ние сме 5ипол и почнуваме со вкусови. Од денес сме втор вкус зеленчук. Дали постепено самите си правевте оброк или ве советуваше педијатар. Ние на 31сме на контрола па не знам дали до тогаш само на 3 дена да му менувам вкус или малку по малку како оброк да му правам. И дали преферирате домашно готвено или готови кашички?
Обично педијатрите советуваат по 2-3 недели отприлика од почнувањето со вкусови да се воведе оброк (ова секако не е строго правило). Тој оброк секако нема да е голем количински на почеток (мене ме советуваше педијатар дека изедени 100-120 гр се смета за оброк на почеток). Давај му комбинација од веќе пробаните вкусови да си јаде, колку изеде-толку. Во меѓувреме (претпладне) можеш да си продолжиш со воведување на нови вкусови, по неколку лажички.
Јас сама му зголемвев оброк, пошо си го пратам детето и знам како му е најубаво. Со педијатар околу намирниците само се консултирам. Сеа имам мн каши од н.г па обично тие и ги давам плус ориз или просо или палента.
Јас малку се збунив, не знам дали згрешив. Почнавме со јаболко 3 дена, денеска 4 ден им дадов 5 лажички морков и после зедов им дадов пак јаболче дека нели воведено. Згрешив?
И јас истава дилема ја имав на почетокот Не си згрешила мајка, но не мора да им даваш и од веќе воведеното кога пробуваат нов вкус Поентата е, откако ќе пробаш неколку нови вкусови по 3 дена и кога ќе воведеш доволно вкусови за комбинација, можеш да даваш ново со веќе воведено. На пример, сега бидејќи имаш воведено јаболко, можеш следниот пат да им дадеш крушка да пробаат заедно со јаболкото, или тиквичка со морковот Може од 6+, јас меѓу првите намирници ја дадов. Комбинирав со секакво овошје (јаболка, круша, банана, па дури и со авокадо кога пробавме и тоа). Ја имам комбинирано и со зеленчук во ручек (без месо). Понатаму, кога ќе воведеш вечера и млечни производи, убаво оди со кисело млеко и несолена урда/сирење.
@dade123 не, ситна е палентата, нема потреба од блендирање. Можеш да земеш и на Хип во кутија, таа е уште поситна, само со топла вода се прави. Може да се меша со купечки кашички
7+ сме. Може ли кисело млеко и јогурт да воведам и кои? Земав житарки на холе (пченка,просо и ориз)-смеам ли тоа за доручек да дадам (пченка и просо уште не сум вовела)?
Смееш кисело и јогурт. А кои е твој избор. Сите различно ќе ти кажат. Јас лично Јока зимам оти ни е локална млекара. Барем знам дека е свежо. И житарките смееш. Ако имаш просо дома дај прво само просо. Па после комбинацијата. Ама и вака да дадеш не е проблем.
Почнуваме со воведување вкусови, 5 месеци сме...ретроградно барав одговори на темава,но не сретнав или сум прескокнала за оваа консултација... Од намирници прво воведуваме овошје. Прашањето ми е дали овошјето термички го обработувате(обарувате) или свежо/сирово?
Здраво мамички. Малиот наполни 4месеци и 10 дена . Што можам да воведам од кашички само јаболко до сега имаме пробано
Јас не сум варела овошје ни со првото, ни со второво дете. Давам исклучиво свежо, освен сушеното кое мора малце да се обари.