И ние полниме 5 месеци је је је... Ќе почнеме со вкусови. Ептен сум среќна, не знам зошто. Ја исчитав може пола тема. А има промени во цицањето од кога ќе почнат со вкусови? Одма после јабука и даваш да цица @Chanell*?
Првите два дена одма бараше,ваљда гасеше жед со цицање. Сега и нудам водичка, пие, и бара да цица после саат и пол-два
Срце бе пораснаа за кркање ццц.. слободно прашај што и да треба некогаш ако немаш време за читање уназад
Немој ваква каша на бебе, катастрофа состав, полна е хемија. Општо избегавајте ги овие кашиве на Фрутек.
Лолипоп во принцип хип давам кога немам спремно дома али повеќето луѓе за нг и донесоа фрутек...тате ќе ги јаде да не се фрлат хехе Фала ти многу.. А некои бисквити има ли за бебе или нема потреба?? Во една табела што ја имам симнато пишува бисквити дека може од седум месеци.. Со млечни со што почнувате и од кога? Ваму пишува со кашкавал али не ми е јасно мислам дека к.млеко или урда би било поадекватно..а педијатаров вика павлака викам каква вика вие ко што јадете таква ама не ми се дава..нз зошто така ме посоветува...
И мене многу често ми донасаа Фрутек, ама не ги давав. Почекај барем понатака може ќе ти се најдат во некои исклучителни ситуации, сега е мало за таков сложен состав. Од млечни производи кашкавал и павлака после годинка, освен аки немаш домашни, тогаш може и порано. За почеток кисело млеко, урда и сиренце. За бисквити јас сум со големо НЕ, никогаш не сум купила од бебешките, до годинката му правев домашни, после престана да ги сака, а од тогаш навака (2 години е синко) дали 5 пати сум дала од купечките.
Се ежам од палмина маст, а главна состојка на скоро сите бисквити е палмина маст и не би дала како главен оброк. Во Лидл најдов едни со путер и од нив давав, тука по нашиве маркети не сум нашла некои без палмина за да дадам.
Овие се единствените без палмина маст колку што се сеќавам, никаде не ја прочитав во составот, во Веро сигурно ги има. Со овес и спелта се. Има и обични и чоколадни, ама не се без палмина маст. Мало е пакувањето, 100г, на едно јадење двајцава ги јадат.
Начисто не можеме да ја избегнеме, веќе во сите производи ја ставаат. И онаму каде не е декларирана и таму ја има. А дете ко дете, си сака грицки, блакце и нормално не му бранам кога е наместо ужинка ама тоа мислам дека е повеќе од доволно. Овие знам еднаш ги постираше и си реков кога ќе одам за Ск ќе ги побарам, ама заборавив. Овде по нашиве маркети Жито, Тинекс.. ги нема.
Спанаќ три дена по ред се воведува? Дилемата ми е ради тоа што и онака спанаќ не е препорачливо почесто од еднаш неделно да се јаде. А житарките како се воведува? Давате три дена од една, пример три дена овес?
@Kitten јас спанаќ дадов два дена по ред, првиот малку, вториот веќе колку сака. Житарки не воведував, дадов по еднаш од сите и ги сметав за воведени. Така педијатарот ме советуваше, дека нема потреба по три дена да се воведуваат
Јас житарки дадов микс. Ме советуваа така може. Само ако јави реакција да почнам една по една затоа што нема да се знае од која е.
Супер, така планирав и јас со житаркиве. Дадов инстант каша од спелта, а нареден ден овесни снегулки па се помислив да не грешам. А спанаќ колку количински за прв пат? Неколку листа или количина за да се направи каша без додавање други намирници?