Zdravo majki,5+ sme, od ovosje kombinirame sliva,jabolko,krusa,banana od zelencuk morkov,kompir,tikva ... Sto drugo da vovedam? I po kolku gr jadat vasite mali,moevo okolu 100 mnogu da ne e?
Ние сме 5ипол и денес почнавме со цврста храна, прво па банана. Плаче бебе сака уште Мама пресреќна, ми порасна бебулето Дали при блендирање додавате малце водичка или само овошјето/зеленчукот?
Јас водичка не додавам, може малку измолзено или ад млекце, зависи беба какво пие. Бананата сите бебиња ја сакаат зошто им е убава, благичка
Majki kazete recepti kako gi koristite gotovite kashicki ili samo taka gi davate. Sega sme so dorucek i rucek samo. Dobivme mnogu za praznicite pa da gi ruckame
На почеток така ги дава. Кога воведов намирници почнав да комбинирам. Ете сега нема убави круши, па ставам во свежото овошје Хип крушка.
На почеток чисти давав. Сега мешам, половина каша јаболко+половина каша банана .. Па другиот ден банана+круша,третиот јаболкото што останало со банана пак.. И така во круг, нели пошо 3 дена стојат во фрижидер отворени, па така ги комбинирам. Планирам месо кога ќе воведам вака да правам, свеж зеленчук+месо од каша. Побезбедно ми изгледа.
И јас му давав од Хип кашичките по 125 грама, но забележав дека му е малку па почнав да правам домашни и му давам колку сака, по совет на мајките тука И јас сум во збунки целата откако почнавме со цврста храна, што, како, колку, ама ќе се навикнеме
Во старт не ограничувам бебе во количина на оброк. Уствари до крај на 7ми ај и правев некое ограничување и постепено зголемував/односно давав колку сака да изеде, следев дали му е тешко на мешко. 100-150г бебе јадеше штом воведов оброк, значи на 6.5м.
Кога воведов цел оброк на 6 месеци лапаше по 120-130 грама каша, мерев со тегличе од куповна каша за да знам колку отприлика јаде. Сега со 7 и пол месеци бута 200-250 грама без проблем... Ждеро!
Кога и е нешто вкусно и давам и по 180 г. Си ставам во тегле 120 г и вика за уште, па истурам уште пола го лапка и тогаш веќе затвара уста.
Здраво.Моето бебче проба јаболко круша морков компир слива и тиква досега...има полни 6 месецци на што да прејдам сега,?банана смее?палента?што друго смее од жита и како спремате тоа?пример тараната како ја спремате
А какво просо како приготвено од која фирма да го купам ве молам за повеќе информации? Ориз дали смеам?а гриз?што од житарки воопшто можам извинете на многу прашања
Просо лупено од Биокосмос користам. Го варам со вода. На некои 100мл- 150 вода ставам 3-4 лаж просо. И мешам. Додека не си ја земе водата. Го мешам со овојше. На последно немам правено ама мојот на почеток го сакаше. Сега не. Здраво и убаво е да се јаде.
Имаш убаво лупено просо и во Дм. Се вари во вода, една супена лажица варам во вода до пола ѓезве, па кога ќе биде сварено (некои 5 мин откако ќе зоврие) вишокот вода го процедувам низ цедалка. Може во комбинација со овошје, а може и со зеленчук за ручек. Ориз и палента исто можеш, а за гриз и други житарки почекај до 7 месеци.