Не знам. Немам купувано од Лино. Читај состав, што ти се допаѓа земај. Јас зимам Хип и Холе. Најчесто Хип. Тука кај нас немам и некој избор. Маж ми ми носи од ДМ за промена.
Пиши бриши направив со постот, по грешка, па еве пак да пишам. Јас дадов еднаш Лино-крушка, и вчера кога ја видов сливата на Хипп дека содржи шеќер,ги проверив и другите каши, за жал и оваа на Лино исто содржи.. Во темата “Дохрана со Лино” налетав на слика од кашичка јаболко и кекс за 6+ во која пишува дека содржи шеќер и ЈАЈЦА. На 6м јајца.. Не би дала пак, јас ќе си ги јадам тие што ги имам
Здраво мајки, прашањево е многу пати поставено ама не сум обрнала внимание бидејќи не ми требало тогаш ... утре полни бебчето 5 месеци, пред два дена почнавме со пробување на вкусови, дадов јаболко 2-3 лајчиња, денес е трет ден. Утре ке пробаме круша три дена, па слива, морков итн ... прашањето ми е дали да давам јаболко да си јаде како доручек а во мегувреме да воведам круша и други работи да пробува или прво да пробаме неколку вкусови, па потоа да воведувам појадок од веќе пробаното да си правам комбинации? И како ги правите кашичките потечни со вода или погусти? Бебево мое уште незнае да јаде со јазичето ја турка храната а бара уште му се допаѓа јаболкото(со време ќе научи ). Како правите вие?
Јас почнав со пробување вкусови на 5 ипол месеци, 3 дена морков, па 3 дена јаболко и др. се по 3 дена и само едно без мешање вкусови. Кога испроба од се што може да се дава почнав да мешам на пример јаболко со банана, јаболко со морков, просо со банана, киноа со модра слива, па после почнав и комбинации од по 3 или 4 работи. Зеленчук исто прво само морков, само брокула, компир, карфиол, тиква, тиквица и др. После одкако ги испроба почнав да ги мешам. Во врска со густината ги правам во нутри практик и гледам да не е ептен течно туку кога ќе земеш со лажичка да стои да не се растече. Тоа ќе видиш до бебето какво ќе сака да јаде. Моето уште некој ден ќе прави 8 месеци и ако останат мали парчиња и ги осети почнува да се закашлува и прави фаци ко за повраќање. А заби има два долу и еден горе ама неќе да џвака. А околу количината на почеток ќе дадев една две лажички ќе почекав 15 мин да не се појави осип околу усте или некаква реакција ако нема ништо давав и повеќе колку си сака како еден оброк, после саат време од кашичката и доење.
Во зеленчукова кашичка со другиот зеленчук што се вари кругче кромид (10тина грама) еден ден, следниот ден повеќе, колку да видам да не има реакција. А лукче онака ставив едно мало чешне прв ден, 2 втор ден. Џивџи сака лук во кашата, ама затоа корне после. Хахаха.. Некои 6+ викаат некои 7+ Јас лук покасно дадов, не за друго се заборававме да купиме.
Ориз и просо се 6+, ама на почеток на шести месец, на крај или нема врска? И оризот колку време да го варам па после треба да го блендирам така?
Majki deneska za prv pat treba da probame kompir, no bidejki samo morkov ni e voveden do sega od zelencuk, dali bi bilo podobro da gi dadam kako kombinacija bidejki slusam ne go bas sakaat kompirot
Во 6 ти дадов од двете. Просо зедов на Холе, а ориз прво на Хип, а сега обичен. Обичниот си го вариш исто ко за вас кога вариш, па блендираш со некоја намирница.
Можеш. Најдобро е ако имаш батат тој е посладок Просо земав на холе, имаш упатство околу 100 мл вода и 4-5 лајчиња просо. Палента јас дадов околу 6 и пол м.
Или комбинација со морковот или со млекце измешано како пире. Можеш и со тиква ако имаш воведено, јас и така имам дадено. Ретко чист некој да го сака.