Во дм имаш органска. Има и во зегин. Јас покиснував од вечер и после варев. Бебе не јадеше и го запоставив. Не ми текнало да и понудам пак
@TeddyGrey просо органско на Биокосмос, а палента за почеток давав на Хип, baby’s first corn. Најлесна е за правење, само топла вода додаваш и готова е. Давав таква првите месец два, потоа обична. Ја дадов на почеток уште, на 6 месеци, палентата е една од првите житарки неглутенски што се воведува. Јас не ја воведов класично, едноставно дадов еден ден и толку. Со секоја житарка вака правев
@TeddyGrey за бебе најубаво од лупеното просо, ептен брзо се вари. Како што ти посочија или Био космос органско (тоа беше околу 180 ден за 500г) или органско на Дм (има само од кило, тоа е околу 230-240 ден). Јас од Дм земав и просо и палента. Не сум по инстант кашите, сакам да учи од старт да има по некое грутче или зрнце, и прифаќа без проблем!
@TeddyGrey инстант каша има на Холе, но за жал е млечна со кравјо млеко мислам (ако сакаш ќе видам за сигурно), не е чисто просо, јас купив по грешка, но не дадов. Давам и јас во зрно на Биокосмос, ДМ кое ќе го купам, мојот е вљубеник на просо, речиси секој ден му е на мени. Еднаш купив и снегулки, ич не знам чии беа, ама катстрофа испаднаа, мирисаа и бебе не ги сакаше. 8+ ги дадов, плус и рибизли дадов тогаш
Имам домашно петле . Бебка 7месеци наполни вчера.од кога давате пилешко и дали и мевце или водичката само за почеток? Убави празници срцли
Pocni si slobodno jas go pocnav od 6 so meso i super si e se si jade. Vecerva pa go nakrkav gravce sega sme 10 i mu dava se sto jademe nie
Секогаш додавам во оризот нешто, ако ми е за брзање додавам готова каша ако не додавам домашно приготвено, илииморковче, спанаќ, брокула, тиква, јаболче
Ставав да поседи во сад со топла вода до околу пола потопено, обавезно со изваден капак и извадена хартијата од тегличката за да не слизне. Сега не топлам зошо сфатив дека моево нејќе топла каша, и зготвените/блендирани чекам да се изладат. Некогаш само зеленчукова/месна кога давам под чешма со топла вода колку да се опушти малку кашата.
Ова бебе мое само банана сака. До сега купечки каши и давав, чиста банана, и банана со јаболко проба, јаде по 100г, друго едвај ми јаде, се со сила пикам Банана со слива, банана со крушка оди ли ? А Банана со морков? Сливи имам замрзнати домашни од летоска, шубе ми е да дадам Или нема врска? Да нудам банана со било која намирница овошна воведено? Шансите за тврда столица се високи,м? Компир од кога смеам да давам? Само сварен, па со водичка блендиран или со мајчино млекце? *Аптамил отворен од ноември,нема грутки, само три мерици потрошени,ама да го џитнам така? Мислев за каши ќе го користам, ама читам 3 недели само да стои треба, а не знам зошто
Па толку, откако ќе го пресечам вадам семката и го ставам во кутија, ако го потрошам дури не потемни ОК, ако не корпа. Банана со се иде Со моркив не сум дала, ама речиси во сите овошни каши ставам банана, за густина, блажина, бананче мора да има Зрела банана не прави запек, не давај зелена или тврда. Сливи замрзнав и јас, ама гадни се и мирисаат, иако уредно се спакувани, некако очајни се замрзнати, па давам од компот без шеќер што имам. Компир обавезно мешај со нешто инаку ќе се лепи, млекце, тиквичка, морков било што. Адаптираното у канта, се троши за 3-4ри недели, стои и на самата опаковка.
Лапка мојава, пробуваме. Многу комплицирано ми личи. Се праи прасе од 5 лажички... Ми иде да се откажам и да си цица ... Поедноставно е.
И да знаеш дека поедноставно од цице нема Да те утешам како ќе воведуваш оброци се повеќе ќе ти преседнува, така да чек не давај уште од сега вакви искази. Мислам дека пола ден ми минува во спремање каши и хранење, е не се прља бебе мое, па тоа ми е плус Земи си лигавки кои се мијат, јас од ДМ на Бејбилов имам и ми се најпрактични, ем лесно се мијат, па и ги перам под чешма, машина, ем не се шкорави
Е со лигавчето - и го зима и во уста бап и ушљакано све... Цело лигавче со јаболко, па и на чело... Прасица. Ај и на ова ќе се навикнеме.