Блитва на колку дена се дава како спанаќ или не? И дали месо можи неколку дена пред 7 месец или мора полн 7?
Веројатно да, јас ретко ја давам.Ја заборавам искрено. Некогаш му ставам во компир манџа,ама тоа еднаш на две недели нека е.
Палента исто така помага. Јас да ги прашам тие што имаат поголеми бебиња/дечиња какви бисквити им даваат на малите?
На почетокот давав хип. После плазма понекогаш а сега откритие ни се срцињата на бејбилове од дм. Ги лапа со сласт.
@forumce најчесто лино. Почнав хипп,ло белло најдолго време Ретко плазма,сега земав и од Веро оние Анатх што ги фалеше.
Јас дадов јаболко, круша, слива, банана, компир, морков и спанаќ. Се мислам дали сум пропуштила нешто Освен тиква и батат, што се даваше до 6 месеци за пробување. Сѐ сум заборавила
Брокула ми е страв да не ѝ направи проблем на стомачето, па ќе чекам 6+, авокадо не планирам да давам (лични причини), ама да, тиквичка може деновиве.
Мајки, втор оброк на колку месеци внесовте за тие што бебињата им се на ад? Ние на 6 м. да не прерано? Ви благодарам
Тие што почнавте со 5+ со вкусови, кога почнавте да давате ручек и како ви е распоредот? @mimiiiii @Chanell* на вас ми текна, мислам двете од 5+ почнавте со вкусови и доручек.
Јас за две недели откога почнав да давам вкусови 5+ веќе имав доручек (воведов житарка + зеленчук или житарка + овошје). Во текот на 6 месец воведов и ручек, имав еден овошен еден зеленчуков оброк, крај на шести додадов месо, па станаа еден оброк со житарка и овошје, еден со зеленчук и месо. Сега, во почеток на седми почнав да воведувам млечни производи и да воспоставувам вечера - уште не ми е докрај воспоставена.