Мајки од која палента давате на вашите бебиња? Или било која? И дали давате од тие фрутолино,чоколино? Ви благодарам
@Mila08 Јас од Зегин земав обична, органска е, не е посебно наменета за бебе. Не ни знам дали има за нив посебни. Праз јадам јас па немала мака до сега. Ќе пробам накај 7ми, ако и е тешко ќе го оставам за покасно. Ако е на мене, има да јаде праз со сласт и уживање Ако е на татко и, ќе бега од него ко ѓавол од крст
Јас палента од дм купувам, органска. Не сум давала фрутолино, чоколино на поклон добивме, пробав неколку пати кога беше 15 месеци, ама нејкеше. Имаш инстант житарици, со малку блендирано свежо овошје, брз и здрав оброк.
Јас боранија воведов на 7. Не му прави проблеми со гасови никакви. Му ја готвам со компир, морков и малку пашканат и целер.
По грешка купив овошно пире на холе, мислев дека е сокче зошто со капаче е. Дали претставува слично ко кашичка дали би го држело?
Јас почнав со 1/4 минатата недела, сеа оваа по половина давам 3 дена во неделата. Така ми кажа педијатарот
Мамички едно прашање.. имам дома од тие кутиите со мешавина од житарици што се и од хип и од хумана па прашањето ми е дали секоја од тие житарици треба прво посебно да ми е воведена или да дадам од мешавинава наеднаш?? Денес за првпат дадов глутен а деновиве се спремам и со вечера да почнеме или пак да не брзам со мешавинава??
Денес првпат ќе дадам јунешко парче извадив колку лажич за кафе немам како да измерам колку тежи. И мевце да дадам или водата прво? Со морков и кромид. Неколку пати како давам компир и секогаш после тоа има многу гасови. Од другиве работи нема реакција никаква.. Цвекло, боранија, леќа може ли? Што друго на 8+? Убав ден
Јас одма месо почнав да давам. Стави ориз место компир. Цвекло, боранија, проќел можеш на 8+ исто млечни производи ако немаш дадено. Леќа, грав, зелка ми кажа педијатарот од 10+
И јас дадов мевце директ. Една лажичка е малку, отприлика 30-50 грама е совршено. Јас правам вака, купувам да речеме месо 400г и го делам на 8 отприлика еднакви парчиња.
Мамички ние сме 5+ досега имам дадено на бебушката јаболко, слива, круша, морков, тиквица и тиква. Што можам уште да дадам и како ги мешате едни со други.