Сандрич тука немаш глутен во инстант кашиве: пченка, ориз, просо, хељда. Јас планирам исто неделава да почнам, или со овесни снегулки, или со спелта инстант каша на Холе.
На некоја членка и пишав што каши сум земала. Знам во нив дек дема глутен. Земав некоја инстант каша вчера што има глутен. Мислам на нестле беше. Па ќе и давам од време на време.
@kukla21 @mal.ecka Кивито како го давате? Цело, со се семки или? И кажете некоја комбинација. Сол и шеќер од кога смее и по колку?
Што најчесто давате за ручек на 7м, освен месо? Исто би сакала некоја комбинација со брокула, но без компир?
12 дена поминаа од како почнавме со пробување вкусови, јаболко,круша,морков и банана има пробано, покажува интерес за храна т.е на третиот ден од вкусот јаде по 60-70г секако. Што е следно за проба? Слива,тиква,ориз? Да воведам појадок веќе? Или да давам зеленчук сега за проба? Или па тоа во текот на денот кога ќе треба да е време за ручек? Да комбинирам појадок од овие намирници и да чекам 6м за нови или? Друго, имам гриз од оној со бебе, од кога се почнува со него? Не пишува на него дека содржи глутен.
@Minnie-e цело го ставам. Според мене има баш интезивен шмек и вкус и иде со нешто "блашко". Јас со банана и авокадо го правев и пак го осеќав како "реже". Следно и урма би додала. Авокадо, киви, банана. Киви, банана, јаболче. Крувче, киви и урми.
Можеш веќе да даваш оброк штом има интерес за јадење. Нов вкус ќе даваш околу 12-13часот за проба. Почни и со зеленчук и комбинирај. Да продолжи со слива, тиква, ориз, компир...
Мајки Прво се дава жолчка Или глутен ? Кога дадовте вие првпат од двете? Дали домашно јајце мора да е?
Прво глутен, после жолчка. Глутен дадов околу 7ми. Жолчка после 8ми. Давам купечки јајца од маркет. Немам од каде за домашни. Ако имаш давај домашни.
Зимава мн ретко несат јајца имам баба од село сабајле ќе ми донесат по автобус , само 5 имала Да му дадам сега и додека имам домашни 7м сме?
Ориз се воведува и се дава само ориз или се меша? И од кога? Го добив во пакетче,а пишува 4+ на него, а ко што гледам на све пишува 4+.
Ориз слободно давај...подобро дај го со воведена намирница, зш блунтав е чист. Колку сака толку. Нема гајле