7+ дадов лук, сосем малку, го варам со зеленчукот. Како спанаќот, не и треба многу. Чист со малко путер и Ад или мајчино, таман е. Не лепи.
На пример, просо со овошје, било кое што ти е воведено, без млеко. Пилешко со цвекло и пиперка. Спанаќ или блитва со ориз и пиперка. Телешко со грашок, морков, пиперка. Спанаќ, ориз, жолчка.
Ја разлистувам темава и имам впечаток дека за пилешкото месо преовладува мислењето дека мора да е домашно, а за мисиркиното месо не. Има повеќе предлози за какво мисиркино да се купи од маркетиве. Па зарем мисирките не се одгледуваат исто масовно во фарми?
Сум дала и купечко пилешко кога немав домашно. Не гледам ништо страшно во тоа. Впрочем, за што од се’ што купуваме за бебе сме сигурни 100% како е одгледано? Да, сакам да давам проверено и домашно, тоа секогаш ми е прва опција, но кога нема, давам и купечко понекогаш. Мора бебе да се учи и на тие вкусови, да проба се’.
И јас давам купечко (за големава) но ретко зашто домашно ретко наоѓам. Но искрено коса ми се дига од помислата прерано да влезе во пубертет, а се почесто има случаеви. Ми се плаче кога ќе чујам девојченце добило менструација на 7 години Затоа највеќе ме плашат напумпаниве коковчиња со хормони.
@Kitten и јас ретко давам, зошто набавуваме домашни кокошки, ама се случило, не дека не. Најчесто кога немам домашни, давам Холе пилешко од тегличка, подобра алтернатива ми е од купечкото, ама сум дала и такво. Се додека е понекогаш, мислам дека не е страшно, иако знам дека се преполни со хормони, ама ете, чисто сакам бебе да проба се’ Опасност за преран пубертет мислам постои кај оние деца што често конзумираат купечко пилешко, иако мислам и родителите се свесни какво е и не го даваат често. Барем се надевам
Мелено месо какво давате? Маж ми му купил 80 посто јунешко 20 свинско (така вика дека им рекол да смелат)
Женски од кога почнавте да давате житарки на бебињата? Ние сме 5 месеци и почнавме со јаболка 3 дена утре морковче. Збунка голема ми е шо да се даде до кога да се даде. Што се можам да и дадам на цуцата моја да пробува за почеток
Прво почнуваш со безглутенски, како палента. Она е прва. Ама почекај 6 да наполните. Мислам нема зошто да брзате. Исто и ориз. Кога ќе воведете глутен секако ќе имаш повеќе избор. Можеш да дадеш слива, тиква, батат , обичен компир
Кога ќе воведеш глутен Теди. Ги има комбинации на Хип, Хумана и Холе мислам. Немам земамо на Холе јас. Нема во наш Зегин. Повеќе жита во една каша се, ги мешам јас со овошен оброк. Можеш и самостојно да ги давам со Ад млеко, како млечен оброк. Од Хипп има и ноќна тегличка 7 житарки, мојот ја сака.
Добро мене ми е да не испуштам нешто сакам се што треба да си ручка. Сеа дадов 3 дена јаболче од утре ќе дадам 3 дена морков. Е сеа да те прашам пауза се праве или се воведува на сњкои 3 дена нов вкус