Просото не е по потекло наше ама се одгледува и кај нас. Сакам исто да се надоврзам на Емка за житариците... Киноата е добар извор на протеини, а амарантот на железо. Сум ги користела но сега за сега со бебево се држам на "домашните". За првото бебе исто така не користев. Овесот пак, по природа е безглутенски но содржи протеин сличен на глутенот-авенин. На тие што има назнака дека имаат глутен е поради тоа што се посејувани, а со тоа и процесирани, заедно со други жита како пченицата која има глутен.
Имало просо кај нас отсекогаш, само не се рачунало како храна за луѓето, туку за птиците, ама си правеле и за себе, така ми имаат кажувано постари. Сега е пак актуелно, оти е навистина корисно и богато со железо. А киноа и амарант се јужноамерички житарки. Јас на првото му давав, киноата повеќе ја сакаше, а малово не сака такви работи воопшто.
Мене на почеток ми успеваше само со игра. Ќе земев во едната рака цуцла лажливка,во другата лажичка и игравме “авионче”. Ќе ја одалечев цуцлата да ја гледа од високо и како ја доближував до нејзината уста така правев чудни звуци и гримаси. Кога сосема ќе ја доближев лажливката таа си ја отвараше устата да ја лапне и во тој момент кога и е отворено устето наместо цуцла добиваше полна лажичка пробај така можеби ќе ти успее.
Киноа давав, ама одамна не сум дала. Поспецифичен вкус има и потешка ми е за комбинирање. Мојава најмногу ја сакаше со батат и морков. Вие што давате киноа со што ја комбинирате? Амарант не сум дала, а просо давам редовно.
Сега да прашам за тестенини без јајце, од кога се ? И со шо на пр. макарони сварени ето малце путер и друго шо?
Мамички ориз сакам да и дадам на наката прво од органски преработен на Холе. Е сеа прашањето ми е дали треба да се воведе или дирекно правам кашичка и си ручка и за почеток колку да давам. Идто сакам да и дадам и амарант е сеа пошто не сум го користела кај можам да го најдам и дали го има посебно за бебиња. И дали треба и он да се воведе и по колку и колку често може да давам. Милион прашања имам во главата
Откако ќе воведеш глутен. Јас макарони уште не давам, само фиде бидејќи бебе уште јаде мазно блендано, па не гледам сврха да правам макарони. Со болоњезе сос (мевце, домат, кромид, лук, магданос, босилек, маслиново). Со сирење/урда, кисело, жолчка. Со зеленчук како супа. Ориз само се дава, сама процени колку. Оризот, некој зеленчук/овошје и нуди кашичката. Исто и ако даваш АД со млекце ќе е убаво. Амарант од ДМ имам, а може и на Имуно беше не знам, фрлена ми е ќесата, нема посебен за бебе, се спрема како и просо. Не го воведов, само го дадов и него.
А чисто да пробам само ориз да и дадам од холе без зеленчук може нели. Да видам дали ќе го јаде. А може ли до мое млеко да го направам или со ад само може да се прават
Можеш и со мајчино, стави го од кога ќе е готов. Само ориз ќе има вкус на ништо и ќе се слепува, барем со млеко нуди го.
Емка а да те прашам просо дали можам да и дадам за 2 недели 6 месеци полни а читам дека било мн здраво и полно со железо. Те прашувам лично тебе оти гледам дека мн убави совети даваш
На 10м. Или нешто пред 10. Ама не е воодушевен па не форсирам. Иначе пастрмка свежа каква земам и за нас. Розева или бела. И мм не е љубител баш. Па искрено ја заборавам.
Почеток на 10ти. Почнав со црвена пастрмка, па бела, па ципура, лаврак, ослич, лосос. До 12м сите овие ги дадов.
некаде од 15+ може , ама не се препорачува мн ,тешко е и мрсно , лично јас сум и дала и свинско (домашно сигурно ) и диво свинско ама во мали количини , а од сосот и макнувам скоро секогаш кога готвам за нас .
Моето е 12+ сум дала 2-3 пати од чисто кртина.Без лој нормално. Немало ништо Планирам 1 месечно да давам
Мајки ај две во едно да ве прашам Дуња и цвекло може од 8 и пол, скоро 9 месеци да давам? Цвеклото сварено, а дуњата да ја варам како и другите овошја? Уште не сум дала свежо овошје