@mal.ecka јас и имам дадено Плазма. Таа количина на мед во нив е многу мала за да направи сериозен проблем, барем според мене. Јас дадов пола бисквитче еден ден, ја следев во наредните ден два, па немаше реакција и сега давам повремено да грицка. Тоа е еднаш, двапати неделно преку сила. За во каши обично и ставам од мелените на Хип во кутија, овие за „занимација“ и ги давам. Твоја е одлуката, сепак најдобро си ја знаеш цуцка ти самата @Bibi30 јас со купечка Јана, таа ја давам и за пиење, и за готвење ја користам
Друго е 11+ да дадеш киви, друго е 9+, јас би дала на твоето, ама на 9+ стварно не би, поголеми алергени се од цитруси и не е исто што и цитрус. Јатки воведов 11+ Веќе можеш да воведеш мед, јас дадов 12+, дај и една бисквитка и следи.. Кога варам на пареа, вода ставам од чешма, а кога не купечка ставам, пример кога варам просо, правам манџичка..
Јас со Јана. Ептен ако немам во моментот ставам и од чешма ама ептен ретко. @mal.ecka Кај нас плазмата оди за тато Ужинка од кога воведовте и од што се состои доручекот а од што ужинката? До сега нели житарици со овошје, ама...? И на колку растојание ги давате?
Авокадо можеш да дадеш уште од почеток на 5 или 6 месеци, можеш само авокадото а може да се меша и со овошје и со зеленчук, јас денес планирам да дадам банана и авокадо.
Ти благодарам... А како даваш, еднаш претпладне, го заменуваш со млеко? После тераш цел ден само млеко? Ти благодарам... А како даваш, еднаш претпладне, го заменуваш со млеко? После тераш цел ден само млеко? Пред
Моцарела како давате, со што ја комбинирате, треба ли да се воведува? Бебето мое јаде скоро све од млечни производи.11+
Моето станува накај 8, некогаш 9 мах пие млеко па следниот оброк наместо млеко давам каша, па потоа следен оброк кога ке побара млеко и си тераме така до спиење само млеко. За една недела ке прави 6 месеци па планирам да почнам со уште еден оброк каша. Така кажа педијатарот. Две недели од кога ке има доручек може да се почне со ручек, па две недели после ручек може и вечера.
@malasimba во ремедика одиш? Моево почна со еден оброк и во сабота ќе полни 6 месеци, само не знам дали да почнам со втор оброк некако брзо ми доаѓа, а и мене педијатарот ми рече по 15 дена од доручек да воведам ручек. Се мислам од 6 ипол да и дадам ручек.
Не, во пантелејмон кај др цаци одам.. она го кажа тој перод како приближен, па јас ке пробам да воведам. А ако ти се чини брзо, не е ништо страшно да почекаш уште некое време
Јас решив да воведам ручек пет дена пред полни 7 месеци, гледам дека е време, добив и "зелено светло" од матичната. Детево ми е лапач, а и бара да цица на 2 саати сеуште.
7дена пред полни 7м воведов ручек, од причина што јас му давав нова намирница за време на ручек, а тој незаситно јадеше и се бунеше зошто нема уште Кога воведов и вечера, бебе мое ги разретчи подоите од 2ч и навечер престана да станува како аларм на 2ч.
Ах иста сум има 3 оброци убави обилни и ужинка и пак се буди на 3ч.ќе цицне и ќе заспиеше...а оваа недела веќе и цице не го презаспива...Ноќеска од 01-3:40 се нишкавме де јас де маж ми не пукна цице,вода не бре ништо не го успиваше...и сабајле доручекот лапа ли лапа
Нема врска храната со честите будења. Посвесни стануваат за околината, поинтензивно ги доживуваат случките, поинтензивно сонуваат. Има еден таков период после првиот роденден, со првото дете ми беше поизразен, со второво не толку. Висат на града нонстоп ноќе.