Мислам тогаш, на 8+ сум дала, покасно не, може крај на 7ми евентуално да било. Домашни имам. Боранија видов во Рамстор пред некој ден, а грашак не знам од каде, ич не знам кога му е сезона.. Комбинации како ти јадеш така и нуди, уствари што имаш воведено комбинирај, ако ти недостигаат комбинации ѕирни на Нутри или Бебе готвач. Да, почеток на 7ми.
Кајсии, праска. Нема свежи ама можеш со Хип. Кајсијата само чиста не земај, со шеќер е. Киноа ти е безглутенска житарка, ама јас не сум дала па не знам да ти кажам нешто за неа. Од зеленчук прво блитва, а после и спанаќ крај на 6ти, почеток на 7ми. Гриз се дава со воведување на глутен. Крај на 6ти почеток на 7ми можеш да почнеш. Со овес и гриз. Нормално е за комбинациите. Толку дозволуваат намирниците, кога ќе имаш воведено повеќе , ќе имате повеќе комбинации и поширок спектар. Од полни 7 ќе можеш да почнеш и со млечни т.е кисело и јогурт. Па ќе имаш комбинации куп. Само нека ручка она. Боранија и грашак крај на 7ми дадов и јас.
Грашок во 7ми а боранија во 8 м дадов, со зеленчук морковче, компирче, пашканат и ориз за густина. Јас имам домашни замрзнати
Гриз ти е глутенски, па почекај. Можеш кајсија, праска, лукче, спанаќ, блитва, компир обичен. Можеш мешан зеленчук да даваш за ручек плус ориз за густина. И да му додаваш нова намирница по малце.
Нема штета, но губел вкус, имам читано. Препорачана температура за чување е 15 степени, да речеме во темен шпајз. Слично како обичен компир што се чува.
@TeddyGrey Јас на 6+ дадов пченка (на Хипп) и кајсија, можеш и обичен компир ( јас крајот на 5ти го дадов). Сега спанаќ,блитва и карфиол ќе воведувам деновиве, и мислам тоа е за 6. Маслиново масло можеш да ставаш во кашите ако не си почнала..
Ќе чекам уште една недела, тогаш ќе биде 6 и 3 недели веќе. За праз не знам дали сум прашала, 6 или 7+ е? Имам една на Холе дома со праз..
12+. Тежок е за стомакот. Може од кашичката нема да е така, ама дома кога правиш, подобро е подоцна. Бар јас на моиве покасно им дадов, малово немаше воопшто грчеви, ама кога јадев пита со праз додека доев имаше многу гасови и се виткаше. Затоа и после година му дадов.
Потежок е малку. Алерген генерално не е, може и порано да се даде. Ама дека јас имам мака од праз, исто и малово имаше на три месеци кога јас јадев пита со праз, му дадов после година. Може да се проба порано, ама ако има грчеви и гасови, тогаш покасно. Иначе убав е, корисен и здрав.
Јас праз воведов на 9+ сака многу праз , и пржен само така го јаде многу , и со јајца му пржам, и пита со праз јаде, немал никави проблеми ни гаосви можеби си е од дете до дете инаку сакам да прашам свеж зеленчук од кога? сакам салата со цвекло и морков свежи да му направам? годинка е смее ли веќе свеж зеленчук да давам?