Здраво женски. Не сум пишала одамна.. Мојава балеринка за неколку дена ќе прави 6 месеци па планирам да почнам со кашички. До сега е само на цицање. Прашањето ми беше сабајле се пробуваат вкусови до кај 12?? Прво цица бебе или прво каша па на цице? Читав од нутриционист дека прво требало да цица бебе па да му се даде да проба вкус?? Извинете ама цела сум збунка.. Планирав да почнам со морков, па тиква, круша, јаболче, слива... Сакам со купечки хипп да почнам се топлат прво кашите?? Ставам во тањирче па топлам или директ ја топлам во тегличка?? И дали се чува остатокот или секок ден нова тегличка отварам? Ако прв ден се дава 2, 3 лажици , втор и трет ден колку да давам и кога почнуваат се мешаат намирници?? Однапред ви благодарам
Јас давам вкусови од сабајле за проба. Од искуство ако прво цица бебе, ќе биде најадено и нема да сака да проба каша. Затоа прво нуди каша. Овошните нема потреба да ги топлиш. Освен ако не биле во фрижидер. Ама и тогаш само ги ставам во млака вода. Некои траат 2 дена, некои траат 3 дена. Има на декларацијата. Намирници мешав од кога воведов 2 вкуса. Третиот го мешам со некој веќе воведен.
Јас не ги топлев кашичките. Ладно мислам дека убаво му доаѓа на непцата што го чешаат. Инаку, кога беше прегладнет не сакаше да пробува, па јас се одлучив да му давам околу два часа после цицањето (цица на секои три саати). Мене педијатарот ми рече да му дадам една лажица, да почекам 10-15 мин (зошто ако има бурна алергиска реакција одма ќе покаже) и ако е ОК да му дадам после колку што ќе сака да јаде (а обично не сакаат баш премногу од старт). Следниот ден исто. Во два дена да има само по една нова намирница, додека веќе пробаните можеш да почнеш да ги мешаш. Да му давам на почеток претпладне, до 12, за да не му биде тешко и со тек на време тоа да стане доручек. Инаку на тегличките пишува колку време можеш да ја чуваш отворена во фрижидер.
Да, за три дена. Отварам тегличката, ставам во тањирче колку мислам дека ќе изеде, затварам убаво, и ставам во фрижидер некаде поназад на полица. Не сум топлела каши до сега, единствено ја оставам 10-15мин во дневна на потопло за да се потстопли малку да не е така директно од фрижидер. Вкусови давав од сабајле. Ако цица, да помине пола до еден час па пробување вкус. Кога воведов доручек,нов вкус и давам на пладне, пред доење. Секогаш и давав чист вкус, сега веќе после месец и кусур, нови вкусови комбинирам со веќе воведени. Комбинации се прават после неколку пробани, ма да јас на почеток не мешав, давав чисти додека да ги научи убаво. Тек сега комбинирам по неколку вкуса. Прв ден 2-3 лажички, втор ден 5-6 па и повеќе, немораш да броиш точно, трет ден зголемуваш, колку сака бебе толку ќе јаде. Од прилика после 10-14 дена се воведува прв оброк, ќе си пратиш бебе, ако покажува интерес за храна ќе дадеш, без форсирање. Има денови кога ќе јаде повеќе, некогаш помалку, само да не буташ со сила
Од кога може да се даде салеп? Дали има некој посебен салеп за деца? Дали има некој алерген во салепот?
Не нема посебен за деца, не сум сретнала до сега. https://en.wikipedia.org/wiki/Salep Ние со сопругот најчесто зимно време го користиме и на синко сефте ноември му дадов ( 19мес имаше ). Другаркиве им давале салеп на децава и помали од синко кога биле. До сега не сум чула за алергиска реакција од салеп. Помешај и го салепот со малку топло чоколадо, ванилин шеќер малку, цимет и мелени бадеми има куклата твоја да јаде со сласт. Со пасирана банана свежа, со печена банана, со кое сакаш овошје смешај ептен е вкусно. Наздравје да ви е.
Дечки дали може да дадам вишни на 8 месеци? Имам замрзнати домашни, а заборавив кога бевме на контрола да прашам
Мора ли жолчка да се дава? Само месо да давам 4-5 пати неделно,? Му смета, намерно имам 4 саати растојание меѓу ручек и вечера за да се свари убаво ручекот и често кога има жолчка во ручекот и со првото лажиче од вечерата ќе напраи фацка на гадење и ќе поврати дел несварена каша од ручекот. Денес пак се повтори. Намерно цела не давав неколку пати 2/3 и пак истото.
Педијатарот ми рече од 9 месеци да давам жолчка ама мене некако ми е касно тоа, дека е силен алерген па да сум почекала...Јас сум на два ума.
Штом вака реагира прекини. Пробај пак за 2-3 месеци. Не ја поднесува. Стави мевце и тој ден. Јас секој ден давам месо, еднаш жолчка. Да немаше жолчка пак ќе беше месо. И секако прашај педијатар за совет.
Не знам затоа прашувам, секаде читам демек неколку пати неделно месо, неколку жолчка. Давам јас 2 пати жолчка и околу 4 месо. Гледам тешко му иде цела или скоро цела жолчка. Мене ми смета на желудник ако изедам повеќе од 2 јајца, не па на него цела жолчка, може на мене е. @mimiiiii Може порано од 9+ ако ти е касно, 8+, и онака на почеток првин 1/8 се дава, па 1/4...итн. @duffi Да или на половинка ќе се вратам или ќе прекинам/паузирам некоја недела. И педијатар ист совет ми има дадено пред 2-3 месеца ако заприметам дека му смета нешто. И со цвекло исто ми правеше ако дадев повеќе, сега некогаш едно коцкиче 10гр. знам да ставам во ручек тогаш не му смета. Нека крка мевце џивџи.
Мајки, праска и кајсија од кој месец можат да се даваат? Гледам има кашички 4+ од хип , исто и праска со круша 4+ исто од хип
6+ последни ги дадов од овошје. Првин пишав 7+ па ми текна кога ги дадов. Ознаките 4-6-8+ не е од кој месец би се давале, туку во структурата на кашите. 4+ е најмазно и најтечно 6+ мазно и погусто 8+ со парченца Не се води по тоа, читај состав! Јас дадов крај на 7ми.