Bi sakala da te prasam, dali vodickata sto ostanuva vo sadot kaj sostojkite ja koristis? I jas go imam, prezadovolna sum
@Zebricka да, со водата од зеленчукот блендирав претходно, а сега пасирам. Ја истурам на страна откако ќе ми се свари јадењето, па си додавам по малку пред да пасирам, во зависност од тоа каква густина сакам. Не ја фрлај, таму е цел вкус од јадењето
Мами по колку грама каша ви јадат бебињата на 6,5 месеци? Моите јадат два оброка по сто грама. Вториот ни е воведен десет дена скоро и едвај јадат сто грама ама јадат.
здраво ние за една недела треба да почнеме со кашички.. ако може да ми објааните што како колку .. дали треба млеко мајчино во нив и слично.. до сега сме само на мајчино млеко ни вода ни чајче ништо не сум давала бебе има 6 месеца
Јас ставав по малку мајчино млеко првите денови дур свикне да јаде, сметав дека тоа и е веќе познат вкус,уствари и единствен вкус што го знае,па може ради тоа лесно ми ги прифаќаше сите нови вкусови
Почнав со јаболче, прв ден неколку лажички 2-3… втор ден повеќе, трет ден колку сака, па морков дадов, прв ден неколку лажици, втор мешав со јаболко, па дадов после круша, слива, компир, тиква..... Давав нова намирница со веќе воведена. После 1 месец имавме доручек од причина што не форсирав. Прво земав купечки каши пошо може до 3 дена да се користи. А сеа и готвам, варам па блендирам. Мајчино не сум ставала јас во кашите.
Почнав и сеуште давам Хипп каши, ќе почнам да и готвам за скоро, дури да се навикнеме убаво купечки ќе јаде. Таман и јас да поднаучам дали варено или свежо треба да давам Јас давав вака: јаболко,круша,морков,банана,слива,тиква. Ова е за 5месеци, за 6 сигурно има многу повеќе дозволени овошки. Од се давав по 3 дена. Една кашичка за три дена, грамови не знам да ти кажам, давав по 5-6 лажички прв ден, па по 10тина втор, третиот ден јадеше многу повеќе. @Sandrin4 Праска и кајсија даде? Што друго во 5ти имаш дадено освен овие моите наведени?
Јас по тебе ќе се водам. Таман ни се 2 недели разлика малите. Вие уште малце 6 ќе полните ми се чини. Мојава лапка. Јаболко и слива сака, а на круша ми се мршти и ми затвара уста. Ќе видиме следно. Малце комплицирано ми личи, ама тоа е, растат мора да се јаде.
Ве читам и се чудам како ви јадат бебенцата абе ние мака мачиме за 3-4 лажички, само морков и тиквица јадеме се друго зорле и со плачки... За една недела ќе наполниме 6м и осеќам дека веќе не го држи моето млеко ми се буди навечер на 2часа бара цице па и си цица..давајте совет веќе незнам како да пробувам да почнеме да јадеме
@TeddyGrey Верувај не е, и мене ми беше чудно првите денови, ама со тек на врене влегуваш во шема .. Мојата се мршти на се, па во се ставам третина кашичка банана за да јаде. А осети банана дека има, устата пештера Инаку си јаде, кога завршува со појадокот го враќам остатокот од кашата во тегличка за да видам колку изела, испод 100г не е. @baby 5 Моево од старт до сега се буди на 2-3ч за да цица навечер, ама убаво напредува.. Не сум помислила дека можеби не ја држи млекото. Пијавичка, страсен цицач е
Банана можете свежа да додавате, лесна е за пасирање и вкусот е многу поубав од онаа во кашичка. Мене многу гадно ми мирисаше кашичката и банана секогаш свежа давав(м), убаво созреана, да има црни точки по неа
@TeddyGrey Па јас баш за густина ја додавам, мојава сака погусти каши. Сега веќе и на парчиња ја кршам бананата, ако е пасирана не ја јаде, бара парчиња да има. Ама ако ти е густа, секогаш можеш малку вода/м.млеко да додадеш