Јас само со овошје го давам, а може и со зеленчук, но би се давало за време на ручек, а јас преферирам да нудам ,,наши,, јадења, па компир, ориз, грав, леќа ми се основа, а ако ставам просо другово не би
Грашок кога воведовте??, гледам по табела од 9м а моево е 7ипол... Јас мислев таман е па ставив 5 зрна со морков и ориз.. касно ја видов.табелата..да го фрлам да спремам брзински друг ручек или да дадам?
Не е страшно 5 зрна, дај слободно. И јас дадов околу 7-8 месеци ми се чини. Не се води строго по табели, има мал милион, и сите се различни Мене искрено форумов ми беше многу повеќе од корист отколку табели и доктори
Не им се замарај на бабите, на нив тоа им е работа @emkaemka И моево не беше воодушевено. Ама затоа на лимонот му се прерадува Мами што давате и ужинки може ли да ми кажете како ги распределувате (во колку саат оброк, во колку ужинка)? Мојов уште има две дремки и не знам дали пред или после спиење да му давам. И дали вечерата ја поместивте за покасно? Јас до сега само смоки му имам давано и штом ги здогледа негде одма се тресе по нив. Можно е да е гладен или пошто смоки се
Како да ја натерам зеленчукова каша да јади? Овошни лапа секакви ама со зеленчук мака имаме. И стварно грди се.
За една недела правиме 6 месеци. До сега проба јаболко,круша,слива,банана,тиква,морков,тиквица и ориз. Што е следно? Што се може во 6ти? Што од овошје што од зеленчук, месо, масла? Втор оброк кога се воведува? Веќе две недели има доручек. Гриз,овес,безглутенски бисквитки од кога се?
Па да, мада ако ти е топло јадењето ќе се растопи и отпосле ако го ставиш. Една мала лажичка путер е доволно.
Компир, карфиол, брокула, пашканат, кромид, овие можеш во шести. Исто можеш и маслиново масло. Јас од кога воведов доручек после две недели воведов ручек па за две недели вечера, а за телешко месо ми кажа после две недели од кога ќе воведам вечера. Глутен планирам во 8 месец да воведам.
Брокула, батат-компир, праска, кајсија, просо, палента, маслиново во зеленчукот. Гриз и овес се глутенски. Јас глутен на 7 воведов.
7+ дадов грашак @Minnie-e мојов кога како има ужинка, не поместувам ништо, давам измеѓу, ако ми ускочи шанса тогаш. Најчесто мојов не е гладен за конкретна ужинка, смоки, лепче, соленки, бисквити, мафина, колаче, двопек јаде кога ќе му се укаже шанса ама ипак измеѓу, но и за жал не јаде уште парчиња па колку и да гњави мафинот он пак е гладен и јаде каша 300г. Ова ваљда и дека е со мене цело време, па и пред дремката обавезно цице, измеѓу ручек и вечера обавезно цицнува инаку ќе збесне. Смоките му се интересни и на мојов едно време хит му беа И мојов така едно време па во секој ручек имаше цвекло, тиква или батат, маскирај и ти
Кај мене во продавница нема, но веќе се снабдив со суви на агромакс и една жена имала замрзнати ќе ми ги даде, засега доволно ни е. Инаку и јас мислам како да имав видено во зегин кашичка на хип од пашканат, но не сум сигурна.
На холе си видела. Има хип слива и јаболче. Таа е без шеќер. @Minnie-e мојава појадува до кај 9. Во 11.45 нудам ужинка. Што изеде-изеде. Не ја силам. После креветот кај 12.30 и кај 3 руча. Во 5 идам од работа и цица, па кон 6 30 вечера. Пред спиење пак цице.
Моево дете веќе ништо блендирано не јаде Освен Хип купечки, си се научи се така да си џвака фала богу . ми беше страв да не нема да го научам. Овошјето му го рендам, банана така на кругчиња, каши зеленчукови благо пасирани, мевце сецкано. Крка и цело јајце Шпагети шмука боље од мене циркузи живи. Некогаш знам и од нас храна да му дадам, просто доаѓа се црта и те гледа во очи дека кркаш шири муцето и и мора да му дадеш. Стек највеќе сака да јаде цели парчиња. Затоа веќе и не зачинувам прејако ко што си знам дур готвам, многу малку зачини и сол Шу да му праиш стврно газе е. Печен ориз и стек обожава А и свинско си сака, јаде по малце исто и кус кус сега скоро му воведов, тоа со урда, кисело млеко или крем сир и путер си обожава уште грав не сум вовела, таман да го активирам за прдење
Не сум ја видела. Но суров пашканат сериозно не би дала самостојно, премногу е јак на вкус а и тргам од нас дека ние не го јадеме таков, секогаш е како додаток за во супа и манџа. Претпоставувам и купечката каша е пожелно да се измеша со нешто, исто како што има каша од чиста брокула, чисто пилешко месо...