Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Се осеќам дека цело време ќе ја дојам, нема да научи да јаде.
    А како да нудам храна? На секои 3 - 4 саати како што цица?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.772
    Допаѓања:
    202.665
    Пол:
    Женски
    Тиквицата е полесна, ама пак тиквата ја имаме тука периодов, тиквицата можеби е увозна. Мислам дека тиквата ќе ја сака повеќе.

    Ќе научи, ни прво ни последно.
    Ќе понудиш прво сабајле, во времето предвидено за појадок. После тоа, околу времето предвидено за ручек, ако не изеде колку што треба. Подоцна нема потреба. Ама реално до кај 6 полни, 6 и пол месеци генерално само пробуваат, цел оброк не јадат. После тоа како ќе стануваат поактивни, така ќе јадат повеќе.

    Малово ништо не ми сакаше. Додека бев дома, јадеше колку да се рече дека јаде, повеќе на цице висеше. Кога почнав на работа имаше 8 месеци, два месеци маки мачевме да пројаде. На 10+ веќе јадеше се што дотогаш имав воведено, оти виде дека нема цице кога сака.
     
    На duffi, Zebricka, Sandrin4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Zebricka

    Zebricka Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Mleko ima li potreba da se dodava vo blendiranjeto
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Па за десетина дена сме 6 месеци...
    Ко џанки е за цице... Пробува за пробување ама само толку.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Обично во вечерата ставам една мерница АД. Ама вие тек почнувате со храна.
    Во доручек и ручек немам ставано млекце.
    Ама читам дека некои мајки ставаат мајчино, доколку цица. Не е грешка секако.
     
    На Zebricka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zebricka

    Zebricka Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Isti sme i nie :(
    Pred mesec ipol imame vovedeno vkusovi i seuste edvaj nekoja lazicka ke izede, mislam deka nema sansi moeto dete da izede cela kasicka
    Isto shishe ne prifakame
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    @TeddyGrey знам дека се нервираш. Ама повеќето така почнуваат, ретко кое дете ја прифаќа лажицата од прва.
    Јас ретко давав чисти намирници. Мешав со веќе воведено. Повеќе прифаќаше ама пак не јадеше повеќе од 100гр.
    Ако ке читаш знаеш дека уште водиме борба со нејадење.

    Пробај да ја замимаваш додека јаде. Да не е фокусирана на јадењето. Поткрени и го столчето со перниче, да и е удобно.
    Јас бев најголем противник да јаде со песни , цртани и занимавки. Ама кога видов дека само така јаде повеќе, се помирив. Менувам песни се додека не се задлабочи. Тогаш атакувам со лажицата, штом гледам му здосади, па менувам. ]:)
    Му давам во раце нешто. Да брка во чаша полна со бомбони, карамели. Вада, става, претура, јас давам да јаде. Маж ми еднаш ме праша, знае ли детето дека јаде во моментот:D. Не знам дали знае, ама само нека јаде. Иначе до ден денес нема отворено уста, ставам преку затворена. Многу ни е забавно.:bug:
    Ама има денови кога затворена уста ништо не ја пробива, е тогаш е распукнувачка.:devil:

    Беше болен и цела недела уста не ми отвори. Си плачев оти не јадеше, мислев никогаш пак нема да пројаде.;( На бисквити живееше.
     
    На joy1, karak, Mimmi39 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Kate2025

    Kate2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Мајки гледам на бебе готвач некои рецепти со несолено сирење? Вие сте давале ли, од каде да најдам?
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Те читам Дуфи, ти ја знам маката... Мојава ич не ја интересира тв, тоа не ми е опција.
    Може и треба време.
    А мене ми треба трпение.
    Реално во 6 месеци цице не ми одбила, ни скок ни ништо не и сметало да јаде.
    Заби извади без да ја осетам. Јадеше без мака, па затоа може мислев и каши ќе јаде без мака.
     
    На Sexybaby86 и duffi им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Несолено сирење е моцарелата. Или јас отсолувам од нашето сирење. Го ставам во вода и во фрижидер 2-3 дена. Моето моцарела не сака.
    Само трпени. Не се нервирај, она секако чувствува. Ете ставај и од млекцето во кашичката. Да ја потсеќа вкусот на цице.
     
    На Marija_Magdalena, Sexybaby86, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Прашање кое и мене ме мачи :)

    @TeddyGrey ете ти се погодило пијавиче и нејадач. Нема чаре. Упорност, нерви и ќе ја најдеш цаката порано или покасно :) Мојава најубаво јаде ко @duffi што кажа. Да се занимава со нешто.
     
    На karak, TeddyGrey и duffi им се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Со нешто мора да наплати.:D
    Дај и време ќе биде.:hug:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Zenski dali smeta ad mleko edna merica vo ovosnite kasi sabajle? Sprecuva apsorbcija na zelezo?
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Па да од млечниот продукт потешко ќе се апсорбира железото. Млечен оброк со овошје јас давам за вечера, за доручек секогаш ,,чисто,, со житарка.
    Некогаш давам два млечни оброка, ако давам кисело сабајље , ама овошје секогаш гледам да е застапено. Проблем со железото немаме.
    Ако имате форсирај чисто без мл продукти доручек и витамин Ц за апсорбција. Не знам колкави сте, јас давам најчесто мандарина или портокал да шмука после доручек . А сега зимата и витамин Ц во капки давам.
     
    На Carpe Diem New му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey Потечно/погусто да пробаш да понудиш?
    Мојата од течна каша плаче, погусто кога е направено ручка.
    Чисти намирници не ми обожаваше, комбинации од две или три намирници сака.
    Јаде мојата, машала.
    И бљуткаво, и со маслиново сега почнав, не се буни.
    Многу нови намирници воведов, праска,кромид,авокадо,батат,брокула,палента.. Мака нема.
    И вие сте скоро 6, ако имате повеќе намирници пробано, прави и разни комбинации.
    Мора да се најде нешто што ќе и се засвиѓа.
    Нема до сега некој вкус да и омилен?
    Дека мојата со банана скоро се пројаде, па сега не и ја ни давам толку често, а пак јаде се што нудам.
     
    На Sexybaby86, TeddyGrey и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Абе јаде мојава све. Изгледа лошо објаснив.
    Првите 10 лажици со сласт ги јаде... После како да и здосадува, затвара уста и се дојадува на цице.
     
    На Sexybaby86, Chanell* и duffi им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.907
    Допаѓања:
    110.911
    Пол:
    Женски
    Можеби несвесно си и наметнала таква рутина, сепак на нив во тој период цице им е 'се. Ваљда така ,,знае,, дека треба да касне малку и со цице ќе се дојаде, ваљда си и нудела одма цице по оброк и не добила сигнал дека треба да јаде каша за да е сита.

    Јас во старт барем 1ч го ,,држев,, без цице, па колку и да изел кашата, му стварав навика дека треба да јаде од кашата за да биде сит.
    Тешко идеше, особено што едвај сме се најале на него му се приспало и тогаш мора цице, но со тек на време свикна, уствари не траеше ни долго, максимум еден месец. Го вадев надвор, играв, анимирав.
     
    На Sexybaby86, duffi, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joan

    joan Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.798
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво (дека прв пат сум во оваа тема)
    Син ми за 5 дена полни 7 месеци. Голем е многу, и во висина и тежина (10+ кг и 74+см - не сум била на контрола месец и пол, но домашната вага и облеката така кажуваат). Спиеше по цела вечер, но последниве месец дена како право новороденче се будеше на секој саат да цица...почнав да воведувам вкусови на 5.5 по препорака на доктор Станка од Систина. Стигнав до два оброци, еден овошје еден зеленчук, но ги прифати како додаток а не како замена за цицањето и тоа многу ме разочара. Значи јаде каша и после одма бара да цица.Затоа решив да му воведам месо завчера. Почнав со бело пилешко, купено, од словенските, не сум во можност да најдам домашно, а и одлучив да му дадавм она што ние јадеме. Се израдував, конечно скокна цицање!

    Е сега, после овој дооолг вовед - имам прашања:
    1. Што велат педијатрите за (не)домашно пилешко, дали воопшто советуваат од каде треба да се купува? Телешкото го купив од Трница, зошто во ресторанот Трница го имам јадено највкусното телешко :) Овие прашања ме мачат зошто голема е веројатноста дека ќе треба често да има месни оброци зошто ништо друго не го најадува.
    2. Кој од вас има воведено месо на 7+ и зошто? Едно е дека е он ненајаден но и читав доста дека последните препораки се дека треба месо да се воведе 6+, заради железото, но и да се воведуваат дури и алергени намирници што порано, го намалувале ризикот од алергии.
    3. Читам има доста членки што одат кај доктор Станка од Систина. Може ли да споделите кои совети ви ги кажала во однос на воведувањето на месото? Одам само кај неа од раѓање, но незгодно ми е да ја барам на телефон за вакво бенигно прашање.
    4. Кога воведовте млечни производи и по чии препораки се водевте?
     
  19. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Кога почнав кашите да и ги мешам до ориз, просо, палента или која и да било каша инстант почна да ми скока цицање. Т.Е пообилни ги праев праев кашите да не е само од тегле ептем си е најадено. Месо купувам од проверени месарници.
    Млечни производи имам воведено само к.млеко и јогурт ама не е мн воодушевена па не ја форсирам. Глутен и воведов на 7 месеци.
    Секој втор ден за ручек имаме месо.
    Јас не се водам стрикно по табели. Читам искуства на форумов и пратам бебе.
    Мн не се притресвам.
     
    На Zebricka, Skorpija25, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    @joan за да го држи сито обавезно ставај житарка во доручекот. Ако немаш воведено глутен,можеш веќе да почнеш и со него.
    1/3 од оброкот нека биде житарка, секако ќе го држи сито.

    Во врска со месото јас почнав со 7+, зошто? Сметав дека е време, со храна почнав од 5+, веќе имав воведено доста намирници за комбинации, па дадов и месо.

    Коковче давам домашно кога наоѓам, а тоа е поретко. Најсигурна опција ми е тегличката Холе чисто пилешко. Купувам повремено и мисиркино од Тинекс, има свежо ,а има и смрзнато на Виндија.

    Исто и млечни дадов на полни 7, почнав со кисело млеко и јогурт. За производител секој различно ќе ти каже.Давам Јока оти се наши, секогаш е свежо, тоа ми е барем сигурно.
    Тука сум читала за Бучен Козјак,ама мене лично ми е прејако на вкус,па немам понудено ни на малото.
     
    На NarCis@, Sexybaby86, Sandrin4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.