив за понатаму инаку за тиква и круша педијатар ми препорача да дадам и по тоа се водам.
Е ме фати, гледаш тие не се домашни, од ДМ, некои био најдов. ^^ круши меѓу први намирници воведов, со каши на Хип, ама 6+ почнав со дохрана. Грчеви имаше до 3м но ниту една намирница до сега не му направи мака. Киви дадов 12+ домашни
Мала шала ги зедов и јас тие пред некој ден лешници имам од @Bubce38, уште бадеми да најдам ми останува мм вика кој ти прска тоа, читал што не е загадено, па ќе земам и јас од маркет најверојатно.
Почнавме со пробување вкусови пред два дена. Со јаболко стартувавме, не дека е нешто воодушевена госпожата ама се трудам Сега ве читам за крушата и бананата па се замислив со што да продолжам.. Слива имам, да дадам слива наредните три дена, па после комбинација јаболко и слива, пак ли три дена? Нели немаат оброк до 6м, само со по неколку лажички ли стално треба да биде? Пример ако дадам од сабајле јаболко+слива, новиот вкус кога? Попладне?
Оброк воведов т.е доручек после 1 месец отприлика. Она си јадеше ама не ја форсирав. На 2-3 дена нова намирница и давав во комбинација со нешто воведено. Мене втора ми беше морков неколку лажички, па другиот ден јаболко и морков колку сакат. Па слива 2 дена, па тиква со морковче. Си го пратев детето. Колку ќе изеде толку не и мерев грамажи или колку лажици ќе изеде. Од кога почна со оброк за доручек, на поручек и давав зеленчук по малце.
Кога почнавме со вкусови по три дена дадав иста намирница. Прв ден 5-6 лажички, втор 10-15, а трет ден колку сака. После тие три дена воведував нов вкус. Јас воведов доручек после две недели пробување на вкусови ама почнавме од 6 месеци. Од кога го воведов доручекот почна да пробува зеленчук на истиот прицип по три дена попладне кога ќе му биде времето за ручек
Давајте киви, многу се здрави, после 9 месеца може, инаку ќе ги пропуштите и ќе треба дури догодина да чекате, а баш би било штета. @kukla21 бадеми, лешници, индиски ореви, земам од КАМ. За во кашичка печени лешници и непечени бадеми, а после годинката за грицкање земам од печените.
И јас се мислам да дадам киви сега додека е сезона. Бебе е 11 месеци за некој ден, па мислам ок сме, не би да чекам до наредна година за да проба. И така веќе други цитруси си јаде. Сакав да прашам, бадеми и лешници од кога може во каши?