Мајки давате ли овошни јогуртчиња од Јогобела и зот,или некои други, и пудинзи, монте на пример или дукатино?Јас почнав да му давам чат-пат како ужинка-десерт бебе има 12м, има ли некои поздрави опции да препорачате?Пробав да му правам домашен овошен јогурт ама не го сака а од овие се лаже чат пат да касне.
Од 7-8ми месец се, освен грав. Грав и мене ми е тежок, не па на бебе. Скоро кај годината грав и дадов. Докторката кажа може, ама се водев по мене. Готвам ко за нас
Грашок дадов на 7+ со морков и компир. Планирам сеа боранија и леќа. Грав мачно е за стомак башка ни за нас не варам. Економија
Јас боранија дури сега дадов/воведов, вчера и денес, ја забораив Ама пртка од неа. Грашок моево нејќе да смисли, само 10-20гр. можам да шмугнам да не ги осети, пред некој ден повеќе грашок имаше, у канта отиде кашата. Леќа мислев покасно е? Црвена, така?
Сува слива и кајсија може од 6 месеци. Сега за сега само на слива сме, многу убав вкус дава на кашичките Полни се со шеќери! Подобро домашни јогурти и пудинзи. Знам дека е полесно-отвори и одма јадеш-, ама ако ти е за носење за ужинка, подобро од бебешките што ги има во аптека.
Плиз пиши како ја правиш На големата не ѝ правев од суви сливи и кајсии, ама сега на малово сакам домашни да ѝ дадам. Уствари сега сакам само домашно да давам
Ништо нарочито, ставам две сливчиња во ѓезве, ги варам да омекнат, и ставам во блендер со другото овошје. Не ги лупам па затоа може да останат многу ситни лушпичкино но (секако тоа зависи и од блендерот) но на мојава не ѝ сметаат.