@mimiiiii јас дадов прво месо, почеток на 7ми. Жолчка 8ми месец. Полесно е прво да дадеш месо макар почнала со водичката од месото. Ќе знаеш дека е воведено. Почнав со телешко, пилешко давам Холе од тегличка, мисиркино свежо давам кога наоѓам.
Не ,нема потреба. Можеш прво еднаш да дадеш само од водичката каде се варело, да се привикне на вкусот или прво помало парче, 20-30г. Јас дирекно дадов 50г и уште толку ставам оти не јаде повеќе од 200г.
Мајки, мора ли месец дена да поминат од воведување прв оброк, за да вметнам и втор? И давам зеленчук да пробува и тоа не е проба, баш јадење е, 80г си ги јаде без проблем. Не наоѓа маани, отвара уста цело време, дури не може да дочека за следно лажиче, плаче ако и ја тргнам.. и почнав да и дозволувам да си јаде колку она сака, а машала сака .. Кромидче по едно кругче смеам да ставам така?6+
Доручек воведов по 10тина дена од пробување на вкусови, почнавме на полни 6м, а ручек 5дена пред полни 7м, од иста причина како твојата, јас нудам нова намирница он се буни и бара уште да јаде, ма какви 80г, одма во старт почна по 150ч да ручка Кромид слободно дај, од око, нека е и кругче, не многу, тој се дава за шмек, стави го само некои 10мин да поврие на пареа, инаку јас кромид не воведував, само дадов
@emkaemka И јас планирам само да дадам, за поубав вкус. Ние почнавме со вкусови 2 дена пред 5м, доручекот и беше воведен после 10 дена, оттогаш до сега се поминати 3 недели. Утре прави 6м. Вчера мислам и поише од 80 изеде, пола тањирче го лапна, па да не и кратам од задоволството. Ќе давам ручече.
Женски а купувате ли кашички од дм? Сега читав за едни кашички во 2013 биле повлечени заради стакло а др со дата до 2019 исто биле повлечени будејќи имале присудтво на некое средство за чистање со хлор?
Па тоа е од пред 6 години и не е во мк ама па сакам да видам ваше мислење за нив. Мада и за хип викаа дека се со гмо па нема врска. Само да се плашиме за жал
дали пред да дадам храна треба да почнам со сокче од јаболко прво ило дирекно на храна? за почеток е подобро кашички готови или варено па во блендер? дали треба да додавам вода или млеко... фала
Дирекно храна. Нема потреба да даваш сокче. Празни калории ќе внесува само. Јас почнав со купечки . Првиот месец , кога давав свежо, малку варев на пареа да омекнат, па блендирав со водичка.
Поретко,скоро ич,моево не ги сака. Само хипп сака,холле исто не. Ако има нешто би требало да се реагира одма да се повлече. Стакло ,страшна работа,не сакам да помислам
Жени, ме фати нервоза. Се осеќам дека вечно ќе ја дојам бебкава. Искрено, сакам да јаде. Пробувавме вкусови и за првите лажици отвара уста јаде. Ама 3 дена како се мачам доручек да изеде порција без да цица. Ме фаќа нервоза дека не може да се најаде и мора да се доцица. Вришти пред лажицата, а не е можно од 5 лажици да се најаде. Се препотив колку се нервирам не знаете. Мора да се учи да јаде не може само на цице, мора да знае дс јаде. Не можам веќе да дојам сакам дс намалувам подои и да воведувам АД. А тоа е друг проблем што не пие од шише. Ќе збеснам, помагајте.
Не се нервирај. Најголем дел од децата го прават истово што и твоево, ретки се тие што од прва лажица јадат цел оброк без разлика што содржи. Само трпение треба. Нуди почесто, не еднаш во денот. Само новите намирници давај ги наутро, другото што е веќе пробано, нуди и подоцна. Ќе се научи. Нема потреба да воведуваш ад млеко, секако минимални се шансите дека ќе го прифати.